Океј, вреѓајте си вие мажи ама не кукајте кога машки член ќе дојде и истото ќе го рече за вас. Сексистички стана форумов веќе од страна на одредени членКи.
Освен тебе и другаркати никој не дојде да вреѓа...а овде се кажуваат мани а не паѓаат навреди..и те молам и ти не доаѓај.
Од мани би издвоила кога на маж му мириса здив, алишта (односно не одржува лична хигена), кога не знае да врзе една проста реченица, а најмногу ме нервира кога употребува изреки и финти од времето на дедо Ное за да те заведе, а се толку очигледни и глупи што во моментот не знаеш како да реагираш - дали да се направиш дека прв пат ја слушаш и да се насмееш или да си брцнеш со вилушка во око
Добро, ама после ти и уште неколку не ни викајте на нас дека сме незрели и деца... Ви се гледа зрелоста вас многу добро.
И да паѓаат условно кажано навреди голема работа. Дали сте нормални со тоа дека сериозно го сфаќате виртуелниот свет?
Ич не е површна дискусијата на темата. Оваа тема штом почна се откри една многу голема поента. Во другата тема рече некој машките се криви за тоа какви се жените? Тука веднаш вината се префрли на жените, па почнаа правдањата од стилот "ама не се сите мажи такви". На само 3 страни оваа тема многу убаво ги долови сите проблеми кои ги носи денешната генерација на мажи. Друго што никој не го спомна изгледот на мажите, а во другата главна тема беше изгледот на жената "Површна и генерализирачна" може да е само кога нема да постои токсичната машкост како проблем. Ни едно машко не го изанализиравме површно, а сите почнаа да се бранат одма. Женско кога го нападнат на форумот сите ќутат.
Добро, нека не знам. Не вреди ни да се објаснувам. Да го решиме тогаш светскиот проблем - маните на мажите. Ез ај сед, вреѓајте мажи, рипајте им на секој збор, омаловажувајте ги во теми за должината на машкоста зошто и тоа го имам видено таму. Ако некој маж рече дека денешните жени се лесни, не се вреѓајте, може стварно сретнал такви, според него Кажете ги барем тогаш и сите проблеми кои ги носи денешната генерација на жени, ама искрено.
Моја најголема мана моментално е тоа што заборавам да ја затворам фиоката откако ќе си земам тоа што ми треба.
Носат многу проблеми, а најголем е тој што си ги бранат мажињата, а забораваат дека жените имаат уште многу многу борба пред да бидат еднакви.
Површна и генерализирачка ми е ради авторот, стилот и тоа како почна муабетот, ете и се вергла дека зафрканција е темата, не требало ништо сериозно да се сфаќа тука итн. Плус и има доста теми во кои се зборува ова, оваа ми се гледа ко за чиста негатива и мрчење. А и ова „денешните“ во секое критикување ми е банално веќе... па барем токсична машкост во претходните генерации со војски и глупости, како што се спомна, дефинитивно била многу полоша. Не знам Енџи, сепак според мене и „мажите се мрзливи, искористуваат за секс, вакви такви“ е лошо како и „жените се к*рви“. И феминизмот треба да се огради од првото...
Ама стварно се. Генерализација е, и одлика на радикален феминизам, но реалноста е таа. Не се сите од прв до последен, ама повеќето апсолутно се такви Специ. Патријахални, користољубиви од сексуален аспект, без емотивна зрелост, одговорност, емпатија и разбирање. Стварно не зборувам на памет, и не велам дека не постојат исклучоци - зошто апсолутно постојат. Ама огромен број момци се како погоре опишаните. Што никако не значи дека жените се идеални, ама со оглед на тоа дека е ова машки свет - не е на одмет некогаш и ригидно да бидат искритикувани ако има потреба. Баланс.
Значи не гледаш на темата туку на личноста. Еве на мене рада ми е игнорирана па не го ни прочитав првото мислење. Одма гледам на темата со други очи За минатите да зборуваме? Или за идните кои не ги знаеме? Нормално дека ќе се зборува за денешните, тие се оние на кои што треба да влијаеме. Токсичната машкост не е надмината, оди до тој степен што се труди системтски да го избрише потоењето на жената. Може само да се лажеме дека нашата работа е завршена и може да живееме во едно хармонично општество без сексизам. Патем, сексизмот како и расизмот се однесува како омраза кон потчинетата категорија. Како што не постои расизам кон белци, како највисока општествена категорија во однос на раса, не постои ни сексизам кон мажи, како одговор на Танче. За тоа треба и мажите да се борат, како што се борат жените за "жените се курви". А кое машко обрани дека ова е стереотип, или се потруди да смени нешто поради тоа? пак рекоа "абе точно, ама јас не сум таков". Значи немаат намера да сменат ништо во машкото воспитување. И тоа е за осуда, тоа е нешто против што би требало да се бори феминизмот, а не да седи и ќути додека секој си прави што сака. Според твоето кажување, за тебе феминизмот е дефиниција за индеферентност и безгласие. Седи, ќути, не кажувај ништо за никому и најголем феминист на светот си. Ако утре те исфирка едно машко на улица, а до него стојат уште двајца, ќе му кажат ли тие двајца дека не е во ред тоа, или во најдобар случај немо ќе премолчат? Ќутење не е феминизам, ќутење е мизогинија.
А дечко ти? Не знам шо им фали... на младите бар не знам.. На возрасните, што и да им фали, касно е за да се поправи...