Братучетка ми некои работи сама ги местела во станот(тогаш маж ѝ не бил дома,ама и онака можела сама),некои со помош на маж ѝ. Разумно си се договориле.
Абе може и мажот не може, па ќе треба да викнат некој? Нели тоа е поентата, ако можеш супер, ако не можеш побарај помош. А ајфа мажјациве ќе се искичмат и 10 дена нема да можат од кревет да станат, ама срамота, тие нешто да не можат да дигнат. Што ќе каже народ, толкав маж да не може еден кауч да помести? И така...
За дигање ствари скоро секогаш треба помош од повеќе лица,ама пеглањето алишта не е комплицирана работа.
За пеглањето знаеш дека не е комплицирана работа а кажи ми ти мене дали знаеш некоја мана од денешниве мажјаци, тоа ми е побитно?????
Секогаш имало и ќе има мажи кои не ги ценат жените.Не им текнува сами да си испеглаат или зачистат кога жените се уморни.Насилни се,мислат дека ќотекот е решение за се.На женско гледаат како на предмет. Сексот им е побитен од права љубов. Имало и ќе има жени кои се такви,така што не треба да се прави полова дискриминација.
Чистење и пеглање не може баш баш да се споредуваат со кревање тежок товар земајќи предвид дека второво се базира на биолошка карактеристика. А кој може сам да крене, океј, нека крева. За првите веќе е друг муабет и да, поделбата за нив е сексизам.
"Женче" не е навредлив збор, но ако ти е кажан од сопругот, а не од форумски лик или познаник/пријател.
Различни луѓе,различни гледишта.За мене женче и жениште се навредливи зборови,а како што можеш да прочиташ и на други членки не им се допаѓа контекстот во кој се употребени.
Друга маана кај мажите што можам да ја издвојам освен што реков егоцентричноста, е исто така откако ќе стапат во брак или нешто слично, секогаш мажот носи се дома и се е на негово име. Никогаш не зема во обзир нејзината плата и еве да речеме ако ги извршува повеќе обврските дома. Тоа го гледаат како да мора да го прави тоа жената. Значи се е во сопственост негова, а жената е како во хотел тука или да речам под кирија, пошто нели кога сака може да ја избрка пошто е негово. (настрана судски што може да добие, само кажувам перспектива на мажи какви постојат и мислам дека е маана)
Точно е дека на латински зборот "familia" значи домашни слуги, но нема никаква поврзаност со тоа дека жената била роб во куќата. Како што најдов "familia" ретко се употребувало со значење на семејство (родители и деца), зборот "domus" се користи за тоа. Така да, familia се однесувало на слугите , a жената имала надмоќ над нив и не била еднаква со слугите и робовите.
Какви мисли имаш таков и си Поздрав, ако употребуваш метафора на женче за нешто како слабо, кршливо за машкиот род дека биле женчиња, тогаш ти си таква, а тие жените шо не ги сметат такви и шо не ги споредуват мажите како не на пример како жена си и слично сигурно не се такви.
Не е ни еднаш годишно, отприлика еднаш во 10 години е, а и никој не ги тегне сам, или викаат другари, или си плаќаат достава до врата коа ги купуваат, ама затоа имаат алиби да ги дигнат сите четири во вис додека жена им чисти, пере, пегла и готви по дома.
Ние жените немаме проблем да почестиме, но ако тоа е нон стоп жената да чести, не е во ред. Фала богу, сите женски со кои сум пријателка работат, не се во турско, работат и имаат за пијачки, излегување и слично. Проблем е што конкретно во примерот што другарка мораше да го откачи дечкото, оти никогаш не покажа внимание, не сакаше да работи, пребираше работа, а во меѓувреме и беше на грб. Сфати дека типот е незрел, несериозен, себичен, се искара и раскина. Друг случај, пет години дечкото ја третира девојката како сексуален објект, „дојди да се видиме“, само кога тој сака. Таа без работа, бара пари од дома, за да оди да се видат. Честење, купување подарок за Свети Валентин колку цела една плата, а плата не земала 1 година, а тој неа ништо. Таков маж е маж? Тоа е рамноправност?