Може да биде, имаат слични ставови за многу работи, вагата го смирува лутиот бик. Инат знаат и двајцата да бидат, ама се наивни во суштина, и вагата и бикот. Супер ми се мене биковите (јас сум вага), и жените и мажите бикови супер ги поднесувам, а богами и тие мене.
Аууу, оваа комбинација според мене е "смртоносна." Немам добри односи ниту со скорпии, ниту со јарци, никогаш не ми одговарале, затоа и вакви енергии кога ќе се спојат, знае да биде опасно.
На почеток ќе биде супер, додека не се откријат, зошто тешко глумат, а и не трпат ништо што не им одговара, ниту едните, ниту другите. Според мене тешко да потрае долго, евентуално едниот да се помири и да попушта многу повеќе, амааааа тешко тоа.
Мене ме интересира шкорпија и вага колку си одговараат, дали се вклопуваат и колку долго може да тераат? Spoiler не е за мене
Си одговараат, можеби да се спротивни знаци за одредени работи, но сепак како што викаат спротивностите се привлекуваат. Од три бивши и двајцата ми беа шкорпија, единствено нешто што ми сметаше кај нив беше нивната перверзност, таинственост и што сакаа се да биде по нивно, а доколку им се спротиставеш или ќе ти се налутат или ќе се однесуваат ладно спрема тебе додека не им попуштиш.