Кои туристички дестинации се најефтини?

Discussion in 'Патувања и одмори' started by WhiteAngel, Jul 14, 2011.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    12,014
    Likes Received:
    174,727
    Gender:
    Female
    Ние бевме еднаш пред 7-8 години и еднаш сега скоро..
    Бевме во Драч, ја имам посетено и Сарада ама патот до таму никогаш повеќе.. Не што е лош, туку такви долги патувања ич не сакам.. Па ќе стигнам до Лефкада бре за тоа време..
    Во Драч бевме сместени пред влезот на градот, имаше долга и што е многу важно, широка плажа, не да прескокнуваш преку нечии пешкири..
    Во центарот на Драч не би се сместила од проста причина што тие плажи се многу поблиску до пристаништето и водата не им е баш нај нај..
    Навечер, секоја вечер одевме или пешки или со кола до центарот на вечера или на пијачки и шетање..
    Е сега, кога на некои им велев пред Драч, сите ги асоцирав на она местото како се викаше.. Голем?!
    Не бевме таму, туку ако некој бил натаму сигурно ќе се сети, на влезот на Драч имаше еден како надвозник, подвозник, што и да беше:D сега како што гледам на мапа, таму кај што бевме ние го дава некој hotel majestic.. Значи околу 5км поблиску во правец накај Драч.
    Ама како што ми кажаа тие што беа лани, тешко да се најде слободно место на плажа, ако не си платиш за лежалка..
    И се изнапишав а ништо конкретно на темава не кажав хахахаха
    Сакав да кажам дека Саранда пред 7-8 год и денес е доста различна, како и Драч. Прв пат кога отидовме пред 7-8 год, тоа беше градежна зона, кај и да се свртиш се градеше некоја зграда.. Денес тој реон е малку поразличен..
    Цените се сеуште пристапни, квалитетот како кај нас, поуслужливи се него ние..
     
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Joined:
    Mar 6, 2013
    Messages:
    3,679
    Likes Received:
    2,933
    Бугарија и грчките острови. Верувале или не, поефтини се од краците.
     
  3. perduv

    perduv Истакнат член

    Joined:
    May 21, 2018
    Messages:
    49
    Likes Received:
    25
    Gender:
    Female
    Како млада девојка која студира, би сакала сепак да патувам надвор од државата. Кои се некои дестинации кои се поефтини за некој како мене? Може да се и на 1 ден или на повеќе.