И не беше зборот дека тие деца на родители со хороскопски знаци од ист елемент биле глупи, туку дека од нив тешко излегува вонредно дете, од типот на Моцарт или Ајнштајн. Статистички, истакнати научници, уметници, државници, биле деца на родители во знаци од различен елемент.
Бик: Елемент: Земја Група: Емоционална Поларитет: Позитивен Омилена боја: Плава Владејачка планета: Венера Спротивен знак: Скорпија Среќен камен: Емералд Период: 20 април - 20 мај Силни страни: Сигурен, трпелив, музикален, практичен. Слабости: Тврдоглав, бескомпромисен, посесивен. Карактеристични белези: Цврсти, големи коски, тенденција да се здебелат. Сакаат: Градинарство, готвење, работа со раце, музика, романтика, квалитетна облека. Не сакаат: Ненадејни промени, компликации, несигурност од секаков вид, синтетички ткаенини. Најдобра средина: Дома блиску до природата. Добрата храна е важна, како и убавината и удобноста. P.S. Како ме погодиле абе баш како јас да сум го пишувал ова за самиот, уствари CTRL C/V (COPY-PASTE) му направив. http://faktor.mk/koj-so-kogo-si-odgovara-lubovnite-kombinatsii-na-horoskopski-znatsi/
Близнаци и Рак-=невозможна мисија-Комбинација смрт-врската ужас*од лично искуство кажвам јас сум Емотивно ракче.
Како пар Близнаци и Бик многу лошо располагаат со пари. Располижението на Бикот се менува често и е нервозен ако не е материјално задоволен. Биковите се материјалисти. Близнакот сака расправии и го навредува Бикот, но Бикот нема намера да се расправа. Попрво би си дремнал. Си одговараат зошто Близнакот е избувлив, а Бикот е постабилен. Невкусните шеги од Близнакот не му се смешни на секој, а Бикот како да не ги слуша.
Јас заклучив дека со никој не си одговарам. И најдобрата комбинација во хороскопот риби + рак ја имав... лажги со опашки е тоа.
Јас и мажот ми сме овен, имавме долга врска и во брак сме година ипол и одлично се разбираме. Како помали во пубертет и тинејџери повеќе се каравме ама еден без друг неможевме. Има некој други како нас пар овен?
Ќе избега близнакот. Лавот не сака лаги,а близнакот а зине а излаже. Површни се и дрски ако не им одговара нешто. Се што им е убаво го расипуваат. Неверни знаци. За лав и шкорпија може да успее само ако се спушти гардот на ниво, лавот сака да команда а шкорпијата не сака контрола.
Боже ме сачуј. Јас сум лав со девица не се поднасам. Јас со машко јарец очите му ги копам,а со женско јарец се согласувам. Јарците женски се директни многу и се одлични пријатели. Со машките јарци оди разбери се.
Хаха бикот не сака мн замарање и е ладен во однос на лавот. Се извинувам за пост под пост од тел сум.
Тешко... Скорпија си е со Јарец или со Риби. Жената Лав сака контрола и вниамние, а Скопијата маж не секогаш може сто посто да се посвети на таква сериозност.
Ти си женско овен, епа какво мислење имаш за женски рак? Имаш некоја поблиска женска личност што е ракче во хороскоп? Како се сложувате? И што си мислиш за неа? Сестра... Другарка.... Мајка... Баба... Братучетка.
Е па сега разгледав на ФБ кои имаат тогаш родендени , и тие што ги видов не ми се допаднаја. Повеќето се школски со кои едвај сум зборувала со некои сум се карала, не сум ги поднесувала во моја близина, едноставно и ко ќе зборувале ми сметало ми биле дволични, лицемерни... Исто видов и некои роднини што се рак жени, не ги поднесувам, ради реда зборувам со нив - заради татко ми, премногу ми се креваат на високо. И по ова значи рак жени не поднесувам. А од моето семејство немам рак жена ни маж.