Јас имав 47 килограми и се запишав на карате, тогаш ослабнав барем 5 килограми за 1 месец. Можеш да пробаш, и карартето е најлесен спорт плус тоа
Па имам тренирано пливање, па се префрлив на ватерполо, одбојка, тенис (одев 2 месеци и престанав) модерен балет и на крај завршив на бордање. И морам да признаам дека бордањето ми остави најголем впечаток! Јез да кога учев првата недела цели нозе ми беа со модрици, сега уживам.
Обожавам спорт , тоа е мојот живот Мајка ми била ракометарка , татко ми фудбалер ..двајцата како поранешни репрезентативци постојано гледаат спорт по дома .Уште од мали нозе го засакав спортот и тренирам ракомет активно веќе со години .Но често знам да заиграм и тенис,фудбал , кошарка , пливање исто обожавам..нема спорт што не го сакам .Неможам да си го замислам денот без тренинг , или викенд без утакмица Не ги делам спортовите на женски и машки.
Мој тип си карина Тренирав ракомет 8 години престанав пред околу 1 година затоа што се распадна клубот и престанавме со тренинзи Но не се откажувам од моите ролерки... Во денот наогам време да возам по 3 часа и онака немам работа или учам или сум на ролерките Инаку да се приклучам на прашањето ... Женски спортови според мене ракомет и кошарка ама и така и така ... Фудбал никако затоа што фудбалерките немаат никаква градба на телото, претежно се ниски, слави, доага до кривење на нозете кај колениците... Океј е ми се допаѓаат, баш се кул... ама за другите? Неможеш штикла да облечеш (Зборувам за прави фудбалерки), од ракометот можеш само да развиеш мускулатура и висина а таквите типки кај нас се малку чудни што за мене се океј и онака Мислам дека најдобар спорт за жените е трчањето колку да се има кондиција и да се држе ставата, ама добар е и фитнесот
како малечка вежбав гимнастика редовно одев и на натпревари супер спорт за жени...потоа тренирав трчање и исто одев на напревари и има освоено прво место во мак а сеа иако нема мн време одам секој ден на фитнес и мн ми е добро кога сум така активан кога вежба нешто...а и фитесот е мн добар за обликување на телото
Јас мислам дека не треба да се делат спортовите на машки и на женски! Јас сакам многу одбојка, кошарка и гимнастика!....не сум некој тип што спортува, ама ќе почнам и со тоа! Најсила што можам да се обидам да направам е да научам да возам ролери!
Карате тренирам уште од многу мала...ама резултат имаа..Имам добро оформено тело,мускулатура зајакната....Затоа што со каратето се зајакнува се....дефинитивно ти работи цело тело...И рацете за удар со рака,нозе....Исто така и психичката зајакнатост е на завидно ниво....Тренирам многуу многуу...И само да знаете КАРАТЕТО е нашто најнај за мене.....Ааа и секој спорт не е лош....Важно според мене е да се тренира Ете и една статија за тоа што во факти го кажувам : http://notformen.mk/zdravje-i-fitnes/sp ... arate.html П.С: Каратето не е баш лесен спорт....И треба да се свати сериозно.... Дисциплината и мирот во себе се најважни да успееш
Па нема баш машки/женски спортови али стварно ми е глупо кога видам женско кечерка,да дига тегови..на се личи освен на женско .А инаку мене ми се допагаат тенис,фудбал и ракомет .Ракомет и тренирав некое време али обожавам тенис што може да се заклучи по мојот ник. Поззз до сите !
И мене ми е грозно да видам женско кечерка....Ама женско да дига тегови у нормала за линија и за да биде фит според мене е ок....Инакуу тенисот за мене е интересен спорт...И убаво што има некој како мене шо го разбира спортот.....
Порано мразев спорт ич не вежбав на физичко додуше ни сеа не вежбам, а не ни играм кошарка и такви ствари пошо мрзам.ич не ми се допаѓаат спортови како кошарка, фудбал, ракомет, одбојка и слично.повеќе ми се свиѓаат карате, аикидо, кик-бокс а посебно бокс.заљубена сум во бокс ја не делам баш машки и женски спортови, само ми е глупо женско да игра фудбал, незнам зашо хах.ќе речете сеа а бокс не е глупо па океј има и женски бокс мислам, за сеа понекад идам кај вујко ми он веќе тренира бокс 4 месеци па ми покажува по нешто, он до сеа има тренирано карате, аикидо и сеа бокс и има онака нормално тело не со изразени посебно мускули ама добро му е оформено и баш се чудам као може да остане така физички активен а има 48 години блазе си му и бтв да не знае некој кај има низ ск негде клубови за бокс, женски бокс или мешано ако има? фалаа
Спортови за жените се истите ко и за мажите, барем јас неможам да делам машка и женска работа. Се зависи од човекот што сака и кој спорт го исполнува. Сите заинтересирани за боречка вештина ви препорачувам да одвоите минутка да отидете на линков http://www.jkdmk.com/JKD/
Според мене зенски спортови нема можеш што сакаш да си вежбаш ако тоа те влече.A еве некои каде што повеќе се за женски:одбојка,ракомет,тенис,пливање има и уште некој ама не ми текнува сега
Според мене, дефинитивно тоа е одбојка Супер се оформува телото, а и одбојкарките ми се најзгодни спортистки
Јас тренирам одбојка од своите 8 години..Значи тогаш бев мало буренце, ниско и дебелко ..Сега од редовниот тренинг можам да забележам значителни резултати..Се извишив. ослабев, телото ми се оформи..Мислам дека одбојката е најдобар спорт за правилен развој на една девојка
И јас бев ниска,не многу дебела,вежбам карате,и сега имам преубаво оформено тело,секако со редовен секојдневен тренинг и со мн. здрава исхрана.Секако секој спорт ако го сакаш и ако те влече можеш да го вежбаш...Така да,телото се оформува.
Па телото се оформува во растење, а за правилен раст и развој ни треба спортот, спортување и вежбање. Според мене жената е способна за сите спортови, не би требало да се делат на машки и женски. Дури и хокеј играат, ама тој спорт никако не би и го препорачала на некоја девојка оти има голема веројатност да биде ваква во женска верзија
Мислам дека ракометот не е за жена. Ми се одмилува кога ќе видам како плескаат на тоа паркетот како жаби! Би ја препорачала одбојката, тенисот и евентуално кошарката за пониските девојки
Јас се занимавам со кошарка (ептен сум затрескана во вој спорт) а исто така тренирам и бокс (многу е убаво да се тренира бокс за да си ја истрошиш енергијата и калориите аа и да ја извадиш цела нервоза ако си нервозна) мислам давам 100 за вие два спорта.И спортовите не ги делам на машки и женски.