Не е ни патријархално поврзано или како и да се вика веќе аман. Физички изглед е причината ако веќе толку те интересира.
Е патријахално поврзано, затоа што стереотипите кои се врзани за физичкиот изглед се родово наметнати ама нема да разбереш.
Кога маж се потсмева на други мажи дека се феминизирани (да не речам попедерчени), кога се смее на такви што покажуваат чувства, физички не се силни, не можат да се одбранат од насилство, кога врти носталгични муабети дека порано мажите уште од тинејџери гинеле во војни, а сега се демек во депресија и зборовите ги болат... тоа зарем не е сексизам, Енџи? Исто како кога жена етикетира жена дека е лесна и курва. Сексизам, хомофобија и секакви дискриминации ги има и во интернализирана форма. Сфаќам дека аргументите на машките што се појавија во темава се нула, и дека во последно време од машки членови воглавно само сомнителни типови се најактивни во дискусии, но не смееме да ги заборавиме овие работи. За самите себеси и како личности надвор од форумов. Непријатели ни се сексистите, злоупотребувачите, алфа мажјаците... Со еден збор токсичната машкост, а не машкоста. Маана на денешните мажи е што сѐ уште ги има овие патријархални недостатоци кај голем дел од нив. Толку. Јас дури ни мрзливост и несамостојност не би сврстила тука, бидејќи не е ни маана само на мажите, а и не е секогаш сѐ како што изгледа пошто на младите од двата пола скапанава држава им е во голема мера виновна за многу нешта (за тоа многу имам пишувано во тема за осамостојување, не би развлекувала дискусија и во таа насока).
Не е сексизам. Како може да е сексизам кога и напаѓачот и нападнатиот се од исти пол? Врз основа на пол го дискриминира? Токсична машкост е, а тие мажи не се жртви на сексизам туку на токсичната машкост, што види мајката, е карактеристична за машкиот пол. Ние си имаме проблем со стереотипите за женственост, кои се на исто ниво со токсичната машкост, ама тоа не е сексизам. И без разлика, и двете се производ на патријархалното воспитување. Сите родови улоги се.
Добро, во терминологија можда не се разбираме. Ама ете, имаше и жени во изминатите денови кои пишаа критики и исмевања токму какви што ги опишав. Воениот рок, влакната, бла бла бла... И целата дискусија е отворена од таква особа, со намена да се кука за недостатокот од алфа мажјаци, по патријархалните стандарди. Дупла, тродупла е башка, али еве да се дешава нешто. Затоа ми е кринџ и ми се превртува очи 360 степени...
И затоа го испонапаѓавте мојот обид да ја однесам темата во убава насока? Ништо ајде, ќе се правиме од сега натаму дека токсичната машкост не постои и сите мажи се цвеќе за мирисање.
Реков, нема никаква врска со туѓо влијание, од мене е. И не значи ако имам ниско мислење за себе дека имам и за сите други жени. Само индивидуално е потешко да го применам на себе тоа што сметам дека една жена го заслужува. Едноставно јас не сум јас ако имам високо мислење за себе.
Ако некој маж е сексист, проблем е за целото општество затоа што живееме со историја на патријахат (кој уште го има). Не секој маж дискриминира жени, ама секој маж живее во општество во кое автоматски има привилегии што е маж. Кога ситуацијата е таква, нема потреба да се фокусираме на #НеСитеМажи туку на оние кои придонесуваат општеството да остане патријахатско - во кој, да повторам, учествуваат сите мажи. Секако дека жени кои се израснати со менталитет дека треба да следат социјална норма што е поставена за жените ке имаат деградирачки мислења за себе, ама тоа не може да биде сексизам... спрема самите себе си? Туку е интернален сексизам, како последица на како функционираме. Се надевам сфаќаш што сакам да кажам.
Кога реков негов проблем, мислев дека тој самиот е виновен за тоа, од него потекнува. Ама зборам поединечно ако гледаме. А инаку опширно гледано, е проблем и на општеството и од општеството.
Многу, ама многу ретки се оние деца кои се растени во токсична средина, без никаков кураж и без ниту малку мотивација и пофалба дека се убави, добри во нештата кои ги прават, дека вредат како луѓе, а на крајот постанале самоуверени возрасни личности. Продукт на лошо родителство се деца без самодоверба. Едната работа произлегува од другата. Треба да имаш неверојатно јак карактер и високо мислење за себеси за да бидеш самоуверен и покрај лошото влијание на родителите. Од друга страна пак, исто така, многу се ретки и оние деца кои пораснале во идеални услови, сакани се и мазени од родителите а сепак имаат ниско мислење за себе. Тука веќе ситуацијата е поинаква.
А каква врска има тоа што ти немаш високо мислење за себе со темава?! Оф топик безпотребно. Никаква поента и скроз небитно.
Те прашав затоа што сметам дека жена што има високо мислење за себе нема да настапи со толкава одбрана на машкиот пол. Нема логика.
Затоа што никој не го нападна нејзиниот маж, зборевме за реален проблем во општеството кој не е ограничен само на еден маж. Бранењето "ако вашите дечковци се такви, мојот не е" покажува само на несигурност, на ништо друго.
Самата тема повикува на генерализирање, но секој има право да се изјасни. Жените како попребирливиот пол секако дека ќе најдат доста мани што е разбирливо бидејќи сакале да си признаеме или не, секој наоѓа мани. Можеби, но зависи и од перцепцијата на жените кон мажите кои доаѓаат од странство. Не е ништо ново што во различни делови во светот се преферираат одреден тип на машки. Тоа не е моето искуство на форумот. Бидејќи жените имаат групна психологија, за разлика да мажите, подефензивни се кога им се упатува критика која доаѓа од машко. Меѓу жени е поинаку бидејќи знаат да бидат брутални една кон друга. Зависно од кој аспект гледаш на еднаквоста. Дали е еднаквост (иста заработувачка, еднаква застапеност на места каде што има повеќе мажи итн.) или пак еднаквост на права. Е сеа, како се труди да го избрише постоењето на жената? Што ќе правиме ние без жени? Ова ќе да е некој геј масонски заговор. Дури да ја прифатиме дефиницијата дека не постои расизам врз белци бидејќи се највисока општествена категорија(што не е точно бидејќи не се и во некои од земјите во кои се мнозинство) има белци кои живеат во земји каде што се малцинство и немаат големо влијание во тие земји. Дали и таму не можат да бидат изложени на расизам? Плус оваа поделба на белци/црнци е наметната од Америка каде што има таква расна поделба, а во Европа е преземена од таму. За себе никогаш не сум размислувал дека сум белец се додека не ми било спомнато.
Ова таман доловува како се градат стереотипите. Од кога си се родил ти кажувале што треба да прави машко и што женско, како треба да изгледаат едните и другите. Исто како расизмот. И расизмот и сексизмот се општествени творевини.