Одбојка, убав спорт. Тренирав долго време, супер ми се оформи телото. Подоцна се откажав зошто знаев премногу ќе се извишам логика...
Шах! Се шалам, првпат кога дознав дека го ставаат во категорија спорт слатко си се изнасмеав Јас тренирав кошарка некој период и сега ми е малку криво што не продолжив , ќе си извишев малце повеќе, а и ќе си го оформев телото. Но , сепак премногу обврски имав , па немав време. Во иднина би сакала на зумба да одам , многу добар начин да се потроши негативна енергија , да се забавуваш , а истовремено да слабееш.
Ракомет! Многу ми е жал што престанав да тренирам, не дека е спорт за жената баш е груб ама пак. За жена типично одбојка, може кошарка, пинг понг, тенис, гимнастика.
Што и да се избере,да се тренира,пред се треба да биде со голема желба.Треба да се има љубов кон спортот.Ако веке не ве привлекува спорт како ракометот,кошарката,изберете Пилатес...
Може да ми даде некој повеќе информации за киг бокс...сака и јас да одам за тоа...дали треба да имаш одредена тежна и слични работи..... А инаку за жени еден од најдобрите спортови е тенисот.....
Според мене спортовите не треба да се делат на машки и женски. Секој спорт е убав за човек од било кој пол. Ако се делат на такви ако некое женско тренира „машки“ спорт што ќе се случи, ќе се претвори во машко?! Јас тренирам ракомет и супер ми е, извишив навистина многу, телото правилно ми се оформува и супер ми е. Летово мислам дека ќе одам и на пливање, порано навистина брзо пливав не сакам да си ја пропуштам шансата,а и езерово кај нас прекрасно е. Се сеќавам минатото лето во 9 часот рано на утро кога нема многу луѓе кога е мирно и убаво, кога сонцето не грее премногу, кога водите мирно брануваат. Рај...
професорката по физичко ми има кажувано дека спортовите не се делат на спорт за машки и спорт за женски, така да може да спортуваме се што сакаме но пред се да се има голема желба за тој спорт
Нема машки и женски спортови! Се зависи од физичката способност на организмот, бидејќи секоја девојка не може да се справи со многу напорни тренинзи. Мажите благодарение на мајка природа се понадарени за потешки т.е. посилни работи! Иако никогаш не го признавам ова , ама така си е Без оглед на се, нека не ве спречува ништо да се пробате во некој ,,машки спорт,, !!!
Глупаво ми е да делам било која работа дали е машка или женска ,тоа е индивидуално ,секој си знае што му леЖи најдобро... Ете ,најмашки спорт ( ако може да се нарече спорт ) ми е кечерството ,уфилмани ,набацани , се акаат од секаде ,глимци невидени ...Катастрофа ! За другите спортови немам такви поделби....
Не ѓи делам спортовите на машки и женски и мразам кога некој ке ми рече фудбалот не е за девојки Демек он е машко и е посилен па не сака да игра фудбал со девојка.Така ли?-епа една мала сопка при игра и веднаш на земја за друг пат 100 пати да размисли дали фудбалот е за машки или за двата пола.А и да не заборавам за гледање фудбал демек девојка сум и освен серии друго не знам да гледам.Како јас да не знам да гледам згодни фудбалери, да учам финти и да се расправам која е подобра екипа Инаку сега ме фати мерак и за тенис Спојлер добро де мерак по новото тениско игралиште
јас спортувам пливање(омилен спорт ми е),одбојка,во зима и на скијање одам некаде,тренирав и тенис ама веќе не
сите спортови се убави, кај секој спорт има различно обликување на телото затоа најдобро е да одлучите што сакате да направите од вашето тело и да почнете со тренирање, мене пливањето ми е најубав спорт иако не го обликува многу убаво женското тело,раменици без кукови многу мускули на грбот се си има свое....
Сите освен боксот ... хух гадно.... За кој како.. доколку тренираат со љубов сигурно ке успее во што и дае , а ако тренира општо за кондиција и некоја линија на телото пешачење, трчање и аеробик
Секој спорт кој и да го посака. Секоја жена има право на избор и ако сака да е фудбалерка нека е, ако сака да е боксер нека е, ако сака да е Ф1 возач нека е, ако сака да е хокеар нека е, ако сака да е рагбист нека е, само нека имаат желба за спортување. Јас не ги делам спортовите на убави и неубави, а ниту на машки и женски. Битен е спортскиот дух. Изборот на спорт е слободна и индивидуална работа. Не постои знак СТОП во спортот за упорна жена!
Ќе го издвојам само боксот, некако ми е премногу груб за жени ,другите мислам дека сите можат да бидат за жената!
Готвње за 10 минути, перење - рачно и машинско, бришење прашина во радиус од 20 метри, трчање по детето низ цел дом со пречки/сопки... Нема такво нешто. Секој го бива за некој спорт. Колку женски има подобри од машки во некои спортови ехеее. Единствено би ми било глупаво и смешно да видам жени кај што се `рваат. Инаку вака...се` е за човек.
Мене омилен спорт ми е кошарката но многу сум ниска и никако неможам да дадам кош, дури после неколку обиди но и тоа ретко се случува. Не знам дали да се запишам или не. Вие што би ми предложиле?
кошарка на ниски (како мене) одбојка тенис ракомет слушнав дека со ракомет се развивале некои делови на телото како на пример градите и задникот