Повторно обид да не направиш мажомрсци. А и ова. Директни напади ти се на сите жени кои не мислат како тебе.
Епа ако речам дека има арни машки не бива. Ако речам дека сите се сексисти пак не бива. Ако речам дека нема сексисти меѓу машки, и тоа не бива. Тогаш како да се изразам? Ти сама кажа на почетокот не си запознала асално машко нели?
Што значи тоа „девојки во душа“ и како е тоа маана? Споредбата и сличноста со девојка/жена треба да е навреда? Ако не сте свесни, со ваквите етикети не само оние од машкиот род кои не ги сметате „прави“ мажи, туку повеќе жените ги навредувате во целост. Сè додека женственоста ве асоцира на недостаток на храброст, ништо не правиме...
Тоа алфа мажјак го имаат земено здраво за готово и се што кажуваат мора да се стори и секогаш неговото мислење е најдобро и точно. Повеќе би рекол егоцентричноста.
Убаво си кажа, кој сака ќе разбере а кој не сака ќе ти бара рчки..точно така, една од многуте маани на денешниве мажи, во споредба со мажите од пред 20-30 години, навистина се "женчиња" во душа, се изгубија поред се поголемата доминантна улога на женскиве, не чувствуваат потреба од заштитнички нежен став.....Како и да е, се согласувам со тебе.
Во право си Баба рада, мажите сега не се вистински мажи како порано. Една моја пријателка вели „кај нас нема мажи, меѓу нашиот народ сите сме жени“. Или „жена се ќе издржи, ама мажот ништо“. Мажите денес, меки, неодговорни, не да не ја заштитуваат жената, туку тие чекаат жената да ги чести, развезува со кола, да ги издржува утре во брак итн. За овие особини ми се пожалиле доста жени.
Без разлика машко или женско: понашање како олоши и како да те гледаат од високо неоговорни несредени што зависат од други
Додека си одев дома наслушнав две постари жени (едната беше во завој и помодрена малку на лице), застанаа покрај улицата каде што помина и ги слушам едната и вика.. Жена 1: Пак Кире, а? Жена 2: Да, се опијани и пак ме натепа. Жена 1: Ајде де, дома носи пари чути си, и не се расправај многу... Оваа генерација на жени и мажи ги бараш?
не барам ништо, кажувам само какви станаа денешниве машки створења, а што се однесува за малтретирање и физички напади врз жената, сега се далеку побројни и пострашни.
Ама ај сеа сериозно без зафрканција, кажи кое е тоа .... што го нарече створење со кур и мадиња, а таква душа, кажи кој е тој алфа мажјак што ќе ти одговара на... идеален еве да речеме или приближно идеален.