Добро, на форумов е така, ама во реалноста уште не сум видела вакво нешто и не верувам дека ќе видам.
Океј, ти би се заљубила во некој штрбав, јас не би, ама тоа не значи дека јас сум површна и дека гледам само од физички и финансиски аспект. Мене физички не ме привлекуваат дебели мажи зошто јас сум слаба. Покрај некој таков ќе се чувствувам како ембрион. Крупен да, дебел не. Ама ако имам партнер или ако имам развиено чувства спрема некого и се здебели во текот на врската, не значи дека ќе му раскинам затоа што се здебелил.
Абе кој ќе каже дека не му е битен физички изглед или пробува сам себе да се излаже или другите, што апсолутно нема смисла. Исто и финансиска состојба, тие се тесно поврзани. И не се работи тука да е најбогат на светот, туку да има свои пари и амбиција да направи повеќе секогаш.
Подобро човек да има стандарди отколу да нема. Пошто имаш насока каде да се движиш и не даваш шанса на се и сешто. А, оние муабети „доволно ми е да има добра душа и чисто срце“ ми се излишени. Ми треба некој начитан, одлучен, а не секој збор да му е сеедно/како сакаш. Некој што ќе се бори за мене и нашата иднина, стабилен со работа, амбиција во животот. Физички не ми е битно боја на коса, очи, но едноставно не можам да се замислам со многу дебел лик или понизок од мене. Едноставно не ме привлекуваат.
Ехе секое машко што сум го познавала во животов, а бил никаков, дебел, карактер 0, сексист, сиромав, нестабилен и неизбањат се преценувал себеси. Сакаат Викторија Сикрет ангел до себе, да е перфектна сопруга, чисти, мете, ама 0 вишок килограми, едно влакно на нога да има - гадна била. А ние женските, тупи си го мозокот да не изгледаш како голд дигер ако по случајност дечко ти е богат.
Јас се запознав со еден дечко кој ми зборуваше само за фудбал на првиот состанок. Едвај чекав да си отидам. После тоа се видовме уште еднаш (не знам кој ѓавол ме натера) и толку беше со него. Џабе му беше таа убавина. По физичкиот изглед баш мој тип, ама си беше простичок.
Јас па имам спротивно искуство, пополните секогаш екстра повеќе се труделе, внимание нуделе итн. Но, едноставно не можам. Баш... А, и денес се е такво, затоа ни преубав ни прегрд, некоја средина. Малку јас да сум поубава и попаметна од него, секако.
Јас забележав дека они што најмалку го искусиле присуството на женско до нив, на почеток се трудат ама тоа брзо ќе престане поради фактот дека егото им расне, ја имаат зацапано таа помисла на “еј па штом ваква сум фатил сигурно можам и подобро брат“, па со тек на време полошо ја третираат. Ова ми е само обзервација не мора да значи дека е кај секој вака ама тоа сум видела.
Колку и да ми се допаѓа физички, треба и муабетот да ни оди од прва. Ако не бива, чао пријатно. Запознав и еден кој физички не ми се допаѓаше. И плус тоа, беше фалбаџија. Леле... Едвај го истрпев. Цело време се пикаше до мене. Па кога ми го пикна јазикот во уста, мислиш центрифуга уклучил.
G R O S S Јас искочив со еден што наводно фешнот му бил кошули и фармерки, али кога го видов ми се стемни. Кошула прозирна бела, неиспеглана од времето на гоце делчев, па пикна бомбона у устата и ја џмакаше толку силно очиве ми паднаа во стомак. И како чери на шит санде, ми збореше како заработил 60 илјади евра на коцка па си купил стан. Фала баци ама...гуднајт.
Ова и јас го имам видено, мислам дека е незрелост можда. Не знам, нешто се дешава со денешниве машки или па јас имам таква среќа во последно време, ти приоѓа некој под-просечен и се прави нешто кој знае што, па го нема со денови и така. Ете ако има некој слично искуство или пак уште подобро-причината нека каже. Денеска нема романтика, да се труди, да те придобие. Се е набрзинка или пак на почеток се трудат потоа ги нема. Апсолутно треба да има муабет, а не само да ќутиме или пак тој да ми е сељо мен во понашање. Убав изглед+ немање памет е не, ама џабе ми е и да ни оди нај нај муабетот кога физички не ме привлекува...
на погрешно место ја вклучил центрифугата...торнадо методот подобро е под абдоменот да се примени и проструи
Овој мојот се фалеше дека имал многу пари. Студирал на приватен факултет, одел на ексклузивни места... Да не набројувам. Буквално... Ми триеше под нос дека е богат. Беше излезен со мотор и нормално, следуваше фалење. Како он имал пари да го купи, па од кај го купил, па ќе ме повозел на моторот.. Аха, важи. Не се ни качив.
те молам немој повеќе да ми пишуваш...не можам да ти ја поднесувам негативната енергија..ме труеш...како јас што те игнорирам и ти направи го тоа...не се замарај со мене
Многу се преценуваат, ама стварно многу, и одсекогаш било така. На дејтинг ап човек има ставено слика, плав со плави очи, мускулест, рај. Ми дава инста и ми праќа моментална слика...ми се вади со тоа „не ми замерувај малце кг дигнав и косата ја пуштив хаха“, што не би било проблем ако тоа изгледаше убаво и скоцкано... а он се згоил, косата ко бурек и згора на тоа досаден. Ми вика зарем не сакаш да го видиш ова во живо? Му реплицирав со....има нешто за гледање?..