Се дури има слога и разбирање че најдите заедничка крстосница и јазик. Ко че се осети дека го искористуваш на некој начин е дури тогаш е неподносливо.
Не го искористувам ја за нишо затоа излеа е срцка 95% од времето. Али знам за со некоја бивша шо го изварала дека многу се скарале, сам ми кажуваше дека после грдо се осеќал шо се испокарал толку на раскинување, не било негов стил али дека дознал на грд начин така се испонашал. Али бил средно и така да се смее на тоа сеа, детско понашање.
Ракчево што ви го зборев изглеа не ме ферма више... до негде и у право е, толку време идеше по мене и сеа мене ми текнало дека требало да му дам шанса ако ми е, памет за друг пат коа сакам да се докажам како јарец
Не Муабетот беше после карантин да се видиме, арно ама не пишува веќе си кажа дека му е тежок период, ама реално ако сакал ке пишеше до сега нешто.
Да не те демотивирам, али мене ако ми е тежок период и ако ми значи ептен личноста и ако ми пиши дека е отворена за разговор или било што уште повеќе ќе ми биди мило.
Јарците се инаетливи (неретко и на своја штета), поинтровертни. Понекогаш малку размазени, но многу амбициозни и итри. Тешко изразуваат емоции, за разлика од рибите, кои се многу чувствителни и емотивни. Кога ќе се заљубат, се трудат максимално околу партнерот. На момент може да делуваат и посесивно. Љубоморни. Со оглед на тоа што Јарците се посветени на се’ што вистински ги интересира, мислам дека жарот во врската двете страни би го одржувале константно. Како и во секоја друга врска, останатото би се препишувало на компромисот.
Ама сме имале убави длабоки муабети, ми се отварал за некои ствари знае дека може да ми пише. Искрено, јас одкако прекинав прва да му пишувам го нема самиот да пише. Мислам дека не е во ред некој цело време прв да пишува и одтука дојдов до заклучок дека не ме ферма веќе.
Остави го тогаш. Ракот ако е заинтересиран и заљубен е внимателен и не би осетила никаква празнина или негативно чувство.
Раковите имаат тенденција да се затвараат во себе и својот свет. Можеби му е убаво да остане сам моментално, сигурно смета дека не е доволно добро друштво. Сакаат да остават убав впечаток и се грижат за мислењето на другите за нив, баш зошто се преемотивни. Мој совет, остави го некое време, но не го заборавај. Пиши му следно ти и дај му до знаење дека може да ти верува. Многу го ценат тоа.
Знам, ваков беше прв пат кога се запознавме... го оставам сега, се чувствувам дека сум го испуштила возот.... Едино сега за роденден ке му пишам и тоа е тоа. Веројатно вака требало да биде. А сакам да си имам ракче за партнер
Болдираново баш го пишав дека во последно цело време јас прва пишував и супер е коа ке му пишам мислам у стил не ме откачува, но одкако прекинав да пишувам прва него го нема да пише, затоа не знам колку е паметно да продолжам да му пишувам.
Ја го одбивав мојот со месеци, а овој ептен упорен беше. Ама и ја топло ладно играв така, де ќе му пишувам, де не. Не знаев шо да праам, неодлучна бев, пишував баш пред некој ден у темата као се запознавте. Али мислам упорни се ако запнат, 24/7 ми пишуваше, од 7 сабајле до вечер до 2-3ч, на секое стори риплај, дури си викав леле овој па веќе. Додуша не знам дали ептен бил затрескан у мене па затоа толку зашо иначе срамежлив е вака и другарите коа ме упознаа ми кажуваа шо маки имале дур да е у врска со мене, вика никад така за девојка не не смарал, си рековме баш е оваа е таа вистинската излеа чим другаров толку запна за неа. Иначе пред тоа не ни имал некој богат љубовен живот, пребирлив бил, прва сериозна врска сум му ја. Зависи, срамежливи се вака имав и еден другар баш рак, но знам дека коа му се засвиѓа една и планини поместуваше да идат на дејт и успеа. Еве ги 3г со неа се. Може само те тестира дали ќе го побараш. Пробај пиши му прва, зашто да не. Па види после фидбекот. Шала на страна од хороскоп и се тоа. Може мисли дека е досаден...
Е овој дел не го имав прочитано ако си го пишала, извини. Тогаш да, само остави го. Ама немој да си правиш филмови у глава дека веќе не е заинтересиран, зашо можно е да згрешиш. Ако му се дешава нешто ептен сериозно, верувај дека ќе се затвори у себе и ќе одбегнува комуникација. У првиот момент кога ќе се врати на своето, ако има чувства и интерес ќе те побара. 5 години бев во врска со рак, моментално пак сум у фаза на смирување. И истово ми се дешавало, мал милион пати.
Можеби изгубил интерес за контакт веќе,ни прв ни последен човек што ќе му здосади нешто што уште не ни почнало. Не му пишувај,види како ќе оди понатаму. Ако го нема нека е жив и здрав,ни прв ни последен дечко на планетава.
За жал му се случува и баш затоа сакав да оддржам контакт за да му дадам до знаење дека сум тука. Знам дека ме тестира, тоа баш е во нивна карактеристика И на ова сум спремна. Јас од една страна изгубив волја да му пишувам па затоа оставам времево да покаже Сепак за роденденот само ке го испочитувам како што е редот...
Ако почне разговор за роденденот, значи навистина било тест. Ако не, нема смисла веќе пак да те тестира и да си игра. Сепак, they always come back.