Ако размислам мм има едни мани, ексот имаше други, тој пред него трети... Совршен човек тешко да постои но од големи значење е какви мани се и со што можеме ние да живееме. Оставањето на пастата за заби без капаче спроти коцкање на пример не е исто. Не би можела да генерализирам и еден општо заклучок да донесам, барем не од моето искуство.
Не постојат совршени луѓе. Има и мажи гадови и жени гадови. Секој има по некоја маана,некој ептен лоша,а друг не толку лоша.
Јес, пошто ако сте фини со женско одма значи дека ви должи секс. Многу ми се допаѓа како темата го извади сексизмот и токсичната машкост од вас
Абе никој не негира дека сите машки се совршени. Проблемот е што ради тие што се лоши, манијаци какви и да се, страдаат оние кои не се. Не е океј да слушаш како дечко ти те искористува за секс и како ќе му се здосади од тебе за кусо време и секакви грди епитети за него зашто е машко и уште полошо, истото некој да му го каже нему во лице. А подобро го знаеш од сите нив. Не само јас, познавам и други примери, за врски во кои машкото воопшто не е таков, а добивале вакви коментари. И ова ми беше до негде поентата и во другиот пост. Едит Патем сексизмот не е проблем воглавно кај мажите, проблем на целото општество е.
Она збореше за тие што се депилираат. А мажи што немаат влакна логично не се депилираат. Бар ти не си позната по извртуење зборови. На темава немам што да кажам. Интересно ми е да читам само
Разни видови на насилство врз жените постојат и ќе постојат и во најорганизираните општества. Само со силно изграден правен систем и заштита на жртвите истото насилство може да се контролира или да се сведе на некое минимално ниво. Тој што наумил да повреди некого ќе го стори тоа без разлика на се.
Некои работи ги премолчуваме за доброто на соговорникот. Други пак, затоа што водат кон бесцелни дискусии А ако одиме на кој што не одоговорил, не одговори ни ти како е сексизам кога машко се потсмева на машко, а дојде пак да тврдиш дека сексизмот не бил само проблем кај мажите.
Не, баш сакам да знам што мислеше со таа реченица. А патем сум чула жени кои оправдуваат насилство врз маж. И кога реков дека е на општеството, мислев на наметнати традиционални и општествени правила кои да, ги издигнуваат мажите. Ако некој маж е сексист, да тоа е негов проблем. Ама кога ќе видиш дека за жал многу жени и девојки имаат деградирачки мислења кон самите себе, сфаќаш дека коренот лежи малку подлабоко.
Оваа воопшто не е точно дека сексизмот или шовинизмот е само машки проблем. Го има присутно и кај жените и тоа баш во поприлично висок број.
Да, секаде има ненормални. Ама кога збориме за силување на пример, нели секогаш се обраќаме кон силувачите како кон мажи? Со добра причина е тоа. Направи споредба на колку мажи се жртви на полова дискриминација, наспроти колку мажи дискриминираат? И ти пак ми кажуваш дека мажите биле жртви на сексизам? Да, има назив појавата кај што опресорот се обидува да се покаже како опресиран reverse sexism се вика и исто како reverse racism е механизам на манипулација, обид да се прикаже опресорот како жртва и да се оправда дискриминацијата, наместо да се работи на реално решавање на проблемот. Тоа може да помине кај наивни индивидуи кои не знаат подобро. Коренот лежи во патријархатот, а сексизмот потекнува од патријархатот. Значи со тоа што преќутувате и затварате очи пред еден таков реален проблем, вие придонесувате утре вашите ќерки да имаат деградирачки мислења кон самите себе затоа што сте ги научиле дека мажите се во право, а жените се гадни и "ама не се сите мажи такви" е оправдување за сѐ што се случува.
Многу ми е генерализирачка темава.. Мислам, секој еден жив човек има маани без исклучок. Ако некоја бара "совршен" маж прво нека се погледне себеси дали е без маани и дали би била "совршена" за некој. Истото важи и обратно за мажите што бараат "совршени" жени. Spoiler alert: Нема да најдете такви. Кога сакаш некој вистински го сакаш со сите доблести и маани. Сакам и да потенцирам дека има разлика од обични маани до карактеристики што никој не е должен да ги трпи и со кои се нарушува односот (коцкање, дрога, сељачизам, апатичност, незаинтересираност и сл.) Она што не се вклопува во нашите критериуми кај некој не е маана (најпрост пример - висина кај една личност). Бидејќи таа "маана" за некого е доблест.
A jaс каде спомнав дека оправдвам сексизам? Ако манијак (машко) ме нападне на улица, да треба да се бранам, да пријавам во полиција, да ја барам правдата, да не се срамам јас, туку тој. Ама сигурно не треба да одам да го истепам комшијата од горе, ни крив ни дужен зошто е машко. Што се пишуваше пред некој ден за постот на членот што кажа дека го силувала девојка? Настрана што можда била лажна, ама чим му се кренал убаво му било демек... Мислиш немам осетено на своја кожа сексизам? Имам, и тоа многу пати. Ама никогаш нема да си дозволам да мразам некој само поради полот и без да го знам каков е да му речам ти како машко си голем сексист. Нели феминизмот беше жени=мажи, а не жени>мажи?
Јас како што сфатив темава е за малку да се "пошегуваме", да го "бцнеме" машкиот пол. Така кажа баба Рада и таа е главна. Патем шала пола вистина, битно е да има дискусија.
1. Кај реков јас да го тепам комшијата? 2. Зошто да не му речеш на машко дека е сексист ако навистина е? 3. Кој пишуваше за членот што го силувала девојка, најгласни беа мажите, нели? 4. Како мислиш дека си еднаква ако на своја глава имаш осетено сексизам? Дали мислиш дека сексизмот ќе исчезне ако ќутиме и се правиме дека не постои? 5. Жени=мажи пред што? Во кој универзум сме еднакви? 6. Имаш ли ти високо мислење за себе?
А,бе,сфатив,ама маж што природно нема влакна(или едвај некое) по тело и маж што се депилира немаат влакна како што има влакнестиот маж,па може да се стават на исто рамниште. Недостатокот на влакна кај некој маж не може да го направи нешто друго,јер мажите имаат нешто што жените го немаат. Еве,имам пријател кој има ситна брада која често ја бричи,а по рацете има само неколку влакненца. Нормално се дотерува и униформата си ја пази. Авторитетен човек е.Им вика на подредените кога грешат. Многу ми помага во тешки моменти. Не ги дели луѓето,ист е кон сите. Надворешниот изглед не е показател за карактерот на човекот.
1. Сексизмот на еден маж, не треба да го префрлуваме на друг што е невин само дека е машко. 2. Реков кон машко кого не го знам да му речам дека е сексист, само зошто е машко. Ако го знам дека навистина е, тоа е друго. 3. Не реков за оној член што оправдуваше секс со деца. Пред тоа женски членки пишаа дека сигурно му било убаво. 4 и 5 феминизмот треба да биде жени = мажи, а не жени> мажи. Не реков дека сум еднаква, туку треба да сум еднаква, а не на повисоко од мажите. 6. Немам, ама тоа е од друга причина, не е поврзана со сексизам.
Кој го префрли? Едноставно не треба да се правиме дека сексизмот не постои и не е проблем на МАШКОСТА, не на мажите. Друго, да ти одговорам што мислев за тоа што праша и не одговорив. Се потруди сите што зборевме за сексизмот да не направиш угнетени, разочарани, никогаш не сме сретнале машко што не е сексист. Имаме ние родители бе Тане, имаме браќа, дечковци, другари. Ти за да се одбраниш од непостоечка навреда индиректно ги нарече сите нив никакви и сексисти. И мојот дечко е најдобар и најпажљив, ама не изиграва посебна пахуљица па да се понаша навреден кога се збори за сексизам, туку е спремен и тој да збори против него, а тоа ни треба во секое машко ако сакаме еднаквост. Никаде не реков жени>мажи, само ти се изнасмеав на помислата дека сме еднакви. Може не е поврзана со сексизам, ама е поврзана со твојата желба да го браниш патријахалното што не ти дало да имаш. Целта на феминизмот никогаш не било ќутење, туку да се израсне силна генерација жени што ќе знаат дека родовите стереотипи не треба да им го градат животот. Со "ама не се сите такви" не се постигнува тоа. А за жените кои се зафркаваа со членот, кои беа тие бе Тане? Заборави?