Не ги навредувам жените, сите знаеме што е нормална девојка, а што курва. И секоја жена си одлучува каква ќе биде и како ќе живее.
За мажите денес мислам дека се неодговорни, тешко созреваат или не созреваат, има и доста мрзливи, не се џетлмени како порано, но има и доста кои едноставно како да не покажуваат интерес за жени, себични се или срамежливи или нешто друго е во прашање, не знам.
Врти сучи, пак ти тука каква друга верзија, овде се бараат маани кај денешниве феминизирани душички од мажи Ако досега немаш пронајдено некоја мана кај твојот дечко, уживај и не се појавувај тука, мола ти се
Јас не би да генерализирам на темава. Нормално дека не можам сите да ги сместам во една категорија. Не се сите исти. Различни индивидуи со различни мани и недостатоци. Исто како и жените. Никој не е совршен. Се е индивидуално и зависи од карактерот на човекот.
Што не одат во војска. Чупаат веѓи. Немаат влакна по телото. Сакам влакнест маж! Кога ќе го погалиш рапаво да е, влакнесто, да се знае дека е маж, а не да чувствувам како да галам тазе депилирана типка. Се фарбаат. Природно си е природно кај мажите. А ние жените смее да експериментираме. Носат тесни фармерки. И доле поткусени. Не работат. Касно созреваат. Многу касно. Не се нормални. Ваков впечаток ми остава денешниот маж и нормално дека има исклучоци.
Не сфаќам шо го мешате дечко ми ама нема ни да сфатам. И не, не реков дека нема мани. Реков да немате двојни аршини. И вие што не сте сретнале арни мажи, прво истражете. Ама ај, да не испаднам пак јас сексистот. Нека бидат исфеминизирани, што ви пречат? Ме болело мене ако некој Х типац се фарбал, лакирал, депилирал. Нека не ве боли ни вас. Не мора да ги делите сите на дали се ваш тип на маж или се ужас. Едит - како што ние не се дотеруваме и шминкаме за да се допаднеме некому, така и нив не им е гајле кому му се допаѓаат депилирани или чупани.
И,што сега,ако нема многу влакна на телото,не е маж? А,бе,ајде... А,се лутите кога некој маж вели дека не сака влакнеста девојка и девојка со мали гради.
Маани освен во врска со хигиена и амбициозност, за друго не вреди да се дискутира. Чупање, фарбање се личен избор. Депилација исто. Друго што набројавте истото важи и за жените.
Па токму ова е последица на истиот сексизам за кој сите се буниме, барем тие што ни е гајле за сексизам воопшто. Намирисав од километар за што е намерата на темата, затоа и „напнував“ со тоа вчера... И добро, уште во колку теми ќе се развлечат истите жалопојки и носталгии по војски и прави мажи со влакна? Банално...
Ќе испадне и нашиве се депилираат и чупаат па тука ги браниме. Или па се фалиме колку совршени мажиња имаме. Ама чекај, не знаеме ние што е сексизам
Зошто таму учат што е тоа дисциплина. Маж без влакна според мене не е маж. Нека се издепилира, нека исчупа веѓи, нека се офарба, нека прекрсти нога у тесна фармерка поткусена и на шо ќе личи? На коњ.
Дома се учи дисциплина и евентуално во основно. Служење војска помага само во усовржување. И евентуално ако има војна и психата да ја разруши или зајакне.
Во ред сфативме дека македонскиве мажи се одвратни, ниски, имаат мали тииит, не внимаваат на хигиена, споро созреваат, несериозни и неамбициозни се, посесивни се. Има уште нешто да додадете во спектарот пофалби?
Ок,твое право е да сакаш влакнести мажи,ама не треба да ги вреѓаш оние кои не се. И војската не е гаранција за дисциплина. Воспитаноста и дисциплината од семејството се учат или не се учат.
Ова баш апсолутно никој не го рече. Ама фино е вака кога глумите жртви. Да те потсетам дека ти промовираше права на жените пандан со Саудиска Арабија, така да тешко дека си цвеќе за мирисање.