Па сексизмот бе Тане. Не знаеш да читаш? Сексизмот, токсичната машкост и патријахалното воспитување. Мислам дека милион пати спомнав. Ако сакаш во следен пост да ти напишам пак, слободно кажи, не е проблем. Господ да чува...
И за жените е патријахалното воспитување криво, не само за мажите. Стереотипите и за двата пола се на исти начин градени, нема некоја разлика. Само што мажите се агресори дека нели "мажествени", а кај жените на сосема друг начин се одразува.
Во насловот не гледам дека така пишува, а и на почетокот се пишуваа епитети како мрзливи, некоминикативни, не воделе хигиена итн. И зошто денешните? Порано било сѐ супер?
Нити сум напишала таков коментар, ни "ми се доапаѓа" на таков коментар не сум ставила, ниту пак сум цитирала таков коментар, сѐ со цел да не почнувам површни дискусии. Види со друг за тоа, не ми препишувај работи кои не сум ги рекла заради некои си твои лични чувства.
Бев психички малтретирана во основно и средно. Во средно бев навредувана и од соученички и од соученици.И ранецот ми го земаа и фрлаа,и прибор ми земаа.Ми се потсмеваа,ми претеа.Во тие тешки моменти,еден од машките ми помагаше,ме бранеше.Се сврте и против неговите другари за да ме заштити. Тогаш сфатив дека она „сите мажи се исти“ не важи,дека и меѓу мажите има грижливи личности. Не треба да се суди на полова основа исто како што не треба ни по физичкиот изглед.
Има(ше) една златна тема, сега од Бога заборавена оти сме соушл џастис вориорс, ама на времето беше одлична да се насмееме и никој не беше навреден од неа - Симптоми of being а сељак. Мање-више, таму опфатени беа маните што го прават човечкото суштество со пенивче смешничко, глупичко, неприфатливо, итн. за женското око и ум. А, не беа поштедени ни женските претставнички на оваа група. У помала рака, ама сепак... Пред 6-7 години беше поедноставно, сега каша-попара со малиот/та Тико сам/а ќе се изјасни што пол е кога ќе порасне, ммр = аутизам, морбидната дебелина е храбра особина за поздравување, а Тамблр воена платформа. СДК слободоумие не е за секого, оти „машкото треба да може слободно да носи црвени ноктиња“ и „де дефинирај кога жената е курва“, се тотален промашај од аргументи за полова еднаквост. Р.Ѕ. Шубо и јас на 20 мислев дека ги имам хакнато и ги разбирам мажите, дека вториот дечко е тој и нема посовршен да најдам. Испадна социопат и патолошки лажго. Нејсе, сега знам дека никого не разбирам. Некогаш ни себе. Во глобала, не ги сакам темите на бабе оти секогаш имаат намера да подбуцнат и да се створи сеир кајшто нема потреба за тоа. Ама па „Сите имаме мани“ и „Не генерализирајте“ е третоодделенски одговор. „А, жените да не с(м)е подобри?“, не е контра-аргумент. Отворете, ако нема тема за жени, па таму ќе ги пишуваме и нашите фалинки, не на 10, на 1010 страни. Му ги средувам на дечко ми веѓите дури ги пуштам моите ко црна чума, го шминкам по дома, за приватна колекција другарот-хомосексуалец, чисто за да се насмееме, дечко ми има долга коса, а јас носам машки патики. Дали сум идеална за соушл џастис друштвото? Ваљда да. Дали паѓам од смеа што на другарка типот има 30 и се ложи на инспиративни цитати од типот „Неќам да бидам виден, сакам да бидам осетен“ и си го сликал голиот бицепс и цицепс во ретровизор? Апсолутно. Но, на неа ѝ е супер и тоа е најбитно. Моето (не)воспитување, (не)култура, (не)изградени ставови и (не)искуства ме направиле некои карактеристики да ги гледам ко мани и апсолутно no-no кај машко за долги стази. И за крај, што би рекол еден другар: Маж ли е, ако не загинал трипати во војна?
Ебала ве војска! Па погледнете си ги дедовците, татковците и чичковците кои паразити се па после зборете за војска. И што ако се депилирам? Не сум маШ? И на што ви личи тоа "педер"? Двапати го среќавам зборот во мкд фаци, прво за Владо Јаневски и за некој спортист. Личеле на педери. Како тоа личат на педер? Што треба да има за да личиш на педер? Сериозно размислувам да отворам една тема во скриено "Вашите мажи преку слики" па да видиме какви се вашите. Сигурно се алфa мажјаци.
Може за твоите да кажеш, не за сите. Татко ми мене лично ми е репер. А бил 12 месеци во војска. Дисциплиниран е скроз во животот. Но тоа е карактерно таков. Депилирај си се раат, ама не вреѓај. И ај еднаш да се изјаснам за машки односно мажи. Имам приметено во моја 'кариера' со дечковци дека малце се турни ме да кинисам. 6 месеци ќе чека нешто иако 100 пати си рекол да го стори. Јас па тоа го Неќам. Добро знаеме дека женските секогаш уште од деца се понапредни и тоа е во ген врежано, не го измислив јас, има студии и докази еден куп. Тоа не ги прави мажите поглупи, туку само поспори за одредени работи. Знаејќи го тој факт ги прифатив како такви. Не можам да речам дека се вакви или онакви и тоа ми пречи. Може малку оф топик ќе биде но поентата е иста. Ние луѓето станавме нетрпеливи и некако ко да немаме желба туѓите ставови, доблести и маани да ги прифАтиме. Ни стана секоја мана причина за развод. Секоја караница причина овој викенд да не си ги види децата мајката/таткото. Се дур не се прифатат туѓите мани нема да ни успее ниту врска ниту брак. И упорно, од шупливо во празно, ќе бараме црна мачка у темна соба каде што не ни влегла. Зошто? Зошто полесно ни еда се надеваме неголи да се сосредоточиме со тоа што го имаме во моментот. Секако, не зборам за маани како насилство, пијанство, коцка или дрога. Тоа веќе е патологија. Зборам за ете, маж и на лево му стоел.. И на неа тоа и смета. Банално и сосема непотребно. За вкус не дискутирам. Ни јас не сакам депилирани нозе кај маж ниту кремче на глава и веѓи ко на бијонсе. Но тоа е вкус. Не е маана.
Ама вие сте тие што вреѓате. Секој втор збор ви е тоа "педер", затоа реков дајте вашите мажи да ги видиме па може ќе станам и јас маШ.
Јас не реков а се најдов навредена од тебе. Следен пат насочи. Не вака за сите едно те исто. Јас не мислам дека си педер.
Се мислев дали темава заслужува воопшто да се напише мислење, но еве нека стои ова. Прво ќе кажам дека навистина е премногу површна и бесцелна, па макар поради ваквото мое размислување да ви изгледа како да не знам да проценам што е квалитетна тема. Нека. Зошто површна?! Затоа што има доста коментари за физички изглед односно преференци на одредени членки во однос на машкиот пол, а останатите коментари кои се однесуваат на карактерни особини водат до заклучокот дека сите негативни карактерни црти произлегуваат од средината во која ние живееме што е точно, но сепак води кон занемарување на подлабоката анализа на поединецот затоа што немаме тука конкретна индивидуа која се анализира, туку сѐ се сведува на мажите општо. Зошто бесцелна?! Затоа што како што видовте во дискусијата се вклучија само два-три машки членови, а верувам дека и тие што би седнале на Феминава да читаат критики за сопствениот пол се премалку. Значи ние може да си дробиме и понатака, ама тие што треба да прочитаат и на кои се однесува ова не ги боли уво за дискусијава. Единствено една цел е постигната, а тоа е бабата да си направи забава за неа со тоа што чекаше да се почне со остро коментирање и се повлече. Ја гледате некаде да пише пак? Не. Ја снема после првите две-три странички, а нели таа беше најзасегната затоа што утре ќе ја мажиме. Слободно бабо, сега реплицирај ми на ова ама немам намера да ти одговорам. И исто така многу извртувате зборови. Танче никаде не рече дека таа го има најдобриот дечко, туку рече дека поради машките кои имаат квалитети не треба да се прават генерализации. Рече дека таа познава такви, но никаде не го спомена дечко ѝ ама вие тоа го свртевте против нејзе. И не, воопшто не е во ред да се анализира проблемот на нејзината самодоверба во било која тема ако таа не го побарала тоа, а јас искрено никаде не видов дека таа го побара тоа. И за крај ве молам читајте и размислете пред да идете со контра аргументи, затоа што со тоа на некој му ја остварувате замислата поради која е отворена темава.
Морам да ти посочам дека сакајќи да одбраниш, даде баш типичен пример за машка мана (и општо, ама нели, темава е конкретно за мажи сега), т.е. „како тоа некој се осмелува да не му се допаѓа јас што правам?“ Исто сте манџии и за прашување за насоки или како да се направи/поправи нешто. Што ако се депилираш? Ама баш ништо. Но тоа што креваш фама колку тоа не е ништо, не те прави ништо поразличен од токсичниот алфа-бета-вуна мажјак што коментира дека он е толку маж, што дома мебелот го шмирглал со грбните влакна, а во кревет истовремено носи четири пи*ки од едно излагање - по една на рака, една на таквото и четвртата в уста, закачена на лажичето од сабајлешното еКспресо. Live and let live.
@Purplelilac ќе си земам сепак за право да ти одговорам. Ако ова не е "вие не познавате ни едно саглам машко", тогаш не знам што е? Значи мојата 3 годишна врска се базира на тоа што дечко ми е објектифицира и ме гледа само за секс? И тоа е генерализирање, јбг. Форум е, секој ќе си ги сноси последиците за своите мислења. Да напишам "вас сите машки ве гледаат само за секс, ама еве јас сум нашла некој што не ме гледа" е иста дискусија како онаа дека сите што имале секс со повеќе од еден се курви, оти мене ми се погодило само еден да имам па еве, поштена сум.
Нејзиниот заклучок дека вие не познавате такви машки произлезе од тоа што веднаш почнавте да ги набројувате маните. Да, малку преостро звучи вака кажано од нејзина страна ама сепак не мислам дека соодветен одговор на истото би биле анализи за дечко ѝ, нејзината самодоверба и начинот на кој е растена од семејството. Дали нејзиниот коментар треба да биде навредлив за твојата врска? Па не мислам дека треба, особено затоа што на почетокот се нагласи дека тука се дискутира за машкиот пол во земјава, а ти напомена дека дечко ти не е македонец.
Тоа важи за сите жени. Сите во Македонија сме исто растени... добро.. слично. Патријархална земја сме, во која жената треба 'да се чува', мажот да 'цепи дрва'... Од ко ќе пркниш, дури не цркниш, на секаде околу тебе има примери, за тоа како треба да се однесува и изгледа маж, а како жена. И нормално, дека ќе имаш исфрустрирани жени и исфрустрирани мажи, оти природно, не сме толку ригидно поделени по пол... Потребите, желбите, интересите, вкусовите, не зависат од полот.. а нас не учат дека зависат.
Нема што да барате мани кај мажите кога мажи нема или се мн ретки во денешно време, жените се поголеми мажи од тие кај кои барате мани