Епа тогаш џабе се цитираме овде кога може да ги најдеме таму мислењата, само ме интересираше баш ете ти зошто се согласуваш со членот Дени и кои се тие мажи со душа на пички?
женчиња? Ти како жена треба да викаш женишта што израѓале што после се стојат на исправени нози имаат 20 обврски во ден сите ги извршуваат еј женчиња самиот збор ти е примитивен.
И што значи женчиња зошто такви примитивни споредби јас незнам? сакам да го издвојам метафоричкото значење што го употребила.
Значи жените по „правило“ биле и треба да се симбол за кукавичлук, некој храбар треба да ги заштити - ама сега пусти времиња се превртеле, па им ја презеле улогата на „правите“ мажи. Те сфативме и во „културна“ и во сирова верзија. Кај и да вртиш, сексист си, тоа е.
Сакав да му врнам на постот ама незаслужува и не делам мислења со сексист кога ке го проценам одма го игнорирам.
Поголемата вина зошто повеќето мажите се однесуваат вака е од самата поставеност на жените/сопругите/мајките во нивниот дом. Домот е изворот. И татковците се одговорни за воспитувањето, ама и таткото е нечиј сопруг и нечиј син, каде некој му го тинтрал егото или му дозволил вакво однесување, па не го воспитува синот поразлично. А и кај нас менталитетот е Пример бр.1: Познаничка- го носи поголемиот приход дома, работи до покасно од сопругот, работата знае да ја носи и дома, а дома? Господинот за подарок, и оставa садови за миење и сличен неред, да ја чекаат кога ќе си дојде дома. И кој е тука виновен? Тој, што е така научен или таа и мајка му што така го научиле? Па земе па ќе ги измие, а тоа во превод за него значи зелено светло и останатите 365 дена да го прави истото, со благослов! Таа плаќа се, а тој на крај ќе седне на чело на маса и ќе се шири пред гостите, дека тој е газдата дома. Пример бр. 2: Мајка ми и тетка ми со сопрузи еднакви на нив. А зошто, затоа што во нашите домови хигиената не е женска обврска, таткото не "помагал" за сопственото дете, туку одговорноста е 50:50. Како и колку едниот, така и другиот. И што отсекогаш ми било баш фино, е што не сум ги слушнала да ги пофалат и да ги издвојат своите партнери за златни, а зошто? Затоа што тоа се подразбира, тоа така треба да биде, тоа е нормалното. Не може нешто што е нормално да се фали Таткото да го пофалиш оти го чувал своето дете Но, се повеќе среќавам случаеви како првиот пример. И што, ништо. Времето ми доаѓа како да сме во 14-ти век, само вонземјани ни приклучиле Интернет да може заостанатоста тука да ја пишуваме, не да ја резбаме на камен. Ама има и исклучоци, какви такви, ги има на некој свој број и барем тие лично живеат нормално, а не се водат по општеството.
Јас во блиска средина имам повеќе примери како 2ов. Се тоа ми е мене нормално. Маж да готви, да чисти, да се грижи за децата подеднакво со мајката (затоа што детето е на тато колку што е на мама). Ама секој ден слушам "Колку ви е убаво, татко ти готви" или "Еј татко ти пак чисти". Срамота е што е чудно да се види маж да работи "женска" работа по дома..
тебе кога те читам, веднаш ми се појавува слика на право женче, мало, нежно, осетливо, плачливо ама бунтовно, пргаво Зборот женче е убаво зборче, слатко и незнам како може да ти биде примитивен? Женишта е навредлив арогантен збор..брррр....Поздрав душо, мала си се уште за да се расправам со тебе.....ќе галам мачиЊА
Мене ми е навредливо и женче и жениште,прифатлив е само зборот жена,така што ако тебе не ти се навредливи,на други им се.Машкиот член употреби и вулгарен збор. Сето тоа кажува многу за вас.
абе ајде шо зборваш..бре мајката, не знаев дека мажево мое ме навредува кога ќе ми каже : - Дојди женче мое убаво да ми те погалкам
Нека клаат и на оваа тема забрана за цитирање, како да е толку тешко да напишете само мани, бог да чува.
Поентата ти беше замислена само за да навредиш а не да пишеш нешто разумно...чувствувам јас. чувствувам
Нема ништо навредливо во тоа што јас и други членки пишавме дека твоите и зборовите на @Deni87 претставуваат навреда за некого.