И според мене водолија и вага се најдобра комбинација јас сум водолија, дечко ми вага. Имаме многу разбирање. Ретко се караме, се разбираме без зборови.. Цел живот сум со близнаци околу мене( мајка, брат, најдобрата другарка) најдобрата комуникација ја имам со нив. Близнаците се покомуникативни ама тешко дека се потемпраментни и поавантуристи од водолијата. Водолијата прави муабет само ако сака, и не со сите. Тоа ми е од искуство. Знаејки го мојот карактер, машка водолија во близина не сакам. Не се сложувам со скорпија, лав, бик. И не ги сакам ни во близина.
Ме интересира како се одредуваат тие знаци во натална месечина и марс и венера, ако можеш да објасниш подетално или да ме упатиш на некој сајт каде би можело тоа да се направи Инаку во врска со темава, момнтално сум со еден рак, а јас сум јарец, можеби мааалку е монотоно од моја страна ама тој често знае да ме извлече и да направи да биде интересно
http://www.0800-horoscope.com/birthchart.php тука може да ги добиеш параметрите на наталните карти а потоа спореди со напишаното од Lenni. кога ќе стиснеш calculate ќе ти бара уште една потврда за местото на раѓање, и пази уште еднаш провери нешто да не се изменило од она што си пополнила, па стисни продолжи. ако не знаеш час на раѓање обележи го квадратчето, а името не е ни битно, може празно да оставиш. место на раѓање обавезно. поздрав
Јас незнам што ксмет имам.. И претходниот дечко и сегашниот се вага.. Страв ми е дека и вториов како него ќе испадне на крај, а се разликуваат цели 3 дена од раѓање.. Инаку јас сум Скорпија, он вага.. коментар за совпадливоста од ваш апсект? Пошто за мене ова е шпанско село, а баш ме заинтересира темата