Нели ви е испод ниво со сериозни одговори да партиципирате во ваква тема? Ова е прашање до квалитетните членки со кои се почитуваме, кои пишаа овде... ќе се пронајдат, оние што хумор на бабето им е lulz не ме изненадуваат. Стварно, кога се отвори тема (исто од баба Рада) за што ви пречи кај женскиот род, беше на големо осудена (со полно право), па и оваа е исто површна и генерализирачка и го заслужува истиот третман. Размислете
Бриџо душичке, па знаеш дека најубаво се плете додека се оговарааат мажи, побрзо котелци се нижатси заборавила ти и да плетеша за друго не ни помислувам
Не пласирав субјективно искуство Џокац, не ме замарај со небулози. Ако имаш нешто да ми кажеш изволте ЛП. Пасивна агресивност не поштуем.
Ти со твоето -квалитетни членови и сериозни дискусии веќе интересна не си. Ако бараш место каде да ја искажеш својата сериозност и водење квалитетни дискусии ќе морам да те разочарам дека ќе треба да се вработиш прво на такво место а дотогаш твоето вежбање овде немој да си го сфаќаш премногу сериозно. Форумот не е место за докажување и е за секого.
Те молам доста со твоето високо ниво, дај спушти се на земја или остави не нас кои сакаме малку да се забавуваме на друг начин кој не е по твој вкус или ниво...олабави не девојче, досадна си навистина.
Познавам доста момци во животот кои биле такви. Сите тие се слични во однос на горе споменатиот модел (патријахални, некохерентни, не барале врска, ниту имале идеја што бараат од девојче). Слободно може да си дадам слобода да направам генерализација, особено за момците во Македонија познавајќи го нашето тло и менталитет. Ако ме прашуваш за искуство, имам повеќе наидено на онакви кои барале девојка и ме барале за една, ама не ме добиле. Така да не е дека пласирам субјективност..
Не, не ве мразиме, само сакаме да се одлепите од сукњите на мама и да ставите кецеља и папучи додека ние со кренати нозе куцкаме на фемина форумот...и се разбира, кафето што поскоро да биде готово
Работата е баш што на мрчатори како тебе се докажува поента со плукање по машкиот род, а и настрана од тоа не е во ред, барем според мене. Тие што треба ќе ме разберат, секако не те сметам меѓу нив.
Поштеди ме, би те разбрало и дете од 6 години доколку те чита, не си ласкај дека само одбрани се разбирате.