Да забележав, не знаат што сакат еднаш едно сакат еднаш друго. И мислам цел живот ќе патам по него, ми беше прва љубов, пред него се беше детски. Но, еве сега си е пак со бившата овој пат за сериозно, јас не знам дали и ќе се опоравам некој ден. Офф наместо да си терам со животот јас пак прашувам дали ни одговараат знаците, кога не бидува и не бидува.
Раковите се вода, но бараат “оган“ речиси секогаш кај партнерката. Мислам дека огнот ја доведува нивната кардинална к-ка да дојде до израз. Меѓутоа, што кога ќе се заситат? Се враќаат по земјени или водени знаци, воздухот не ги привлекува, мислат дека е плиток за нив, што до некаде е и така, зависи кој како гледа. Дали му го знаеш подзнакот, или месечината? Друго, Лавот можно е да посака по некое време и слобода,а Ракчињата се мн.емотивни,па и клинги фор дет метер, па можат да го фатат со клешти партнерот,да не може да дише, иако се несвесни за тоа, едноставно така функционираат. Мој омилен знак покрај Водолија и Скорпија.
Оф не му знам подзнак, како може да го откријан познакот, ако треба час на раѓање не знам друг начин имали? А како можам да откријам за месечината како се тоа определува? Инаку не нема шанси тој да фати со клешти партнер ги пушта да си одат, поконкретно он ги остава, откачува.
Вагите сакаат повеќе слобода и забава. Јас како шкорпија (воден знак) не можам да ги поднесам вагите, така да не знам и ракчето како воден знак колку може да издржи со вага.
Пропаст Погледни и подзнак и месечина, ама ако барем едниот е типичен близнак или риба, пиши пропало. Плус ако сакаш успешна врска со риба, мора на грб да го носиш за да не изгуби интерес дотичниот, да не го фати депресија. Ако си спремна да си кловн 24/7 бујрум
Инает левел 200 од двете страни. Макар што јас бев таа што попушташе, односно прва правев иницијатива да се реши нешто. Како друштвени лица се добри, комуникативни, теми за разговор до утре. Ќе ти обрати внимание, барем кај мене така беше ама се по нивно да е сакаат. Како да имаат некоја замислена цел како според нив треба да изгледа една врска и не прифаќаат ништо друго поразлично, ниту некој да им менува работи. Барем кај мене беше вака. Од искуство, овен или водолија со јарец- неуспех.