Мислам дека насловот е јасен. Оваа тема е за секој да го каже своето мислеше и знаење за тоа кои хороскопски знаци си одговараат (на љубовен план). Ваква тема не најдов но ако има слободно клуч.
Јас ги најдов овие информации од 1 веб страна и се надевам дека се точни Девиците најмногу си одговараат со: скорпија, јарец, бик, рак. Овните најмногу си одговараат со: стрелец, лав, водолија, близнаци Близнаците најмногу си одговараат со: овен, лав, вага, водолија. Лавот најмногу си одговара со: вага, стрелец, овен, близнаци. Бикот најмногу си одговараат со: девица, јарец, рак, риби Ракот најмногу си одговара со: девица, скорпија, риби и бик. Вагата најмногу си одговара со: водолија, близнаци, стрелец, лав. Скорпиите најмногу си одговараат со: јарец, риби, рак и девица. Стрелците најмногу си одговараат со: лав, вага,овен,водолија Јарците најмногу си одговараат со: риби, бик, девица, скорпија. Водолиите најмногу си одговараат со: овен, близнаци, вага, стрелец. Риба најмногу си одговара со:јарец,скорпии,рак и бик
Информацииве се целосно точни а само ке додадам дека од сите можни 78 кобинации помеѓу сите 12 знаци меѓусебно за комбинација број 1 се смета онаа помеѓу Рак и Риба.
Можеби тоа е така но јас сум Рак, и не ми оди баш со рибите. Сум приметила, и во пријателството. А да прашам, си одговараат ли на пример лав и лав, девица и девица.. јарец и јарец ??
Во глобала односно поголем процент е точно тоа што го кажав но многу зависи и од подзнакот твој како и подзнаците на тие риби што си ги запознала.Истото важи и за другиве комбинации што ги имаш напишано.
Тоа значи дека те привлекуваат мачо типови.А Овен може да те одбере само ако си физички доста згодна и по можност секогаш да бидеш под него затоа што никогаш нема да дозволи ти да го потчиниш него.Во секоја работа овенот е прв на чело па така и во врската.
Јас сум близнак и апсолутно мислам дека близнаците не одговараат со водолиите, близнакот е еден од најтемпераментните и комуникативни знаци во хороскопот а водолиите се сосема спортивно... тие се смирени и сталожени спротивно од авантуристичкиот дух на близнаците. Ова го знаам и од чисто искуство.. сепак големо не.
Колку и да се разликуваат близнаците и водолиите сепак се земјени знаци,а спротивностите во темпераментите се привлекуваат.. за исти знаци знам дека најмногу си одговараат близнак со близнак јас инаку сум вага и имав искуство со близнак бевме во состојба едно ако треба и камче да го тупиме од полноќ до 6 сабаље а муабетот е секогаш читај меѓу редови -.-
И според мене рак и риби си одговараат. Исто и рак со рак,само незнам колку би траело... Рак и овен имаат само огромна привлечност меѓу нив,ама за врски малку потешки се бидејќи се два различни света... Со вага имаат меѓусебно разбирање и привлекување и таа врска успева,со водолија не одговара чести кавги се јавуваат...
Јас сум Риби и мислам дека најмалку си одговарам со Близнаци и Стрелец... Сум забележала дека ми оди добро со Овен иако велат дека водени со огнени знаци не се сложуваат многу... Со ова може да се согласам - имам добра комуникација со овие знаци...
Многу многу не верувам во ова...ова се само некои поклопувања на ѕвезди и размислувања/ставови на некој паметен. Јас сум јарец он е стрелец...и нормално дека сметам дека си одговараме.
Јас сум водолија тој рак а прекрасно функционираме макар што има голем разлика ете кај мене е одлично е сега дали имаат врска и подзнаците јас сум шкорпија тој вага незнам
Вага - Водолија важи а една од нјдобрите и најкомпатибилни комбинации ,докажано на дело Истото важи и за Вага - Овен ,само што не знам од лично искуство.