1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои се несовршеностите на секој хороскопски знак

Дискусија во 'Канта' започната од rici.aaaaa, 22 мај 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Овнот треба да научи дека не секоја мисла што ќе му прелета низ глава, треба да биде изговорена. Овој знак умее да го скрши духот на партнерот со отровни зборови, без да забележи колку болка предизвикува нивната потреба да бидат „газди“ во врската. Запомнете дека партнерот треба да биде крај вас, а не да трчка за да ве стигне или да биде невнимателно оставен одзади.

    Бикот може да биде толку тврдоглав што не може да направи ни најмал компромис. Понекогаш, кога се во врска, толку се занесени околу своите потреби и идеи, што подзабораваат дека воопшто имаат партнер. Од време на време, застанете и вдишете длабоко за да ја забележите љубовта околу вас.

    Близнаците размислуваат со брзина на светлината, но имаат проблем да се изразат кога треба да разговараат за своите емотивни потреби. Бидејќи сигурно не сте во врска со некој што чита мисли, треба да ризикувате и да го побарате она што ви треба и да му кажете на партнерот што ве плаши.

    Ракот може да држи лутина неверојатно долго време. Припадниците на овој знак имаат нежно срце, но си го комплицираат животот, како и врската, со тоа што дозволуваат да се навредат од најмалата ситница. Разведрете се! Простувањето е многу полесно кога ќе сфатите дека оној што ве сака не ве повредил намерно.

    Лавот сјае блескаво како сонцето, но Лавовите понекогаш треба да сфатат дека не секогаш се центарот на светот. Препознајте го моментот кога вашето его неконтролирано се шири и запрете пред да станете неподносливи.

    Девицата е знак кој буквално може да се самоуништи со грижи. Она што треба да го сфатат е дека кога се под стрес нивната загриженост ја искажуваат како моќно и болно критикување. Нежните Девици не ја препознаваат сопствената сила. Малку себеиспитување и воздржаност ќе им помогнат да ги намалат омаловажувачките критики и поплаки.

    Вагата верува дека сè може да се избалансира, но додека да го постигне тоа може да биде нарцисоидна и да ја наруши рамнотежата. Следниот пат кога мислите дека партнерот бара премногу од вас или дека не може да го сфатите, обидете се да ја разгледате ситуацијата од аспект на „нас“, а не на „мене“. Сторете го ова и ќе ја добиете посакуваната рамнотежа.

    Скорпијата сака да ги контролира нештата, а во врска е вистински мајстор на тивката манипулација. Скориите сакаат да победуваат, но кога се во врска треба да се запрашаат дали ги привлекува само играта или вистинската награда е освојување на срцето на партнерот.

    Стрелецот треба да сфати дека неговите вечни немир и нетрпеливост се лични проблеми, а не проблеми во врската. Штом ве избрал, вашиот партнер ги сака вашиот слободен дух и независност, но исто така сакаат да почувствуваат дека се дел од
    вашиот живот. Ако сакате љубовта да трае треба да сфатите дека одговорноста што ја носи секоја врска не е еднаква со ограничување, но мора да вклучува партнерство.

    Јарецот
    може да верува дека секогаш е во право, но треба да бидат отворени да прифатат дека партнерот има право да не се согласи со нив. Ако сте несигурен Јарец потребно е да сфатите дека зависноста и потчинетоста во врската не даваат вечна сигурност во љубовта.

    Независноста на Водолијата понекогаш е тешко да се разбере, па ако сте Водолија, објаснете му ја на партнерот. Не е срамота да се гордеете со некои свои ексцентрични однесувања и очекувања, но додека вие се обидувате да се заштитите од повреда, другите ве доживуваат како ладни и резервирани. Можеби не ви е лесно да му верувате на партнерот, но да не му верувате ќе биде уште поболно за вас.

    Рибите често ги изедначуваат сожалувањето и вниманието и грижењето за партнерот, и се дефинираат според теретот што го носат со себе. Риби, внимавајте да не го изгубите партнерот поради премногу драма! Кога сте депресивни имате способност да го повлечете и партнерот во длабочините на очајот. Понекогаш најдоброто што треба да го научите е да преголтате нешто или да се откажете.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.596
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.