1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои хороскопски знаци си одговараат?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Lady-in-white, 22 јули 2012.

  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    мене истото ми е со водолија...
    водолиите ми се премногу сериозни,
    одев со машко водолија и ми беше скроз монотоно.. све исто па исто, муабет не можев да сврзам цело време само јас зборав како навиена а тој само кимаше со главата..
    затоа сакам да кажам дека близнаците се по темпераментни, сакаат авантури, а водолиите се смирени..
    зависи, некогаш таквите спротивности се привлекуваат..
    инаку мислам дека си одговарам со шкорпијата моја :inlove:
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Огнени ( Овен ,Лав и Стрелец ) со воздушни (Вага ,Близнаци и Водолија)
    Водени ( Скорпија ,Рак и Риби ) со земјени ( Девица ,Бик и Јарец)

    Како и комбинација на знаци кој припаѓаат на истиот елемент.

    Кратко и јасно.
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Лавот најмногу си одговара со: вага, стрелец, овен, близнаци.
    Со близнаци не и двајцата сме многу инатливи....
     
  4. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Лав и шкорпија ? :)
     
  5. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски

    Е ова за водоолите нема врска дека се смирени и сталожени. Напротив тие се најголеми авантуристи и секогаш се во потрага по нови нешта. Тие се најнесмирените знаци. Е сега можеби има некои исклучоци ама ептеен ептеен малку се 5% од 100% :)
     
  6. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Според мене, најголем Фактор на компатибилност е вашиот знак во Месечина. Сродни дyши се тие што имаат натална Месечина во ист знак, т.е Месечините им се споени во синастрија (натална карта за парови). Според вашите сончеви знаЦи (попyларните "xороскопски знаЦи") може и да не си одговарате, но ако имате сложни Месечини (месечина во ист знак, или во огнен и/или воздyшен - тоа е "yаng" месечина, или и двајЦата ако имате "yin" месечина т.е во земјен и/или воден знак) во тој слyчај ќе се осеќате како да се знаете отсекогаш, ќе има некоја необјаснива xемија меѓy вас, ќе се разбирате и без зборови. Сродни дyши. Дрyг Фактор е наталната Венера на женското и наталниот Марс на машкото. Си одговараат оние во огнен и воздyшен елемент, и оние во земјен и воден. Дрyг показател е наталниот Марс на женското и наталната Венера на машкото. Ако твојот Марс е во ист знак со неговата Венера или твојата Венера со неговиот Марс, вашата врска не само што е дyxовна тyкy и изразено сексyална. Проблеми во врската можат да настанат доколкy имате спротивставен Марс на една оска. На пример ако твојот Марс е во БлизнаЦи а неговиот Марс во СтрелеЦ, вие ќе имате чести расправии, нема да можете да се разберете. (дрyгите оски се Овен-Вага; Бик-Скорпија; Рак-ЈареЦ; Лав-Водолија; ДевиЦа-Риби)
     
    На MarchelineAmaru, martovsko cveke и vetre им се допаѓа ова.
  7. dlove

    dlove Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    mene me interesira dali si odgovaraat strelec i jarec
     
    На homealone му/ѝ се допаѓа ова.
  8. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    На почетокот, љубовната врската помеѓу стрелец и јарец може воопшто да не напредува и партнерите да се чувствуваат како да немаат ништо заедничко. На некој начин, овие два знака се спротивни типови на личности. Стрелецот е енергичен, лекомислен, има чудни идеи, прилично е нетрпелив, постојано сака да учи нешто ново и секогаш импулсивно се впушта во нови работи. Јарецот пак е пасивен, срамежлив, се фокусира на деталите и секогаш бара некој проект, на кој ќе ја употреби целата негова енергија. Токму нивните разлики се причината зошто оваа врска може да успее на долг рок, бидејќи тие можат многу работи да научат еден од друг.Стрелец и јарец – љубовна комбинацијаКога сè уште не се познаваат доволно, стрелецот и јарецот можеби нема да гледаат никаква поента во нивната врска, ниту ќе имаат волја да поминат преку маaните на својот партнер. Стрелецот понекогаш знае да биде нескротлив, а јарецот арогантен и „надуен“. Но, кога еднаш ќе одлучат да престанат да се фокусираат на маaните на својот партнер, стрелецот и јарецот ќе ги увидат нивните поединечни квалитети. Стрелецот може да го научи јарецот да живее „од денес за утре“, радувајќи се на секое ново искуство кое го стекнува во животот и ќе му ја даде на јарецот потребната слобода. Јарецот пак ќе го научи стрелецот да обрнува повеќе внимание на деталите, ќе му помогне да сфати дека малите нешта можат да бидат многу значајни и ќе му даде совети како да ја контролира неговата импулсивност и темпераментност. Стрелецот може да го доживува јарецот како премногу сериозна и одговорна личност, па ќе му помогне да најде начин да се релаксира, разведри и забавува. Јарецот може да го обвини стрелецот дека се однесува премногу бунтовнички и неодговорно. Кога ќе застанат на иста бранова должина, овие партнери всушност можат да научат еден од друг многу убави манири.

    Стрелецот е управуван од планетата Јупитер, а јарецот од Сатурн. Јупитер во јарецот внесува потреба за постојано едуцирање и интелектуален развој, како и „среќна ѕвезда“ која може да му донесе успех во животот. Сатурн пак е симбол на амбициозност, одговорност, трудољубивост, посветеност и неуморност – карактеристики кои го одбележуваат јарецот. Нивното меѓусебно влијание може да биде многу позитивно и да ги истакне најдобрите квалитети на двајцата партнери. За да се случи тоа, стрелецот и јарецот треба да научат да се почитуваат и да се повлечат еден чекор назад кога не се согласуваат со мислењето на партнерот, за да се избегнат недоразбирањата.

    Стрелецот ќе го научи јарецот како да биде поспонтан, додека истовремено од него ќе „ црпи“ стабилност, одговорност и рационалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој прави филозофско истражување и кога ќе дојде до одреден заклучок предлага идеи и нови работни проекти. Јарецот пак се потпира на реалната и фактичка состојба и преферира практично да ја остварува работата.

    Овие партнери имаат навистина различна емоционална структура. Додека јарецот размислува за последиците од неговите постапки, стрелецот обожава да истражува, да ја пронаоѓа вистината и да собира искуства, а тоа го прави за свое лично задоволство. И покрај тоа што овие партнери може да имаат проблем да се разберат поради нивните спротивни дефиниции за морал, ако успеат да ги тргнат нивните разлики настрана, тие можат да бидат навистина прекрасен пар, како резултат на нивните комплементарни карактери.

    Стрелецот не е секогаш лидер во оваа врска или поттикнувач на мотивација и ентузијазам. Тој едноставно кога има добра идеја на ум и смета дека може да даде свој придонес во реализацијата на истата, ужива да ја зазема таа улога. Стрелецот и јарецот можат успешно да работат кон реализација на заеднички цели и да немаат никаков проблем околу тоа, кој каква улога зазема.

    Најдобриот аспект од нивната врска е ефективноста која може да произлезе ако заеднички работат на надминување на малите пречки кои се јавуваат на почетокот на нивното запознавање. Нивните
    карактери, кои се различни во многу нешта, ја прават нивната љубов вредна, успешна и моќна.
     
    На dlove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Najdobro se soglasuvam so Strelec,Lav,Ribi,a najmalce so Jarec, Skorpija.
     
  10. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ..... 8) ....во мојот живот пролази еден РАК,ама се покажа како добар испит,лекција и на крај казна,чии последици ги носам 2 години во душава и срцето.....е сега, еден БИК се наоѓа околу мене,ама...ми е страв пак да не бидам повредена како претходниот пат.....овие 3 месеци оди добро па ке видиме... :lol:
     
  11. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
  12. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    си одговараат ли лав и водолија??
     
  13. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    34
    Па не мислам дека баш и многу си одговараат. Овните можат лесно да избувнат, викаат и често пати знаат да навредат без да размислат какви зборови користат. Раковите се многу емотивни и се си земаат здраво за готово.
     
    На martovsko cveke и Бисерче95 им се допаѓа ова.
  14. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Е немора да значи во мојата врска не е така :P има некоја средина.. 8)
     
  15. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Навистина е така врската помеѓу вага и водолија е една од најдобрите комбинации, поради тоа што тие се дополнуваат еден со друг. А исто така и како пријатели и како соработници многу добро функционираат :)
     
  16. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Овен - бик? Што мислите за оваа комбинација?
     
  17. malecka91

    malecka91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    68
    Јарец-Рак си одговараат?
     
  18. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Си одговараат Лав и Стрелец? :)
     
  19. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Одговараат Близнаци и Девица?? :$
     
  20. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    бик со бик
    бик и рак