1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои хороскопски знаци се вистински пријатели?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Snow-Queen, 29 мај 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.006
    Пол:
    Женски
    Кои хороскопски знаци се вистински пријатели?

    Астрологијата може да ви помогне да откриете дали е некој добар и верен пријател, дали е забавен или пак е злопамтило.

    Овен
    Тој е импулсивен, жесток и правдољубив, па затоа секогаш ќе притрча на помош кога е некој во неволја.

    Бик
    Бикот е доверлив, верен и посесивен. Кога некому ќе му стане пријател, тоа е засекогаш, но немојте да му се замерите раскажувајќи за некои други и подобри пријатели од него, бидејќи тоа нема да му биде баш драго.

    Близнаци
    Иако имаат доста пријатели, близнаците главно се потпираат на самите себе. Тие секогаш имаат неверојатно логични и прифатливи решенија за оние кои бараат помош од нив. Интересно им е и забавно да контактираат со луѓето и тоа го прават лежерно и неусилено. Близнакот е добар пријател, но и опасен непријател.

    Рак
    Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, туку ќе очекува да прочитате помеѓу редови каков проблем го мачи. Тој е големо злопамтило и доколку не му помогнете кога нему му е потребно, тој ќе чека момент кога ќе ве потсети на тоа. Поради променливото расположение, ракот е несигурен како пријател.

    Лав
    Лавот сака да им помага на другите бидејќи е великодушен, а му се допаѓа и благодарноста на луѓето. Тој повеќе сака да помогне, отколку самиот да зависи од нечија помош, па дури таа помош да е и од добри пријатели.

    Девица
    Девицата тешко можете да ја изненадите доколку ѝ се пожалите за неправдата што ви е сторена. Таа е секогаш спремна да се справува со неволјите, рационално гледа на нештата и со логика и објективност ги поставува работите на свое место. Девицата е непроценлива како пријател.

    Вага
    И покрај тоа што делува површно, вагата е голем пријател. Личноста родена во овој знак знае да сослуша, но не ѝ е баш драго да побара помош од пријателите.

    Скорпија
    Скорпијата никому не му е потребна како непријател, но ако ви е пријател, тогаш сметајте на безгранична посветеност. Доколку на скорпијата ѝ доверите некоја тајна, тоа оваа личност никогаш нема да го злоупотреби. Ако ја изневерите или разочарате, тогаш лошо ви се пишува.

    Стрелец
    Стрелецот е голем пријател, но внимавајте да не му се замерите, бидејќи може да ви се освети. Тој секогаш го зборува тоа што го мисли и е склон кон елитизам, па за пријатели бара некои слични на себе.

    Јарец
    Кај јарецот морате да поминете низ тестови и проверки за да му бидете пријател. Кога ќе побарате помош од него, тој ќе биде многу срдечен и полн со разбирање, но ако се случи да го „раскине“ пријателството со вас, тоа е засекогаш. Тој никогаш нема да заборави доколку го изневерите или излажете.

    Водолија
    Кога станува збор за нејзините пријатели, водолијата секогаш ќе најде оправдување, а пријателствата ги склопува лежерно и ноншалантно. Припадниците на овој знак ќе им помогнат на пријателите и потоа исчезнуваат, а благодарност не ни очекуваат, бидејќи се великодушни.

    Риби
    Рибите се родени психолози, па затоа нема подобро рамо за плачење од нивното. Тие се чувствителни и полни со разбирање и точно можат да ги почувствуваат сите ваши потреби. Кога пријателите ќе ги повикаат на помош, тие секогаш имаат време за тоа.
    Изворно
    _________________________________________________

    Ваши коментари за ова? :)
     
    На s.a.-95 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за Овен
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.183
    Пол:
    Женски
    Потполно точно :D како и за доверувањето тајна, најточно.Е сега не е баш точно за шкорпијата како непријател.
     
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Се е точно
     
  5. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    :up: :up: :up: :up: :up: :up: :up: :up: :up: :up:

    Лав
    Лавот сака да им помага на другите бидејќи е великодушен, а му се допаѓа и благодарноста на луѓето. Тој повеќе сака да помогне, отколку самиот да зависи од нечија помош, па дури таа помош да е и од добри пријатели.
     
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.661
    Пол:
    Женски
    Вага
    И покрај тоа што делува површно, вагата е голем пријател. Личноста родена во овој знак знае да сослуша, но не ѝ е баш драго да побара помош од пријателите.

    -Токму така.
     
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    780
    Ете така... :)
    Само добро е понекогаш и за нив да биде некој тука... :emo:
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    2.300
    Пол:
    Женски
    Рак
    Поради променливото расположение, ракот е несигурен како пријател.

    Да,да секако. :fubar:
     
  9. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    123
    3 oд 5 мои најдобри другарки се рак -.-'
     
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    16.145
    Јас ќе бидам оф топик ама ако да си кажам што си мислам :geek: вие раковите претерувате со вашето променливо расположение и сте несигурни и како пријатели и како партнери ,неможе човек да ве разбере и треба да има многу живци и да биде толерантен нели јас како девица кревам раце од вас значи стварно претерувате :) :P не го сфакај ова лично :!:
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    2.300
    Пол:
    Женски
    Секако дека нема ова да го сватам лично. :) :* А и да било за мене,ништо посебно.Јас си го знам мојот став и карактер.
    За оформување на еден карактер влијаат и многу други фактори а и поднзнакот.Инаку имаш право повеќето ракови се плачливи и лигави и со променливо расположение.Но сепак неможеш да тврдиш дека не постои одлучен рак. :wasntme:

    Се извинувам за офф-топик
     
  12. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Женски
    Рак
    Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, туку ќе очекува да прочитате помеѓу редови каков проблем го мачи. Тој е големо злопамтило и доколку не му помогнете кога нему му е потребно, тој ќе чека момент кога ќе ве потсети на тоа. Поради променливото расположение, ракот е несигурен како пријател.
     
  13. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    15.925
    Пол:
    Женски
    Точно така ;)
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Ракови и Стрелци,имам 3 најдобри другарки Стрелци :)
     
  15. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    499
    Лав сум, и се сложувам со напишаното. И за Близнаци и Скорпија е точно. ;)
     
  16. ana.8

    ana.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    52
    се согласубам за скорпијата ;)
     
  17. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Лав.. се е точно кажано :)))
     
  18. Sapphire

    Sapphire Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Рак
    Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, туку ќе очекува да прочитате помеѓу редови каков проблем го мачи. Тој е големо злопамтило и доколку не му помогнете кога нему му е потребно, тој ќе чека момент кога ќе ве потсети на тоа. Поради променливото расположение, ракот е несигурен како пријател.

    Јас сум рак и отприлика се ми е точно освен последната реченица ;) а за злопамтило .. па не би рекла дека сум големо :D
     
    На ljepa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ljepa

    ljepa Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Според мене најдобри другари се оние најемотивните знаци рак, риби и скорпија. Сигурна сум дека ракот и рибите се жртвуваат многу за другите луѓе и многу со емоции гледаат на секоја работа, дури и претерано.
     
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.093
    Пол:
    Женски

    So true! :nod:
     
    На thebesta му/ѝ се допаѓа ова.