@gjoker4e, ти колку што знам мажена си (поправи ме ако грешам). Преференци за личен избор се океј, ете штом толку ти е важно ова со влакната и слично, белки си нашла партнер по тие критериуми. Ама што ти пречат и на каков начин ти влијаат останатите мажи кои на друг начин се грижат за себе?
Не глумиме жртви. Барем не јас. Твое/ваше право е каков тип мажи преферирате. Ако мислите дека македонскиве мажи се никакви и странциве ви се боље тоа е ваш избор во животот. Нема тука некоја филозофија.
Да,ама ти со тоа ги навреди мажите кои не се влакнести и девојките кои сакаат мажи со помалку или без влакна на телото. Можеше само да кажеш дека сакаш само влакнести мажи и толку.
Најголеми маани кај денешниве мажи е што се уште силуваат, ги гледаат жените како сексуални објекти и мислат дека се супериорен пол.
За денешните мажи за во Македонија ти е постот или за мажите во светот? Ако мислеше само за Македонија, ќе те замолам да објасниш како мажите овде силуваат?
Општо ми беше одговорот бидејќи секаде се случуваат силувања? Од #НеСитеМажи на #НеМажиОдМакедонија отидовме
Не можеш така да кажеш, ако ти не си запознала машко што не силува, ние сме запознале билив ит ор нот #видиМеМамоСарказамСумЗнаела
Ќе ме умреш Не знам дали ова не ви е доволен доказ дека мажите немаат намера да се променат сѐ додека и вие им стоите на нива страна и викате "ама не се сите мажи такви". Не се сите, нема потреба сите да се, доволно е тој до тебе да е таков. А до некоја е. Солидарност за женскиот род никаква немате, затоа изнаскокавте да ги браните мажите што не признаваат ни дека силување постоело во Вечната, а не мислите дека утре може и вие да се најдете до некој насилник и нема да ви веруваат дека ве силувал оти "не е тој таков". Не вреди да се биде social justice warrior ако тоа значи дека треба да ги браниш и оние што немаат почит кон тебе како личност и да глумиш лудило дека не постои проблем со нивното мислење и воспитување. Мешате феминизам со либералнава "идила" во која секој може да прави што сака и никој не е повреден. Не знам во кој свет живеете што мислите дека со ќутење и фалење на машкиот род одеднаш само по себе ќе престанат сите силувања, сите насилства, сите полови дискриминации. Не знам дали стварно сакате да живеете во свет во кој оправдување за сѐ ќе биде "ама не се сите такви" и ќе се нормализира сексизмот, оти така ми личи како да е тргнато.
Мажите се вакви какви што се затоа што ние жените сме тие што станавме лесно достапни, што веќе не мораат толку да се трудат околу нас, па кога ќе налетаат на таква одма се обесхрабруваат и одат кај тие полесно достапните, и кога таа полесно достапната ќе им даде корпа или ќе го извара, толку ќе се искомплекисраат што почнуваат да го мразат цел женски свет.
Оти женско обвинуваш за машкото понашање? Зарем треба дадилки да сме им и да гледаме како ќе ги воспитаме? Тоа работа на родителите е, не на партнерите. Возрасен човек е сам одговорен за своите постапки, а не неговиот партнер.
според мене, најголема мана е што се премногу галени од родителите и не се осамостојуваат, не се сите такви норманлно ама голем дел да. мислам дека веќе кога си способен за работа треба сам да си заработуваш. и не е вистина дека нема работа, едноставно не сакаат да се мачат, бидејќи родителите ги размазуваат и им даваат се што ќе посакаат. јас работев од својата 22ра година и од тогаш сум финанскиски независна. и многу ми е мило што сум можела да си купам гардероба и да одам на патувања без да треба да барам пари од моите. според мене е незамисливи маж да има над 25 години, да игра видео игрици цели денови и да бара пари од мама за излагање и одмори. дури и над 25 е касно според мене...
Ne treba da sme im dadilki, pogresno me sfati. Rdnostavno nekoi devojki/zeni se so polabavi sfakjanja za seks i lesno se vpustaat vo odnosi dodeka drugi zrni drzat povekje do toa da bidat osvojuvani. A akonpocnam za posledicite od vospituvanjeto na majkite kon sinovite mislam deka mozam da napisam doktorska dizertacija.
А што има лошо во тоа да си отворена за својата сексуалност? Не гледам дека жените би требало да се воздржуваат само за да не ги расипат мажите. Ако е така, дај да ги оставиме без секс, да не им ни дозволуваме, нека бидат без секс, а ние да си бидеме среќни, задоволни и фала богу, сексуално задоволени со женскиот род. Замисли која фрустрираност би било тогаш, без секс кутрите. Контроверзни ликови како Џордан Питерсон упатуваат дека за да се смират маженцата, потребно било социолошки да им се овозможи на сите да бидат во моногамни заедници. Значи буквално, апелираат на сценарија на договорени бракови кај што жената ќе биде сметана за ништо, дно, и доделена на мажот за да не се нервира. Дали тоа е општество во кое ти сакаш да живееш само за да не се фрустрира некој маж? И жените се сексуални суштества како и мажите, не гледам зошто на сила би ја криеле сексуалната природа за да го задоволиме егото на некој маж. На крај пак доаѓа до тоа, дека сите би ебеле ама би земале невина. Многу без веза ти е размислувањето. Како мојата сексуалност наштетува на неговото кревко его и зошто би требало да ми е гајле?