Јарец Кај јарецот морате да поминете низ тестови и проверки за да му бидете пријател. Кога ќе побарате помош од него, тој ќе биде многу срдечен и полн со разбирање, но ако се случи да го „раскине“ пријателството со вас, тоа е засекогаш. Тој никогаш нема да заборави доколку го изневерите или излажете. Да се согласувам со ова тврдење. Јас сум јарец и ако прекинам пријателство со некој нема да го обновам истото.
Близнаци Иако имаат доста пријатели, близнаците главно се потпираат на самите себе. Тие секогаш имаат неверојатно логични и прифатливи решенија за оние кои бараат помош од нив. Интересно им е и забавно да контактираат со луѓето и тоа го прават лежерно и неусилено. Близнакот е добар пријател, но и опасен непријател. Последната реченица е најточна
Рак Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, туку ќе очекува да прочитате помеѓу редови каков проблем го мачи. Тој е големо злопамтило и доколку не му помогнете кога нему му е потребно, тој ќе чека момент кога ќе ве потсети на тоа. Поради променливото расположение, ракот е несигурен како пријател. Е ова за злопамтило вистина е богами
Потполно се согласувам, посебно за она поцртаното и затемнетото па сега вие размислете како ќе се дружете со мене
Што вели вашиот хороскопски знак за пријателството? Овен Овенот е импулсивен, жесток и правдољубив, па секогаш ќе ви притрча во помош кога сте во неволја. Бик Кога Бикот некому ќе му стане пријател, тоа е за сите времиња - сигурен е, верен и посесивен. Немојте да го навредите зборувајќи за некои други и подобри пријатели бидејќи тоа нема да му биде баш мило. Близнаци Иако има многу пријатели, Близнакот главно се потпира само на себе. Секогаш има крајно логични и прифатливи решенија за оние кои бараат помош од него. Се забавува да контактира со луѓе, тоа го прави лежерно и незадолжително. Добар пријател е, но и опасен непријател. Рак Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, од вас ќе очекува помеѓу редови да прочитате каков проблем го мачи. Ако не му помогнете кога му е потребно, големо злопамтило е и ќе чека момент да ве потсети на тоа. Поради променливите расположенија, тој е несигурен како пријател. Лав Лавот сака да помага бидејќи е великодушен и му одговара туѓата благодарност. Со задоволство им помага на другите, отколку тој да зависи од нив, па дури и да се работи за добри пријатели. Девица Девицата тешко ќе ја изненадите ако и се пожалите на неправдата која ви е нанесена. Девицата е секогаш подготвена да се фати во костец со неволјите. Рационално гледа на работите, па со логика и објективност ќе ги постави работите на свое место. Непроценлива е како пријател. Вага Иако делува површно, Вагата е голем пријател. Личностите родени во овој знак знаат да слушаат. Вагата не сака да бара помош од пријателите. Скорпија Скорпијата никој не ја сака како непријател, но ако ви е пријател, сметајте на безгранична приврзаност. Ако на Скорпијата и доверите тајна, тоа никогаш нема да го злоупотреби. Кога ќе ја изневерите, лошо му се пишува на тој која што ја разочарал. Стрелец Стрелецот е голем пријател. Внимавајте да не му се замерите бидејќи знае да се одмаздува. Стрелецот секогаш го зборува она што го мисли. Склон е кон елитизам и си бара слични пријатели. Јарец Кај Јарецот морате д аги поминете тестовите и проверките. Кога ќе побарате помош од Јарцот тој ќе биде срдечен и полн со разбирање. А кога еднаш ќе го „раскине“ пријателството, тоа е засекогаш. Никогаш не заборава ако сте го издале или изневериле. Водолија Водолијата за пријателите секогаш има оправдување. Пријателствата ги склопува лежерно. Му помага на пријателот и ја снемува, не очекува благодарност затоа што е благороден знак. Риби Рибите се родени психолози, па нема подобро рамо за плачење од нивното. Чувствителни се, а знаат и д аги почувствуваат сите ваши потреби. Кога пријателите ќе ги повикаат за помош, секогаш имаат време. Водолија Водолијата за пријателите секогаш има оправдување. Пријателствата ги склопува лежерно. Му помага на пријателот и ја снемува, не очекува благодарност затоа што е благороден знак. Точно а за вас?
Што вели вашиот хороскопски знак за пријателството? Рак Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, од вас ќе очекува помеѓу редови да прочитате каков проблем го мачи. Ако не му помогнете кога му е потребно, големо злопамтило е и ќе чека момент да ве потсети на тоа. Поради променливите расположенија, тој е несигурен како пријател. точно е
Што вели вашиот хороскопски знак за пријателството? Вага Туу ама е точно од збор до збор всушност.. Јас сум вага и знам многууу добро да слушам..поинтересно е тоаа отколку да зборуваш. И да..кога ми треба помош прво гледам во мене да ја најдам, сама да си помогнам, а ако не знам како тогаш се обраќам на најблискиот (најчесто татко ми, но што е изненадувачки, во последно време и мајка ми .)
Што вели вашиот хороскопски знак за пријателството? ...на работа понекогаш на милост ме викаат Mrs,hospitality...за секој се грижам...
Вага И покрај тоа што делува површно, вагата е голем пријател. Личноста родена во овој знак знае да сослуша, но не ѝ е баш драго да побара помош од пријателите. Јас сум верен пријател кој никогаш не бара помош од пријателите