1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои спортови се за жената?

Дискусија во 'Спорт' започната од m.a.r.e, 22 јануари 2010.

  1. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    За правилно развивање на телото најдобро е пливањето.
    Исто и тенисот е доста добар спорт.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Jaс не би ги делела нималку спортовите на машки и женски.
    Секој спорт е убав на свој начин, секој спорт може и женско да го спортува.
    Само треба да се одбере индивидуален или колективен спорт ве привлекува повеќе.
    Кај нас е тешко да си успешен спортист зашто немаме средства, посебно индивидуалните ако имаат мама и тато пари ќе одиш во странство на натпревари, ако не ќе ти е само хоби.
    Јас се радувам што имаме и фудбалска женска лига, така да со тоа може да кажеме дека женските можат во секој спорт да се успешни, без предрасуди. Битно е само да се има желба 8)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    Јас тренинрам ракомет.Уште од 9 години. Се извишив ослабев и ми се оформи телото. :)
     
    На Maarija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Да,но мислев на оние кои професионално се бават со овој спорт,целите изобличени ..
     
  5. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    Според мене сите спортови можат да бидат и за мажи и за жени. Нема потреба од делење.
    Се зависи од желбата.
    Јас моментално правам пауза, но тренирав пливање 4 години. Сега ќе почнам со фитнес и можеби одбојка...:)
     
  6. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Јас тренирав тенис до пред 2 години, но сега не тренирам ништо и сакам да се запишам на аеробик или во некоја фитнес сала. Да не знаете каде има фитнес сала во центар, дебар маало поточно? :) Фала многу однапред.
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Од спортовите кои можев да ги изберам ко малечка и да тренирам, си ја избрав одбојката.
    Си поминав квалитетни 8 години,можеби и повеќе, тренирајќи. Ама ете, пуста ДНК, си останав ниска. Но :!: затоа си имав добро оформено тело, убави и не толку убави спомени зад мене... Го проколнувам само тренерот поради кој се откажав од спортувањето !!! И секако по откажувањето следуваше мало дебелеење и големо намалување на физичката спремност.

    Освен одбојката, ми се допаѓаат сите спортови во кои нема директен контакт со противникот.
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    И пинг-понгот е убав спорт / дисциплина за жената, односно секој спорт кој и одговара и има желба за него може да го спортува и да тренира, ќе успее само доколку има голема волја.
     
  9. Maarija

    Maarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Тренирам ракомет веќе неколку години , најпрво не ми се допаѓаше но сега го обожувам :)
    Се извишив , ослабев и ми се оформи телото , инаку не е важно кој спорт ќе гоо избереш , важно е одењето на тренинг да ти претставува задоволство , а не мачење .
    Поздрав :*
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Одбојка ! Трчање,извишување,тимска игра.. Посебно за жените, е :up:
     
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Се сложувам за одбојка,секогаш прво тоа ме асоцира на женски спорт.
    Јас сепак ги делам на машко-женски затоа што не се добри сите за убаво развивање на телото.За женско исто така ми се и тенис и гимнастика.Пливање не многу затоа што се шират рамениците и помалку растат градите.За ракомет не знам пола пола ми е.Има некои девојчиња што стварно се згодни,ама има и некои што се имаат премногу развиено :?: Има удел и генетиката нормално,ама не знам не можам да го ставам баш во женски спортови.Да не правиме муабет па што има и многу повреди.Имам другарки ракометаки со скршени носови,потреси на мозок и сл.
     
  12. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Jасно,те разбирам...И мене ми се грозни...незнам што им е убаво да изгледаат билдани,со огромни бицепси и сл.
     
  13. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Јас прво почнав со одбојка, тренирав 2 години...Последната година се запишав и на Спортско Качување, и продолжив со сите облици на планинарење...Секако по само една година стигнав и до репрезентација, и по 5-6 години се откажав...Пак почнав со одбојка, но ја повредив ногата....И еве сега сум инструкторка по фитнес и аеробик, и да ви кажам УЖЖЖЖЖИВВВААМ !!! :rofl:
     
  14. ubavicata123

    ubavicata123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    Здраво. во Дебар Маало има клуб Ламбада за аеробик, пилатес и др активности.Јас таму членувам веќе некое време и сум презадоволна, многу добри услови, супер тренер, искрено ти го препорачувам најдобриот клуб.
     
  15. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Гимнастика.. Тоа е тоа што јас го сакав и со задоволство го вежбав. Напредував, многу напредував. Бев вљубена во гимнастиката.
    Се стави точка на сето тоа. Моите не гледаа перспектива, а јас умирав од желба да продолжам.
    Ме носеа на пливање, па на ракомет. Немав волја за ништо од сето тоа.
    Она што го сакав ми го одземаа. Продолжив да си вежбам во домашни услови. Среќа што го правев тоа, до ден денеска сум еластична. Можам да направам шпага и ѕвезда. Си стојам на раце, си се тегнам :D
    Научив ногата на врат да си ја ставам, ако вежбав можеби ќе можев и двете. :D
    Гимнастиката направи да се чувствувам убаво во своето тело.
    Научив лекција дека имало или немало перспектива кога станува збор за спорт кои моите деца со огромна љубов и желба ќе го тренираат. Нема да го забранам.
    Дефинитивно гимнастика и балет ми се асоцијација за убава, згодна жена. :)
    Имав изразено желба и за балет, но моите тогаш "балерините ги биело лош глас". ГЛУПОСТИ!
    Ете затоа сега ништо не тренирам, затоа што се што јас сакав нив не им се допаѓаше.
    Инаку и тенисот е интересн спорт за женски, како и јавањето коњи. Само што ретко кој може да си го дозволи тоа. Тоа се луксузни спортови за нашите стандарди.
     
  16. podarokce

    podarokce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Јас 6 месеци вежбам Латино аеробик - познат како Зумба и Пилатес и секако дека соодветно за женско тело е движење во колкови...видете ги само во Бразил како се движат на карневалот во Рио Де Женеиро, видете ги Турчинките што прават со колковите, видете ги Шакира и Бјонсе Џенифер Лопез, Глорија Естефан ...доволно се тие примери. Нормално дека тоа е Женски спорт -Латино Аеробик Зумба, Пилатес.
    Јас вежбав на повеќе различни места и без резултати , бидејќи млитаво се движат тренерките, но овде кај што сум последни 6 месеци тренерот растура и ние по него исто. За тие што сакаат да пробаат -тоа е ЛАМБАда -во Дебар маало е. Јас продолжувам таму бидејќи после секој час мислам дека на плажа сум била од што е прекрасно чувството , музиката е Латино, со еден збор како да си некаде покрај море.
     
  17. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    каде поточно во Дебар Маало
     
  18. ubavicata123

    ubavicata123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    Кај Вардар Мебел во уличката лево.Можес да ги побараш на фб Lambada latin club, да се договориш.
     
  19. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    јас веќе 4 месеци тренирам карате , и многу сум задоволна :)
     
  20. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Дефинитивно гимнастика,одбојка,тенис и ајде еве ракомет,пошо тренирам веќе 10години,но прееееемногу груб спорт е,јас еве целата сум со повреди,прсти,колена,зглобови,а и од една утакмица имаш максимум 10 модрици на телото...па баш денес бев да си купам маст за модрици,ова е веќе претеризам,иде лето,треба малце да се подразголиме,а филингот не е ист ако имаш 3 модрици на едната,2 на другата рака,модро колено итн итн :D