Цел живот ме привлекуваат само машки кои што се бик или скорпија.. Не знам што ќе беше работава Не верувам во хороскоп,но тоа ми е ептен weird Сите досегашни партнери,дури и симпатии,ми се или бик или скорпија Знаете нешто повеќе за комбинациите Вага- Скорпија и Вага-Бик? За разонода малце
Аи леле. Комбинациите ти се топ. Биковите често губат контрола и не сакаат компромиси, особено машките, додека Bагите сакаат секаде да има баланс. Така да, би рекла не според мое видување. Скорпија, се жалат постојано, но можат да се трпат. Зависи до тебе.
Јас двете личности што сум ги сакала во мојот живот биле Шкорпија и Девица. И сега тој што ми се допаѓа е девица. Каков е односот на јарец со овие два знака?
Јас сум риба, и за некоја беља се ми се погодувале некои стрелци, шкорпии, последниот беше вага и сегашниот, врвот на се - девица! Во целиов живот, најмалку контакт сум имала со девици, а од тоа што ги имам запознаено ми се троа нервозни, љутковци (што е понекогаш слатко) ,љубоморни и мрчала понекогаш. И се си викав, абе само девица да не е , и ете ко за инат сега. Од другиве знаци мислам дека со шкорпија си одговарам така-така, машкиве риби за чудо користољубиви можат да бидат, ракчињата и биковите ми се добри, по некој овен може да се најде, вагите нешто чудно што ме привлекува кај нив а не можам да опстанам со нив, со близнаци, стрелци на крај не излегувам, мислам дека се најлоша можна комбинација. Леле, како можев да ги заборавам водолиите! Мислам дека топ би се согласувала со нив. За девица веќе кажав, ама ај ќе видиме сега.
^ Објаснува некои работи, а? Девица и риби Инаку јас порано се занесував со ова, ама откако сфатив дека всушност најдобрата астролошка комбинација ми беше најлошиот обид за врска (дури ни врска не стана) досега, само му реков на хороскопот „Да бе, ти ќе ми кажеш“ и го надоместив заморувањето со такви глупости (со коишто ниту порано не се замарав којзнае колку) со спознавање на вистинските знаци коишто ќе ми помогнат да одлучам дали е нешто вистински избор или не е.
Според мене Јарец и Скорпија најмногу си одговараат. Имаат многу слични особини, слично размислуваат. Имаат и некои различности, ама сепак си одговараат. Јас сум Јарец и си знам
Вагата најмногу си одговара со: водолија, близнаци, стрелец, лав. Скорпиите најмногу си одговараат со: јарец, риби, рак и девица. баш убаво си се сложуваме со партнерот така да и родителите мои се сложуваат убаво а пишува дека не си одговараат според хороскоп...
Рак (женско) и Бик (машко)? Али не копирајте од кафе пауза имам прочитано триста пати сакам ваше мислење
епа вака : огнени знаци (Oвен Лав Cтрелец) земјени знаци (Бик Девица Jарец) воздушни знаци (Близнаци Вага Водолија) водени знаци (Pак Шкорпија Pиби) огнени + огнени = одговараат огнени + земјени = не одговараат огнени + воздушни = одговараат огнени + водени = не одговараат земјени + огнени = не одговараат земјени + земјени = одговараат земјени + воздушни = не одговараат земјени + водени =одговараат воздушни + огнени = одговараат воздушни + земјени = не одговараат воздушни + воздушни = одговараат воздушни + водени = не одговараат водени + огнени = не одговараат водени + земјени = одговараат водени + воздушни = не одговараат водени + водени = одговараат НАЈМНОГУ одговараат : Овен - Вага Бик - Шкорпија Близнаци - Стрелец Рак - Јарец Лав - Водолија Девица - Риби
вага и бик дека биков избувлив спремен за кавга а вагава воспоставува рамнотежа бикот ужива во нежностите на вагата а вагата во стабилноста на бикот. венера им е заедничка планета. иако на почеток се сосема спротивни подоцна наоѓаат заеднички.нешта. јас и дечко ми сме бик и вага и делот со рамнотежата и избувливоста е точен и тоа дека сме многу различни но според хороскопов ке биде поинаку во иднина. се надевам.