Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои се најголемите мани на денешните мажи?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baba Rada, 24 март 2019.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Океј, ќе се поправам.
    Сите мажи се сексисти, искористувачи, лажговци, дури и мојот ама го трпам од љубов.
    Ако ова сакавте да го прочитате
    Некој мрази мажи, некој мажи сексисти. Е толку е просто.
     
    Последна измена: 27 март 2019
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не сум очекувала од тебе дека си спремна до толку да извртиш нечии зборови.
    Мислам дека нема поента да ти објаснувам дека ова никој не го побара од тебе затоа што ниту реков дека сите мажи се сексисти, ниту дека твојот е. Единствено реков дека со гледање само на мажите околу нас и ќутење затоа што тие се супер никогаш нема да се елиминира проблемот. Ти избра да изигнорираш колку сексизам и токсична машкост покажа скоро секое машко што дојде на темата. Ти бираш да игнорираш колку сексизам и токсична машкост постои и во светот.
    Крајно егоистични е да си гледаш само за себе, ама јбг, некој мора и само за својот маж да гледа.
     
    На gjoker4e, Harper, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Женски, може да ви се придружам во разговорот?

    @Tan4ence, дечко ти ете навистина нека е златен, на @DAngel момакот исто. Ама знаете дека сте малцинство, така? Многу од мажите не се океј. Не зборувам за силувачи, насилници, свиркачи, иако и тие се меѓу нас. Сексизам, шовинизам, сеедно, не се состои само од тие поекстремни примери, туку е насекаде околу нас, само што толку сме навикнати што не го ни регистираме. Порано мои другарки се жалеа како татковците им лежат додека мајките им работат по дома. Се нервираа што мајките им се преморуваа а татковците си кулираат на кауч со далечинско по дома. Денеска, нивните мажите им лежат додека они `рмбаат по дома, а и двајцата одат на работа. Он е уморен, а она? Е она може и да усисува, и ручек да прави, и веш да пружа, и дете да шета. Да, јасно ми е дека на форумов сите имаат супер партнери, и дека дома поделбата на обврските им е 50:50, и дека татковците паралелно со мајките се занимаваат со децата. Вон форумов? Знам татко што не си го има фатено детето зошто е уморен од работа и мора да одмара. Работи државна администрација, инаку.

    Не ми се допаѓа ова што го гледам околу а повеќето парови се такви, со останата динамика од турско. Некаде убаво пишуваше- кога си навикнат на привилегија, еднаквоста делува како опресија. Дедо му лежел, татко му лежел, он сега треба да стане и да усисува. И нормално после ќе вришти, ќе прави испади, драма и жената ќе си се помири и ќе ја фати крпата за прашина. Зошто теле се учи, не вол, и тешко дека ќе превоспиташ некој кој цел живот бил дворен од мајка му. Еве, ќе речеме тогашните генерации не знаеле подобро, ама дали сега ние знаеме?
     
    На Miss666, Bender Rodriguez, ivi1987 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.400
    Пол:
    Женски
    Вон форумот, маж ми утрово прошета куче, помина со правосмукалка, и зема да ја полни машината за садови. За тоа време јас си играв со малиот и потоа се спремав за на работа додека детето беше уз мене.
    Кога и маж ми работеше повеќето обврски јас ги извршував не зошто е легач, туку зошто тој работеше по 12 часа и гледав да има време детето да си го види.
    Се е ствар на договор ако се има со кој да се договориш.
    Сексизмот порано ми беше на игнор, а сега ми пречи. Не се осеќам лагодно од погледи кои не се во очи. Но факт е дека не може да се промени тоа. Барем не во скоро и не лесно.
    Може само ние ако сме свесни, да ги учиме нашите синови да не се такви. Е тогаш, можеби, ќе стигнеме до некое повисоко ниво на свесност дека жената не е ниту за сексуализирање ниту роб на домот.
     
    На gjoker4e, candy.cane, AnnabelLee и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @LiliBoz, скептик сум дека нешто ќе се смени. Сведок сум како историјата се повторува и како мојата генерација станува одраз во огледало на генерацијата на нашите родители а не е дека не бевме свесни дека така не треба. Кога бевме тинејџерски коментиравме дека не смее жената да биде измеќарка во сопствениот дом. Се чудевме како некои на свекрвата и се обраќаат со „мамо“. Денес имам другарка која така ја вика свекрвата. Оние мајки кои се жалеа колку биле измачувани како тазе невести, денес се свекрви од пеколот. Ништо не се менува на подобро кај нас.

    Не знам што да кажам. Биди ти еманципиран, и свесен, и паметен ама џабе ти е се кога општеството ни е такво какво што е. Со глава низ ѕид не се оди. Да се разбереме, јас не ги осудувам тие жени кои остануваат во таков брак. Утре може и мојот брак таков ќе биде. Ако можат да издржат, нека тераат. Ама не треба така да биде.
     
    На ane.bella, Oxymoron, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Во глобала да, точно е дека сите го имаме сретнато моделот каде мажот сѐ уште ја има главната улога и последниот збор во домот. Работата се дели на машка и женска, што повторно не е во ред. Се согласувам дека во повеќето случаеви е токму така. Патријархалното воспитување ни е “подарок” од минатото. Но, еве ќе кажам дека познавам примери меѓу кои и моето семејство каде луѓето се свесни дека ваквата поделба не треба да постои па на тој начин и си ги воспитуваат децата. Јас сум така воспитана.

    И за ова се согласувам. Ама проблемот на самодовербата не мора да значи дека секогаш произлегува од воспитувањето во семејството во однос на тоа како е очекувано да се однесуваат машки а како женски. Првин затоа што како што кажав погоре има и исклучоци од таквата шема на воспитување, а потоа затоа што има и многу други фактори кои влијаат на самодовербата кај личноста а не потекнуваат од родителските замисли за истата. Тука секако главно мислам на коментари што личноста ги добива од опкружувањето често поради изглед. Е сега бидејќи тие што коментираат на тој начин се повторно воспитувани како што ти имаш кажано погоре тука иде до тој магичен круг каде сепак на крај тие замисли кои ги наметнува патријархалното општество стигнуваат до секој од нас.

    Бидејќи веќе сме малку офтопик а и кажав дури и премногу за една ваква тема, јас тука ќе завршам со коментирање.
     
    На Amellie13, WildMk, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.500
    Би требало да знаеме подобро. Знаат ли твоите другарки за подобро? Или и нив им одговара статус кво? Јасно ми е дека дома немале пример, и дека мислат дека тие знаат подобро да исчистат и суредат од мажот, ама свесни се дека големите победи во иднина за нивните ќерки доаѓаат од тие микро победи во нивниот дом денес?
    Ако мажот не најде зготвено испрано и испеглано, ќе престане да ги сака? Ќе се разведе? Или можда ќе научи да си испегла. Барем во домот, самите ги правиме правилата. Немаме шеф, директор или инспектор. На некои жени им е полесно да изиграваат поголеми жртви отколку што навистина се. И тие самите се делче од проблемот. Ако не го трасираат патот за себе и своите деца, секоја куќњава е само шум.
    Јас па од некои такви познанички слушам- блазеси ти, блазеси ти, блазеси ти. Као да е моја заслуга што маж ми е фер. Не е . Ама ако не беше фер, ќе побарав да биде. Исто како што и тој ќе го стори тоа, се надевам, иако е фино ако се некој друг прави од досадните работи.
    Растев во семејство каде мајка ми беше СВОЕВОЛЕН роб на куќата. Од усисавање во 7 во недела, до бесомучно прашина бришење место нешто со децата да се прави надвор пд домот. Ако направиш нешто, не чини, таа знае подобро. Јас имам аверзија кон домакинлук од тоа. Ми се гади од тоа да сум служавка и да кукам. И затоа пробувам поинаку да се организирам. Ни маж ни јас да не вриеме, а сепак домот да е функционален. Совршен не мора ама ич, само пријатен и удобен.
    Значи, мк не е Саудиска Арабија за жените глава да не можат да кренат . Има простор за промени.
     
    На Miss666, Purplelilac, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.400
    Пол:
    Женски
    Баш како што рече, децата с е огледало на родителите. Џабе ако е свесно од другари а од родители не е. Јас би сакала син ми да не е таков, ама други родители ко не се како мене џабе е едно такво меѓу рој сексисти...
    За мамо на свекрва воопшто не ни дискутирам. Мене ми е неприфатливо. Ако на некој му е ок нека тера така..
     
    На candy.cane, Nausicaa и DAngel им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Nausicaa јас сум свесна дека за нашата генерација ништо нема да се промени, сѐ посигурна сум дека ништо нема да се промени ни за генерацијата на нашите деца, затоа што се потребни освестени родители (и тоа и двата) за да израснат освестено дете.
    Џабе ќе зборуваат дека жената не треба сѐ да работи по дома, ако тоа не го демонстрираат пред детето. Мене ми се случило да спомнам дома дека "еве дм пружа веш" и мајка ми да искоментира со "не ти е срам тој, а не ти?", што реално ми е смешно со оглед на тоа што татко ми работеше сѐ ама баш сѐ кога бевме мали, а од друга страна е трагично што некој навистина не би зел да го пружи тој веш и ако треба би го оставил во машина за да ја чека цел ден жената да се врати од работа.
    Најголем проблем е што таквите заедници се гледаат како изолиран проблем, па за тоа што мажот ништо не работи по дома коментар е "не си си нашла подобар" и за секој реален проблем со машката популација коментар е "ама не сите мажи". Да, знаеме дека не се сите, ама јас не гледам зошто некое машко кое не е сексист би било навредено ако кажеш дека "сексизмот е голем проблем помеѓу машката популација", или ако речеш "денешните мажи сѐ уште не работат по дома". Ако е тој толку освестен, би прифатил и самиот дека тоа уште стои како проблем, би признал дека е така, наместо да каже "ама не се сите мажи такви". Многу кревка е таа нивна машкост ако тоа ја повредува... :?:
     
    На WildMk, Harper, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Dentina, секако дека знаат подобро ама што ако. Ќе разговараш, ќе објаснуваш, па и ќе се караш и викаш ама тој одбива да си стане од газот и да помогне. И на крај си оставен пред раскрсница- или ќе пресечеш и ќе се разведеш или ќе се помириш и ќе си легнеш на брашното. Не е дека не се свесни дека не треба да биде така, ама освен развод, друго решение нема. Колку сакаш буни се, протестирај, едуцирај ама...како што пишав погоре, ако од дома, од дете не е научен дека мажот треба да е еднаков партнер во домот и родителството, сега како возрасен тешко ќе го превоспиташ на нешто што, реално кажано, е во негова штета? Зошто ретко кој се гузи со правосмукалка од што најмногу на свет сака да чисти. И зошто да си скрати од своето време на одмор, лежење на кауч, гледање тв, одење на кафе со другари за да чисти прозори?
     
    На WildMk, baba Rada, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    ^ Се согласувам дека не можеш да промениш некој, кој цел живот е задоен дека треба да го слушаат и да има разно разни побарувања а жената да е секогаш околу него, во случај да му притреба нешто, јер ваљда машкоста ќе му загине ако си сипе чаша вода сам или раскрене јадење позади себе.
    Не можеш да го смениш, ама мислам може да го стимулираш, ако почнеш да се однесуваш како него. Додека и нему не почне да му пречи хаосот кој самиот го прави дома.
    Имам братучетка мажена, која имаше ваков проблем. Од работа доаѓаат и двајцата, он седнува на маса, чека јадење, па чека да се крене масата, со даљинското во рака и негово е само да одмара. Исто немаше абер ни за други домашни обврски, да се фати да помогне.
    И дојде преку глава да изиграва куќна помошничка и почна да се однесува како него. Доаѓаат од работа, ручек нема, ако ти се јаде, повели шпоретот онаму е, зготви ни нешто. Немаш пеглани алишта - повели пеглата испеглај си или оди згужван како исфрлен од поплава, ти смета прашината - повели крпчето.
    Требал да иде на некоја прослава, дошол до степен да нема чисти чорапи да облече од соптвената мрза.
    Негодуваше он неколку дена и доаѓа дома братучетка ми, вика станот свети. Све на свое место, прашина избришана, садовите измиени, алиштата се сушат веќе, јадење ме чека на ,маса.
    Од тој период, почнаа еднакво да ги делат обврските без мрчење, без ама јас вчера усисував сега си ти на ред. И така и продолжија да функционираат.

    Муабетот ми е, дека се е како ќе се поставиш, како во се, па така и во бракот. Искрено, понекогаш и жените сами си се криви. Поготово оние кои до вчера биле гласни по ова прашање, а денес ќутат со крпчето во рака.
    Да сме растени така, сме. Ама не има и таквите кои сме се спасиле од тој шаблон и сме свесни по прашањето на еднаквост. Немаме две глави, туку си ја знаеш вредноста и тераш. Сите можеме, а не сите сакаат.
     
    На Purplelilac, ivi1987, Animali и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.500
    Апсолутно, ама не мора да ги пере и пегла НЕГОВИТЕ алишта. Разбирам дека им се гади да седат во гнасно и дека ке исчистат и ако тој не сака да чисти . Компромис му е мајката. Не мора да чисти. Може да се откаже од едно зсдоволство и да даде пари за еднаш неделно да дојде некој( пак ми падна на памет ЖЕНА за чистење, зашо само жена, и јас не сум тачна:D, некој за чистење) Дали компензира на друг начин? Не е толку стриктно во пеглањето проблемот, колку во чувството дека сте еднакви, дека сте флексибилни и дека ако еден падне, другиот привремено ќе преземе се, ама не еден се цело време да прави . Мора варирање, и жена да знае да смени осигурач и слично шо се смета за "машка работа" оти така сме понезависни, ем посамоуверени, ем никој не ти трие сол на глава. Нормално дека од зборување и зборување и зборување ако никогаш нема консеквенци, хеј и мене ќе ми е лесно да фаќам кривини.:D Не е развод последицата секогаш се разбира кога имаш деца, последицата е не баш задоволна партнерка , мизерна јас би била, и тоа е ужасно ако не го замисли мажот. Разводот е кога нема назад и сакаш да продолжиш со понаков живот ако можеш. Те разбирам инаку прилично мислам.
    @lovestoneddd царица братучетката!!8)
     
    На WildMk, candy.cane, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Делaт oбврски претежнo oние штo живеaт сaми. Вo зaедницa, дa гo види тaткo синoт кaкo пружa веш и усисaвa, пa и убaв нa мaјкa пелени нa дете дa менувa, ќе пoчнaт сo суптилнo бoцкaње (вo пoкултурни фaмилии) и aплa критики кaкo не и е срaм нa дoтичнaтa нa синoт тaкви oбврски дa му дaвa (вo фaмилии сo пoмaлку oсет) пa тoлку ќе е oд oбидoт мaжoт дa пoтфaти нештo дoмa.
     
    На ivi1987, Mr. Right, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    Колку и да е минорно, со бејби степс, мислам дека идеме напред. Тврдам дека секоја од нас може да допринесе, во процесот на 'менување ' и искоренување на традиционалното, од нашите браќа, другари, дечковци, мажи.
    Брат ми не беше традиционално задоен онака хардкор, имаше некои безвезе ставови, ама све се смени, со самото живеење со две освестени жени, мене и мајка ми :D
    Готви,пере,пегла,чисти сам све. Другарите му се чудеа, честопати се кај нас на ручек, зготвен од него лично.
    Од чудење, прерасна во брат дај рецепт, ќе ја изненадам мајка ми/девојка ми. Така и бидна.
    Моментот односно раскрсницата е кога од главата ќе им извадиш дека нема машки и женски обврски и почнувате да фунцкионирате нормално.
    И јас знам по нешто 'од машките ствари '. Тоа што ми е потребно знам. И да му е смешно на некој не ми е гајле, ама кога му имам помагано, имам држано и чук во рака, имам ковано шајки, имам фарбано ограда, имам кречено, имам цепено дрва. И еве ме, не ми падна круната од глава.
    Лани се исеков од секира,и тргнавме заедно со брат ми на дезинфекција и преврска во болница.
    Се погодија и мажи и жени на смена, па кога слушнаа дека млада девојка се има исечено од секира ( чујте и почујте ) настана сензација во оделот. Уште малце новинари што не повикаа. Што бара вака млада убава и дотерана девојка да држи секира во рака.
    Пробаа со ниски мајтапења према брат ми, маж ли си, што ли си, досетки, шеги, мислиш виц на милениумот имаат кажано. Ама не им помина.
    Им се завртев, викам до сега ние ве слушавме вас, сега вие мене. Лом ги сторив па почнаа еден по еден да се извинуваат, да виткаат опашка и излегуваа од просторијата.

    Само став, издржаност и да си ја знаеме вредноста. Тогаш ќе не биде.
     
    На ivi1987, Animali, Mr. Right и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Ете затоа е многу погрешно и лошо да им се попува на тинејџерите и младите со екшли паметни и прогресивни ставови дека со време и искуство ќе „созреат“, ќе ги променат ставовите и ќе престанат да се „напнуваат“ со вакви прашања. Сѐ е тоа, само не созревање и нешто позитивно.
    Камо голем дел од младината да останат со истиот став и свое јас, ништо да не ги турне во таа конзервативна и патријархална дупка.
     
    На Purplelilac, Animali, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @DAngel ќутам за себе само, не и за другите. А тоа што ќутам за себе е зашто морам. Мој проблем е ова. Всушност не е ни проблем.
    Не барам повеќе од ова што сметам дека заслужувам. Ама јас лично. За ниедна друга не мислам исто и нема да мислам.
    А другите не треба да ќутат. А ни ти. Ни за вас, ни за некој друг.
    Знам ќе превртиш очи ама се знам јас себе верувај.

    @Nausicaa не знам зошто упорно го мешате дечко ми кога нигде не го спомнав. Тоа што реков дека има асални машки не го вклучуваше него. Не го фалев него никаде.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ако по твое лично убедување си решила да ќутиш, ќути си слободно, ама остај не нас што збориме да си ги тераме борбите. Нема потреба да се обидуваш да омаловажиш жени кои не ќутат само затоа што ти си избрала да ќутиш.
    А и како ќутиш? Со тоа што ја напаѓаш спротивната страна? Ти не ќутиш, ти ги правдаш. Има разлика меѓу двете.
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Каде ги омаловажив?
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да не одам поназад, меѓу првите мислења на темата. Ова не ти е обид да ги омаловажиш оние што збореа против "ама има и фини мажи"? Озбилно мислиш дека ова твое мислење е сосема во ред?
     
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Во мислењето нигде немам спомнато дека омаловажувам жени. А очигледно цело време требаше да го пишам тоа зашто нели, проблемот е во машкиот род, не во мажите сексисти.