тоа е зошто се информирате и земате примери за апсолутна вистина од поинакви извори...а тие извори не се меродавни за да ве насочат на вистинскиот пат
Сингл си, инаку немаше да те здоболи толку тоа што го пишав. Оти на крај на ден, знаеш дека е вистина. Порадо би биле сингл, отколку да снижуваат критериуми и да си чукаат глава после. И порано имаше еден куп токсични врски и партнери црно и бело. Ама табу тема беше жена да кажува дека нешто не и чини (јавно). Сега кажуваат се отворено, а вие не сте се поместиле од мртва точка. Ај тоа, па нема шанси да прочитам овде некој да пиши, абе знаеш можда грешиме. Туку секогаш тргнувате во напад, а тоа кажува се.
Додека критериумот е сведен на тоа како некој изгледа, како е облечен, колку материјално се остварил и слично не може да зборуваме за љубов. Немој да сфатиш погрешно, не го оправдувам неговото навредување, но, не го оправдувам ниту твојот став врз основа на едно лошо искуство дека сиромавите момци се отпад, па ради лични комплекси скоцканите девојки ги навредуваат бидејќи им се недостижни. Ете, тој бил таков, но, друг ќе биде културен, со манири, но, просечна плата. Него би го зела во обзир за сериозна врска? Искрено! Поентата е дека работите не се црно - бели, туку спектрум. За крај пред да се одјавам од темава (не за тебе него општо), ќе напишам нешто што може ќе доболи, ама... Не постојат пари на светот што може да купат топла прегратка дури и на минус три и чувство на сигурност во истата со безусловен компромис кои може планина да срушат. Тоа со некого или го имаш или го немаш и точка. Џаба билионер со резервиран одмор на Бахами, ако нема емпатија, а ти поред него немаш осеќај на пеперутен полет, слобода, и влажност до бесвест. Тука веќе не се бара партнер туку банкомат. Значи за љубов да осетиш како основен стандард пред све треба да имаш срце. Се друго паѓа во вода... Убава вечер.
Јас не спомнав пари во ниеден дел (со причина!!!). Спомнав критериуми за однесување и манири. Бидејќи врската се базира на почит.
Лични стандарди... Да има добра душа, да сака мачки (инаку нема да го сметам за човек), да е повисок од мене и да е добро едуциран.
Членката никаде не спомна дека сака богат партнер, само спомна дека не сака со минималец и јас тука не гледам ништо спорно и невозможно
На нив им е невозможно пошо така си дозволуваат. Од задоволна жена што има стабилен партнер во сите сфери вакви коментари спрема мене не сум добила.
Мене ми е несфатливо како се заљубувате во физикус и поставен стандард а не во душа Срце не бира дали ќе е плав, висок, смеѓ, црн, со минималец, милиони. Нели тоа разум наложува, додека срце е како се осеќате во нечија близина и колку се труди за ваша емоционална добробит? Изгледа само мене нешто ми фали
Ако физички не ме привлече, што ќе барам понатаму со него. Никој не бара милиони. Ама никој не сака ни некој утепан. Колку сака нека звучи грубо.
Јас не познавам маж од моја околина да не се преценил себе си и да не бара лепотица. Всушност, дел од нив и кога си ги приберат стандардите пак мечтаат, а многу од нив и се пуштаат на убави, слободни девојки. И потоа истите велат, заљубувајте се во душа. Practice what you preach, baby.
Не е грубо. Ова се pick me муабети. Ајде реално, која би се заљубила во некој што нема заби, што е штрбав, на пример?
Прво се огледуваш на физичкиот изглед, па после следува останатото. Секоја девојка си има различни критериуми. Јас не сакам екстремно слаби мажи и во такви не се загледувам.
Exactly, јас на пример не сакам пониски од мене. Ама и не сакам луѓе на 29-30 години кои се откажале од сопствен изглед. Најчесто зголемена телесна тежина и пивски стомак, начин на облекување како од времето на татко ми. Ако јас се одржувам, сакам и партнерот да биди таков. На крајот од денот, секој треба да си бира според себе и тука нема лутење.
Знаеш што ми е најинтересно? Кога слушам критики од мажи, а истите тие си имаат критериуми. Убаво оформено тело, надарени облини... Тоа може за нив... А ние жените ако бараме по мерка, не чиниме. Не сакам мажи со тетоважи, со обетки, неуредни мажи, такви кои мирисаат на алкохол...
Кога сме на темава. Не барам многу искрено, ама и тоа што си го барав си го најдов. Да е доста повисок од мене ми е главниот критериум кога станува збор за физички изглед, исто така пресудно ми е многу каква му е насмевката, може звучи апсурдно ама ептен ми се свиѓаат луѓе што имаат убава насмевка, не мора да се забите перфектни насмевката ми е само. Исто така не сакам да е претерано набилдан или згоден ама сакам да е мускулест (таков и си најдов). И да се надоврзам за големината, битна е и тоа многу така што и тоа може да биде пресудно Исто така не ме распнувајте ама убава и чиста патика на нога какошто и сечени нокти се за мене go to, ако видам такво нешто дека не е средено, big red flag. Исто и да мириса убаво, ако не мириса убаво, толку е хахахах. Во однос на карактер, важно ми е да е културен, учтив, да има убави манири, не мора да има завршено факултет но битно ми е да има афинитети кон нешто повеќе и секако амбиција да работи. Да се грижи за мене. И како едно големо плусче ќе додадам дека дечко ми прекрасно готви. Мислам дека сумирав се најбитно
Ако така тогаш фатете се и со некој бездомник од улица затоа што не е битен физичкиот изглед и/или финансиската состојба. И не само тоа, муабетот испаѓа дека ако жена има било каков критериум е проблем. Pick me, choose me муабети.