Многу убаво докажавме на темава дека ние жените имаме премногу мани, незнаеме што сакаме и дека мажите се совршени суштества без ниедна мана! толку од мене,
Јас претходно искоментирав.Не постои човек без маани. И кај мажите и кај жените има нешто што не чини.
Еве го сексизмот, на дело... Шо е најтрагично, не е ни свесен дека е сексист. А вие сте .... селф хејтинг жени.
Не се сексисти, турското уште се одржува со сериите. Маж да е, да ја заштити, да ја пази...што е во ред, партнерите затоа се тука еден за друг, да се сакаат, чуваат, пазат. Двајцата. Ама чекал да го развози со кола, да работи и да го почасти. Зошто да не? Ако тој може да ја развозува со кола, части и троши плата и за неа, зошто да не и таа него ако е во состојба тоа да го прави? Принцезички уште, во рака да ме носи, капка роса на дланка и дрн дрн бабини желби од пред сто години. Уште лигавче да ти стави и да те рани. Нема веќе, сакате еднаквост, бидете рамноправен партнер во врска, не воин и принцеза.
Кажав претходно пример,сега пак ќе кажам. Две девојчиња во средно ме удрија со топка по лице.Не сакаа да се извинат. Професорот по физичко им се развика,им кажа дека тоа не е во ред.Можеле носот да ми го пукнат или искршат или забите или да ми повредат очите.Им рече на машките дека не е смешно,туку жално што ни едните,ни другите немаат осет. Мајка ми ме прекори за нешто пред докторот. Докторот рече дека мојата реакција е сосема нормална. Кој не би се плашел и рипал од страв во таква ситуација каква што е мојата? Потоа човекот ме смири. Млад маж кој го познавам само 2 месеца покажува повеќе разбирање од мојата мајка. Турското време пројде,ама очигледно некои се уште не се излезени од таму. Пак ќе речам и мажите и жените имаат маани.Само тоа треба да се признае.
Идеите од исто место потекнуваат, не од турско само. Самиот збор "фамилија" носи од латински корени, што значи куќни робови, затоа што жената и сите слуги на главата на куќата биле тоа, фамилија, куќни робови. Famulus= слуга Familia = сите слуги под исти господар.
Глобален? Сите сме прошетани по светот па знаеме што им фали на сите мажи наекаде или збориме за мажите околу нас?
Не се правам, секаде мажите се исти, секаде менталитетот е ист и секаде жените имаат едни исти проблеми со мажите?
Не се секаде скроз исти, но секаде има проблем со сексизам, во различни проценти на застапеност. Патријархатот сеуште има корени во најголем дел од глобалното општество.. каде подлабоки, каде поповршински.
Прошетани сме, и пристап на информации барем имаме поголем сега. Секаде постои проблемот, со тоа што може таму мажите им помагаат на жените да чистат по дома, ама пак не се гледа машко и женско на исто начин. Мене ми имаат Германци, Швајцарци во лице кажано дека им е чудно како сум добила работно место затоа што сум женско. Италијани, Холанѓани ми имаат речено "ама женско си, не можеш ти ова", а не збориме за физичка работа туку чисто интелектуална. На еден или друг начин, причинителот на проблемот е ист, патријахалното воспитување, а тоа што проблемите ни се различни и различно се одразува е сосема друга работа.
Пеглањето не го прави мажот жена,туку разумен човек кој ѝ помага на жената која дошла уморна од работа.