Кога веќе снегот е главна тема, дознајте кој хороскопски знак е љубител на зимската магија, а кој не. Што мислите? Мене ми е погодено во главно. ОВЕН Овенот сака акција и нема да го помине времето пишувајќи статуси на Фејсбук („Паѓа снег“ и „Ова е погледот од мојот прозорец“), веќе на првите снегулки ќе излезе надвор на мавање со топки и правење Снешко. Овенот ужива во животот, неповрзан за временската прогрноза. БИК Бикот е хедонист, но само кога е на топло и сигурно. Во снегот ќе ужива само со камин, топло чоколадо и филм. Ќе ужива во погледот преку прозорец, но никако нема да сака да излезе на мавање со топки, затоа немојте ниту да се обидувате да го наговорите, бидејќи само бадијала ќе се изнервирате. БЛИЗНАЦИ Близнакот е прилагодлив, зашто подеднакво ужива и во сончање, но и го мавање со топки. Нема прв да иницира романтична прошетка и уживање во снежната магија, но секако радо ќе во прифати повикот и ќе ви се придружи. РАК Како некој што ужива во фамилијарното опкружување и познат како емотивец, го обожава овој период од годината! Нова година, Божиќ, слава, правење Снешко - сето ова е она во што Ракот ќе ужива и ќе го направи по среќен и исполнет. ЛАВ Веќе во септември планира скијање, така што на првите вести за снех, веќе ќе биде на некоја фенси дестинација и ќе се загрева за скијање или сноуборд (snowboard). Сака да се докажува и натпреварува, затоа овој период од годината секако ќе го искористи за тоа. ДЕВИЦА Девиците се прилично сериозни и нема да се возбудат околу снегот. Кај децата може и да помине, но уживањето во зимската магија кај возрасните, за нив е банално. Само ќе чекаат да помине зимската лапавица, за да можат да им се вратат на своите омилени удобни патики. ВАГА Вагата е спремна да го дочека првиот снег: обувки, зимски гуми, топла капа, се е тука. Секогаш добро организирана и ова ќе го дочека спремна, а потоа веднаш тргнува во правец према природата. Прошетка, чист воздух, и по тоа убаво вино, за нив нема поголема радост. СКОРПИЈА Скорпијата обожава се` што е поврзано со зимата и зимските спортови. Има изразен спортски дух и желба за победување, затоа многу добро владее со зимските спортови. Обожава лизгање и скијање, и едвај ќе дочека за да се докаже! СТРЕЛЕЦ Стрелецот е вечно дете и авантурист, така што едвај дочекува да излезе на мавање со топки снег и ќе го „малтретира“ целото друштво, додека сите не се појават, бидејќи ужива во тоа да ги собира луѓето. Никој нема да ужива повеќе од Стрелец во глетката од 15 луѓе како се глупираат на снегот. ЈАРЕЦ Чудно е како може типичен зимски знак како Јарец, воопшто да не ужива во било што, кое има врска со зимата. Ќе ја толерира, но нема да ужива во зимската магија. Во овие моменти попрво се замислува себеси на некој топол остров и на големо го планира летувањето. ВОДОЛИЈА Водолијата ќе падне во екстаза штом здогледа снег, и ќе го испланира цел викенд, но од тие планови ништо нема да се случи, затоа што Водолијата е едноставно таква. Ќе се запали, но многу брзо и поминува волјата и сепак ќе остане пред ТВ и нејзините омилени серии. РИБИ Рибата ќе ужива во глетката, но нема да излегува надвор ако не мора. Ќе се намести покрај прозорецот и со часови ќе ги набљудува снегулките, но во исто време ќе ужива во топлото, и ни најмалку нема да посака да се навлажни надвор.
Се пронаоѓам во ова, ама деифинитивно, значи НАЈДЕФИНИТИВНО раковите не се уживатели во снегот, снежните прошетки и купиштата снег. Барем не некој како мене. А не дај Боже некој да ми центрира снежна топка - ќе гори во пеколот уште истиот момент кога ќе го помисли тоа, мухахаха. Се шалам, ама за мавањето со топки и падни-стани патеките со купишта снежна покривка - НЕ! А фамилијарните собиранки, празничните атмосфери енд соу он - не можам да дочекам.
Јарец, да знаат да ме фатат периоди кога ме нервира снегот...ама тоа се само неколку дена во целата зима. Или кога треба да се наоблечам со 30 парчиња на мене е тогаш се нервирам и сакам да е лето. Ама дека не уживам и не ја сакам зимата е не е точно.
СКОРПИЈА Скорпијата обожава се` што е поврзано со зимата и зимските спортови. Има изразен спортски дух и желба за победување, затоа многу добро владее со зимските спортови. Обожава лизгање и скијање, и едвај ќе дочека за да се докаже! Мразам студ, така да и зимата не ми е омилена... го сакам белилово надвор, ама не сакам клизачи и кашави улици
РАК Како некој што ужива во фамилијарното опкружување и познат како емотивец, го обожава овој период од годината! Нова година, Божиќ, слава, правење Снешко - сето ова е она во што Ракот ќе ужива и ќе го направи по среќен и исполнет. Баш така, се ми е погодено
Прв пат нешто да не ми се погоди во врска со науката Јесте дека го сакам снегот и уживам во него ама за скијање дефинитивно не .Јас и скијањето како магаре и козметички салон Два различни поима.
ВАГА Вагата е спремна да го дочека првиот снег: обувки, зимски гуми, топла капа, се е тука. Секогаш добро организирана и ова ќе го дочека спремна, а потоа веднаш тргнува во правец према природата. Прошетка, чист воздух, и по тоа убаво вино, за нив нема поголема радост. Oсвен што не пијам вино ( и не уживам во него ми смрди ) , другото е точно
ВАГА Вагата е спремна да го дочека првиот снег: обувки, зимски гуми, топла капа, се е тука. Секогаш добро организирана и ова ќе го дочека спремна, а потоа веднаш тргнува во правец према природата. Прошетка, чист воздух, и по тоа убаво вино, за нив нема поголема радост. Годинава снегов пријатно ме изненади ,споредено со минативе зими. И се е точно ,освен виното - од сесрце го мразам!
БЛИЗНАЦИ Близнакот е прилагодлив, зашто подеднакво ужива и во сончање, но и го мавање со топки. Нема прв да иницира романтична прошетка и уживање во снежната магија, но секако радо ќе во прифати повикот и ќе ви се придружи. Точно е.Ама сега ми се чини дека зимата повеќе од летото ја сакам.
Знам и сакам да уживам во зимската магија, но повеќе би сакала да седам дома, отколку да уживам во снегот. Има моменти кога го сакам снегот, но се навистина ретки.
Конечно мојата најомилена зима и тоа фала богу снежна. Ова напишаното е пола пола точно али дефинитивно паѓам во екстаза штом има снег, расположење џоа 7 на лото сум добила.
ДЕВИЦА Девиците се прилично сериозни и нема да се возбудат околу снегот. Кај децата може и да помине, но уживањето во зимската магија кај возрасните, за нив е банално. Само ќе чекаат да помине зимската лапавица, за да можат да им се вратат на своите омилени удобни патики. Ама ич не е точно со душа го чекам снегот и му се радувам како мало детенце исто како син ми а може да се каже дека некогаш сум и бетар од него
Барем за мене е навистина точно.Иако не го сакам многу ладното време,снегот го сакам премногу.Кога врне снег,со часови би шетала по улиците.Сакам кога одам и снегот под мене крцка.Убавини. И за рибиве е точно.
Делумно точно Зимурлива сум, така што тоа не ми дозволува да уживам во снегот. Ама ако сум на планина, знам како мало дете да растрчувам низ двор со маливе, или да правам снешко.
Зависи до расположение.Секогаш сакам кога сум опкружена со луѓе кои ги сакам и почитувам и кои се позитивни.Празниците ги сакам ама многу гужви не сакам. Само поблиски луѓе кога сме.