Кои туристички дестинации се најефтини?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од WhiteAngel, 14 јули 2011.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Се извинувам ако темава е:
    непотребна
    дупла
    глупава
    не развива дискусија
    Во тие случаи нека се заклучи!

    Целта на темава е да ги исдискутираме дестинациите во и надвор од земјава каде може да се отиде со поплиток џеб! Скоро за сите попознати дестинации има тема, но овде нека се дискутираат строго цените: превоз, престој, храна, плажа, продавници, шопинг и нека се издвојат само оние дестинации кои се поефтини!
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.668
    Зависи од местото во државата кај одиш...пример Грција на краците и оние крф,закинтос....е поскапо од Пиериа...Јас Бугарија би ја издвоила за најевтина...Во несебар јадење,пиење, во ресторанти,искачања колку сакаш ,башка гардероба си купивме а потрошивме 150-170 тина евра за еден и тоа со спиење :lol:
     
  3. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    И Црна Гора не е скапа, барем Суто Море знам дека е баш ефтино. Албанија исто е ок, Валона на пример, бидејки е поблиску. И секако сите поблиски места- вон сезона!
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    108.172
    Во принцип никаде не е екстремно скапо,има само нијанси и варијации.Може да се прилагоди за сечиј џеб од една Грција по островите,па и Хрватска,да минеш со 200 евра ако толку имаш,ако правилно ги распоредиш и организираш.Зборувам за сместувањето(кое исто така може да биде скромно,но доволно,на крајот не одиш да векуваш,одиш да шеташ) и јадењето без расфрлања особени.
    Кај нас е лошото што превозот е скап и тоа најскап у цела Европа,па му доаѓа ти половина од одморот за него да го платиш...
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Најефтина ? Маврово земаш шаторот , ем покрај плажа, ем бањање (кое е опасно по живот) адреналин 100, ем сончање абе милина .... :rofl:

    Ефтини дестинации нема според мене , се е како ќе се прилагодиш. И Охрид што е Охрид ако сакаш да поминеш лусузно и удобно може да те чини колку одмор во Хрватска , Грција па и подалеку ....
    Горе доле се знае ... Оние со поплиток џеб ќе си ја изберат братска Грција , ќе одат на место поефтино ќе се стиснат како знаат да поминат поефтино.
    Останатите ќе одат на некој Грчки остров , ќе го поминат одморот како кралеви . И после Грција било скапо абе зависи пак ќе кажам. :?:
    Шпанија , Хрватска и подалечните се знае како е ако си имаш спремено доволно евричи :!: освен ако не планираш да стигнеш пеш до таму да спиеш под ведро небо и живееш од воздух .
    Во поефтините Црна гора , Бугарија , Албанија .... ( ок во поскромни услови )

    Јас лично барем кога одам одам ако ми дозволуват финансиите одмор каков што сум замислила со сите луксузи , и потребни и непотребни трошоци ... Стискање и штедење :shake: тоа не е одмор тогаш .
     
  6. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    jas godinava resena sum da odam Turcija- Kusadasi , so avtobus, i razgledvav edna ponuda, 269 E, vo hotel so porucek i vecera + prevoz, hotelot e na sama Lady Beach, so tri zvezdi, mislam deka ja iznajdov najubavata i najprifatlivata ponuda , sto vikate vie???
     
  7. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    Дефинитивно оваа година драстично ми се чини, барем мене, дека се разликуваат цените во Грција. Мислам острови, краци, Пиериа. Отсекогаш Пиериа била најевтина ама оваа година разликата со краците за смештај беше некаде дури и 150 или па повеќе еврики! Поскапо од смештај на островиве што е ептен глупо и без врска. Јас и ја одбрав Пиериа, толку дозволуваше џебчето, а и за тие пари е супер дестинација мене и онака мн ми се допаѓа делот под Олимп.
    Бугарија стандард евтино како и секогаш, се изјаснив неколку пати по др теми, дури и без пари да е не одам на толкав пат за да се бањам во базен.
    Албанија исто евтиноќа, ама мислам дека уште не се онака нај најразвиени. Мене лично ми е шубе(каков збор :D ).
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Еве јас би ја издвоила Албанија како поефтина(заборавив да го напишам ова во воведот). Пред неколку години бев во Драч/Дурус и беше ептен ефтино. Потрошивме многу малку пари, помалку од планираното, а трошевме, не дека не трошевме. Цените, колку што јас знаев да конвертирам пари, без пола цена од кај нас. А со ЦГ немам баш „ефтино“ искуство. Лани бев Будва и немаше ни е од ефтино. Добро, зависи за кого како. Ама за нас, македончиња, цените беа малку високи!
     
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.536
    Пол:
    Женски
    Валона е најевтина дестинација, во однос на цените таму во дуќаните во рестораните, секаде, а во однос на транспорт, е малку сакапо, и не е бас убав патот, и водата бидејќи се работи за Јонско море е поладна.
     
  10. blazos

    blazos Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    и дома во када да си пак треба да јадеш и пиеш, така да каде и да си, ако знаеш да организираш нема да поминеш многу поскапо од дома....
     
  11. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Ако може мислење каде е поефтино ПИЕРИА-Паралиа или НЕСЕБАР.колку што сватив до сега тие се едни од најефтините места (ако има поефтини кажете-освен Албанија).колку отприлика имате потрошено за 10 дена со превоз и смештај.
     
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.447
    Ние со ММ лани бевме Будва ( од 1 до 8 Јули) и беше навистина скапо. Само смештај најдовме поефтин 22 евра апартамн со сопствено ВЦ и клима и огромна тераса . Гирото беше околу 4-5 евра, кока-кола околу 2,5 евра Пиво околу 3 евра. Во ресторан да седнеш да вечераш така скромно со по 1-2 пијачки и по една пица ќе те фати околу 30 евра. Е сега зависи за кого -како е скапо. Ние за 8 дена потрошивме околу 700 евра со се смештај. Исто бевме и во пред 2-3 години во Несебар прееефтино беше. За 10 дена потрошивме околу 500 евра ама луксуз невиден имавме.
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    Па мислам дека туристичките места во Албанија се најевтини.
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.894
    албанија се најефтини...
     
  15. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Албанија е ефтина варијанта да,но јас никогас повторно не би одела,воопстоооо не ми се допадна,како ефтино мозе ке пробам бугарија годинава па да видам колку ке испадне ефтино,Несебар ми се вртка во глава па ке видиме...
     
  16. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Пред две год најдов сместување во Несебар за 5 евра, сместувањето беше обична соба со брачен, тв и тераса, делевме вц со уште еден пар, риби и пиво на песочна плажа за доручек секој ден, ручавме надвор, што доаѓаше и како вечера, искачавме во Сончев брег, фаќавме happy hour, автобусот беше мислам 30ден, макс 15мин возење, се враќавме пеш по плажа во 5 сабајле, не е баш блиску, али не е проблем да се изоди. :) Еден ден утепавме и во аква парк во сончев брег, што беше топ.
    Во принцип мене целиот одмор ме кошташе колку што ги кошташе моите другари во хотелско сместување во сончев брег- 170еур со се превоз 10дена, али без цигари, цигарите им се изгор.
    Несебар е преубав, посебно стариот дел, во срце ми е! :) За со дечко е супер местото, ќе се олабавите, ако ви се искача ке идете до сончев брег или ќе си шетате низ несебар, ќе се изнагледате згодни момци и девојки, ќе се заебавате со бугарите, ептен се фини.
    Е сега морето, морето во сончев брег е полно со алги, а во несебар не беше така. Единствен проблем е што има огромни бранови (не секогаш) и не е најтопло, во споредба со јонско. Али мене тоа ми беше уживање, најдобрите денови на плажа ми беа кога имаше бранови :). Друга работа што може да ве зезне во Бугарија е времето, мене ми се погодија два дена облачни (25.07-05.08 бев) , али среќа што фаќам боја одма, па не се замарав за сончање, темна отидов :).
    Мене лично бугарија секогаш ќе ми биде опција за ефтин одмор.
     
    На Nati.P и peperutka87 им се допаѓа ова.
  17. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    imase preku agencija gledav poln pansion vo hotel za okolku 180 evra..lani mi se vrtkaa takvi ponudi gledav nesto,za 10 dena mislam so se prevoz,nie planirame so bus da odime pa ke vidime kako ke ispadne :)
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    849
    Скрос се согласувам со ebola :) исто искуство имам и јас. Единствено не ми се допаѓа кога има бранови. Од вкупно 20 дена само еден ден беше мирно, како стакло. Е тогаш уживав ептен :D
    Пеперутке барајте си приватно сместување, многу поевтино ќе поминете. Сместување во Несебар, искачање во Сончев Брег, за двајца ви се доволни 400 евра, и превоз и сместување и ич нема да се стегате за пари.
     
    На peperutka87 и ebola им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.761
    Допаѓања:
    138.868
    А би одела во Бугарија за море или за базен?
    Прво кога ќе ми текне колку е далеку ми се одмилува, па после кога ќе помислам на морето ми се одмилува уште толку...
    Јас кога одам на одмор, одам за морето и ако морето не ми е по мерак, џабе е ефтино.
    Лежалки и базен имам и дома, зошто да тепам пат до таму..

    Во Албанија барем морето е убаво (ако ја погодиш локацијата!), ефтино е и можеш убаво да си поминеш..
    Пак ќе кажам, зависи каде во Албанија, затоа што е баш широк поим..
    Додуша, зависи и за што одиш..дали за одмор или за замор :)
     
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Па искрено до Бугарија би одела да сменам за ефтино место,морњто им е лошо но може ке фатиме некој ден со бранови да се намокриме,а се друго ми се допаѓа и ефтино и услуга има кај да шеташ по градчињата,а во Албанија се имам згрозено од местото колку е прлјаво бев во Саранда,значи од пешачката зона,до продавниците ,рестораните ,плажата,воопшто ништо не ми се допаѓаше,бевме сместени прв ред и 25 евра беше како што се сеќавам,нема кај да прошеташ и мисла дека се многу назад ама зборам за тогаш пред 7 год,а патот до таму е кршшшш,тој пат да го терам повторно никад више за да ја видам саранда,и во ксамиле бевме таму беше диво скроз,имасе по некоја куќа,плазата ептен тесна,морето беше многууу убаво ама многу ладно,така да се на се предност и давам на бугарија за ефтина дестинација него на Албанија:puke: