Овните обично имаат проблем со прифаќањето на бракот. Како типични индивидуалци, и мошне активни луѓе со спортски и борбен дух, тие се склони кон индивидуалзимот, и животот како самец, и се секогаш динамични. Поради сето ова, голем број припадници на овој знак даваат отпор кон бракот. Токму затоа се впуштаат во „отворена“ врска или пак се врзуваат во подоцните години. Бикот пред се цени сигурност, пари, комфорт и уживање. Затоа секогаш настојува да се врзи, а по можност со личност која има дебел паричник. Ако успее во тоа, бракот ќе биде вечен. Но ако брачниот другар во текот на бракот осиромашни, не е исклучен разводот. За Близнаците важна е друштвеноста и движењето меѓу луѓето. Бидејќи со леснотија склопуваат пријателства, исто така може да склопат брак. Но уште полесно можат да го раскинат и да заминат во туѓа прегратка. Поголемиот дел на бранкови со Близнаците трае и подолго доколку нивниот брачен другар е друштвен, интересен брачен другар кој подеднакво како и тој сака да зборува, патува и да се движи во друштво. Исто така важно е интелектуалното ниво на врската но и тоа Близнаците во неа да се чувствуваат заштитени. Ракот е извор, срцето на семејството, тој е знак кој е склон кон бракот. Но, како вистински месечен знак, може да има променливи фази на расположението, но воглавно во младоста. Кога ќе созреат и кога ќе се одлучат за брак, нивната заедница е цврста како карпа, а тој е спремен да ја брани со целото срце и душа. Лавот може да биде одличен родител, и како вистински заштитник на децата, често се впушта во брак токму поради нив. Меѓутоа кај него има секогаш драма, па односите се полни со динамика. Сака да го задева брачниот другар, и умее да живее и над своите можности. Само поради суетата може да се впушти во врска со друга личност, но доследно ќе се врати на партнерот откако ќе го задоволи својот апетит. Девиците им придаваат значење на оние малите работи кои носат среќа, и токму затоа се вистински домашни мајстори, готвачи и градинари. Ако пронајдат партнер кој ги дели нивните интереси, може да наидат на фантастично уреден дом, куќа со практични работи, а исто така може прецизно да го организираат и заедничкиот живот. Овој знак знае да биде мошне внимателен, но и оној кој најмногу приговара, па кога се работи за бракот - се е возможно. Во астрологијата бракот се прикажува во седмата куќа во наталната карта, а како својот природен знак, Вагите се седми по ред во низата знакови и еквиваленти на седмата куќа на хороскопот - со што ги прави вечни трагатели кон својата подобра половина. Вагите се чувствуваат неисполнето кога не се во пар. Како природни последици на таквиот пристап кон животот, како и на светот околу себе, Вагите се едни од најсклоните знаци кон бракот. Кај Шкорпиите многу нешта се вртат околу еротиката и возбудувањето. За нивниот пат до бракот може да се употреби и латинската поговорка: Низ трње до ѕвездите. Најпрво ќе ги поминат сите можни препреки со саканата личност, а тука спаѓаат и љубоморните сцени, раскинувања и повторно смирување. Но, кога еднаш ќе се одлучат за бракот, стануваат едни од најдоследните партнери кои својата сакана личност ја поддржуваат и во добро и во зло. Она што не смее да се упропасти во нивниот брак е нивниот сексуален живот. Стрелецот сака слобода и не поднесува ограничувања, но е спремен да ја толерира својата сакана личност. Затоа кај овој знак можеме да наидеме на отворени бракови или пак брак во кој партнерите не се притискаат и немаат преголема контрола. Но, сепак има и такви кои се лојални па веднаш сакаат да застанат пред олтар и да ја официјализираат својата врска. Тоа се оние луѓе кои ја почитуваат легалноста и важно им е се да биде по законот. Кога станува збор за Јарецот за него е важно да успее во работата и да ја развие кариерата, за на своето семејство да може да му подари се. Тоа се однесува и за мажите и за жените. Има Јарци кои во младоста мислат дека бракот е чиста апстракција. Други пак не сакаат да признаат дека сакаат брак. Исто така има и такви кои бракот го склопуваат како веќе оформени личности, а често и богати. Кога еднаш ќе влезат во брак, мошне ретко излегуваат од него. Со нивната неконвенционалност и потребата за независност, Водолијата е знак за типичен индивидуалец, па бракот го доживуваат како нешто старо. Сепак, ако се најдат две друштвени личностим, можно е ваквиот брак да опстане. Но, и двата повеќе време ќе поминуваат со нивните пријатели, отколку во сопствениот дом. Ваквиот брак може да успее доколку партнерите ги толерираат меѓусебните разлики. Секогаш се работи за модерен пар, а често и за уметнички души. За Рибите се вели дека веруваат во љубов и дека се мошне романтични. Има и такви кои го идеализираат партнерот па после некое време поминато во брак се спуштаат на земјата, бракот се распаѓа а нивната верба во љубовта исчезнува. Некои продолжуваат да бораат љубов, а ако одолеат на искушенијата, и успеат да ги согледаат работите такви какви што се - бракот може да успее.
Воопшто не е точно, бар не за мене. Никогаш не сум барала партнер со пари, нити сум гледала богати. Тие подобро кажано, сум ги одбегнувала, не сум ни ги гледала ко нешто потенцијално. Не знам зошто биковите ги сметаат за материјалисти. Јас не сум тоа, воопшто не ми се битни некои материјални работи, воопшто не сум ни приврзана за нив, не сум барала ништо со што ќе се фалам пред другите, тоа ми е жива глупост. Се знае, добар живот кој ќе ти овозможи некои задоволства, али да бараш партнер само ради пари, незамисливо.
Ракот е извор, срцето на семејството, тој е знак кој е склон кон бракот. Но, како вистински месечен знак, може да има променливи фази на расположението, но воглавно во младоста. Кога ќе созреат и кога ќе се одлучат за брак, нивната заедница е цврста како карпа, а тој е спремен да ја брани со целото срце и душа. сосема спротивно од сегашното размислување-ама ке видиме
Ако коментирам индивидуално, не дека се плашам од бракот само мсилам дека животот не би можела да го посветам на една личност. Да имам деца огромно ДА , фудбалски тим ќе направам. Ама за маж, мислам дека непостои некој кој би ми го држел вниманието доволно за да се земеме и целиот живот да го поминам со него.
Ракот е извор, срцето на семејството, тој е знак кој е склон кон бракот. Но, како вистински месечен знак, може да има променливи фази на расположението, но воглавно во младоста. Кога ќе созреат и кога ќе се одлучат за брак, нивната заедница е цврста како карпа, а тој е спремен да ја брани со целото срце и душа. Точно е.
Во астрологијата бракот се прикажува во седмата куќа во наталната карта, а како својот природен знак, Вагите се седми по ред во низата знакови и еквиваленти на седмата куќа на хороскопот - со што ги прави вечни трагатели кон својата подобра половина. Вагите се чувствуваат неисполнето кога не се во пар. Како природни последици на таквиот пристап кон животот, како и на светот околу себе, Вагите се едни од најсклоните знаци кон бракот.
Овните обично имаат проблем со прифаќањето на бракот. Како типични индивидуалци, и мошне активни луѓе со спортски и борбен дух, тие се склони кон индивидуалзимот, и животот како самец, и се секогаш динамични. Поради сето ова, голем број припадници на овој знак даваат отпор кон бракот. Токму затоа се впуштаат во „отворена“ врска или пак се врзуваат во подоцните години.
Девиците им придаваат значење на оние малите работи кои носат среќа, и токму затоа се вистински домашни мајстори, готвачи и градинари. Ако пронајдат партнер кој ги дели нивните интереси, може да наидат на фантастично уреден дом, куќа со практични работи, а исто така може прецизно да го организираат и заедничкиот живот. Овој знак знае да биде мошне внимателен, но и оној кој најмногу приговара, па кога се работи за бракот - се е возможно. Е се е можно хахаха
Ракот е извор, срцето на семејството, тој е знак кој е склон кон бракот. Но, како вистински месечен знак, може да има променливи фази на расположението, но воглавно во младоста. Кога ќе созреат и кога ќе се одлучат за брак, нивната заедница е цврста како карпа, а тој е спремен да ја брани со целото срце и душа.
Кога станува збор за Јарецот за него е важно да успее во работата и да ја развие кариерата, за на своето семејство да може да му подари се. Тоа се однесува и за мажите и за жените. Има Јарци кои во младоста мислат дека бракот е чиста апстракција. Други пак не сакаат да признаат дека сакаат брак. Исто така има и такви кои бракот го склопуваат како веќе оформени личности, а често и богати. Кога еднаш ќе влезат во брак, мошне ретко излегуваат од него. Тоа е тоа....
Ракот е извор, срцето на семејството, тој е знак кој е склон кон бракот. Но, како вистински месечен знак, може да има променливи фази на расположението, но воглавно во младоста. Кога ќе созреат и кога ќе се одлучат за брак, нивната заедница е цврста како карпа, а тој е спремен да ја брани со целото срце и душа. Toчно не дека сум РАК ама стварно убав добаар ии искрен знак е..
Ајде стрелки и стрелци кај сте да се вклучите во темава,не знам баш за брак не велам дека не би стапил во брак, тоа би дошло како знакот јинг и јанг,има и добри и лоши страни. Нема ништо да кажам за лошите работи зошто никој не влегува во брак за да мисли на лошо. Брак уфффф па според мене е комплексна заедница каде работите се делат на двата брачни другари по некоја непишана логика. Кога би кажал нешто за бракот како хороскопски знак стрелец би било следново: Преку денот биди најтоплата прегратка на која би ја потпрела главата додека тешко воздивнува од секојдневието, бакнуваки ја на челото со зборовите прекрасна моја а навечер биди човекот кој сака секое утро да го гледа се повеке и повеке.
Ракот е извор, срцето на семејството, тој е знак кој е склон кон бракот. Но, како вистински месечен знак, може да има променливи фази на расположението, но воглавно во младоста. Кога ќе созреат и кога ќе се одлучат за брак,нивната заедница е цврста како карпа, а тој е спремен да ја брани со целото срце и душа. Колку е само точно ова уште не сум во брак,но точно вакви се моите погледи кон институцијата брак
Спред мене најколебливи се Стрелците,стрелецот има специфична индивидуалност има посебни интереси кон животот кој само тој ги разбира и се плаши да ги сподели со друг. Исто има интресни предизвици во љубовниот живот што често го наведва на превара. Подобро му е да живее како самотник и да ги остварува тајно и самостојно своите планови. Инаку знаат страсно дс се заљубаат и да изгубат глава,а за личностите што ги сака се дава,затоа што тој е дупло посреќен кога успева да ги направи среќни тие што се околу него и тогаш зрачи со сексуална енергија и неодолив шарм. Но дел од стрелецот секогаш е скриен и никогаш не можи да му ги прочиташ најдлабоките емоции и таман ќе се опуштиш со него како да си во стабилна хармонична врска тој ќе ти го заврти кормилото во сосема др насока и ќе те извади од колосек и ќе те напушти. Бидејќи стрелецот има детска душа,неуморен е и не сака да се смири,не знае да биди глава во семејство ниту столб во домот тој не може дс се справи со толкава одговорност и се плаши дека нема да ги исполни очекувањата,точно дека е работлив но се плаши да влези во светот на возрасните и неговата заработка е само за кревање на егото и за лична сатисфакција Точно е дека се интелектуалци и просветлени со мудрост и дека се насочени кон филозофијата и дека ја бараат смислата на животот со такви приказни сигурни ќе ве купи но со текот на време неговите дела ќе го кажат спротивнотот Затоа во близина на СТРЕЛЕЦ размуслувајте трезвено и не му дозволувајте туку така да ви влезе под кожа затоа што се соло играчи !!
Јас сум се метнала на овие што се лојални Како женско стрелец , би рекла дека жените стрелци не се толку колебливи , можеби тука има влијание и подзнакот . Точно е дека имам индивидуална природа и специфични интереси во животот , кои се плашам да ги споделам со секој , па затоа ги споделувам со луѓе за кои знам дека нема да ме гледаат ко да сум вонземјанин . Исто така се согласувам и за заљубувањето . Искусив на своја кожа , па личноста која ја сакам ја толерирам и кога е тој среќен јас сум уште посреќна од него . За тоа дека дел од стрелците е секогаш скриен си во право . Никој никогаш не ми рекол дека ми прочитал што ми минува низ глава . Дури и другарката со која пораснав , која знае како дишам , во одредени ситуации останува зачудена од моите постапки и размислувања . Би те демантирала во последниот дел од мислењето . Барем јас еве , не се плашам од бракот и обврските кои доаѓаат со него , се омажив и веќе 4 години сме во брак а 5 ипол години откако сме заедно . Имам детска душа , но во оние " детски авантури " секогаш го вклучувам и сопругот . Иако е бик , се погоди од оние " дете во душа " па секогаш успева да ме прати во ваквите , за наши години и ситуација , необични работи . Во светот на возрасните влегов дури и прерано , заработката не би ми служела како лична сатисфикација , туку баш напротив . Од секогаш сум сакала да помагам , ако не финансиски , тогаш со физичка сила . Интелектуалец сум и ја барам смислата на животот , но никако не спаѓам во соло играчите