1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои хороскопски знаци уживаат во снегот?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Elennaa, 11 декември 2012.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Кога веќе снегот е главна тема, дознајте кој хороскопски знак е љубител на зимската магија, а кој не.
    Што мислите? Мене ми е погодено во главно. :)

    ОВЕН
    Овенот сака акција и нема да го помине времето пишувајќи статуси на Фејсбук („Паѓа снег“ и „Ова е погледот од мојот прозорец“), веќе на првите снегулки ќе излезе надвор на мавање со топки и правење Снешко. Овенот ужива во животот, неповрзан за временската прогрноза.

    БИК
    Бикот е хедонист, но само кога е на топло и сигурно. Во снегот ќе ужива само со камин, топло чоколадо и филм. Ќе ужива во погледот преку прозорец, но никако нема да сака да излезе на мавање со топки, затоа немојте ниту да се обидувате да го наговорите, бидејќи само бадијала ќе се изнервирате.

    БЛИЗНАЦИ
    Близнакот е прилагодлив, зашто подеднакво ужива и во сончање, но и го мавање со топки. Нема прв да иницира романтична прошетка и уживање во снежната магија, но секако радо ќе во прифати повикот и ќе ви се придружи.

    РАК
    Како некој што ужива во фамилијарното опкружување и познат како емотивец, го обожава овој период од годината! Нова година, Божиќ, слава, правење Снешко - сето ова е она во што Ракот ќе ужива и ќе го направи по среќен и исполнет.

    ЛАВ
    Веќе во септември планира скијање, така што на првите вести за снех, веќе ќе биде на некоја фенси дестинација и ќе се загрева за скијање или сноуборд (snowboard). Сака да се докажува и натпреварува, затоа овој период од годината секако ќе го искористи за тоа.

    ДЕВИЦА
    Девиците се прилично сериозни и нема да се возбудат околу снегот. Кај децата може и да помине, но уживањето во зимската магија кај возрасните, за нив е банално. Само ќе чекаат да помине зимската лапавица, за да можат да им се вратат на своите омилени удобни патики.

    ВАГА
    Вагата е спремна да го дочека првиот снег: обувки, зимски гуми, топла капа, се е тука. Секогаш добро организирана и ова ќе го дочека спремна, а потоа веднаш тргнува во правец према природата. Прошетка, чист воздух, и по тоа убаво вино, за нив нема поголема радост.

    СКОРПИЈА
    Скорпијата обожава се` што е поврзано со зимата и зимските спортови. Има изразен спортски дух и желба за победување, затоа многу добро владее со зимските спортови. Обожава лизгање и скијање, и едвај ќе дочека за да се докаже!

    СТРЕЛЕЦ
    Стрелецот е вечно дете и авантурист, така што едвај дочекува да излезе на мавање со топки снег и ќе го „малтретира“ целото друштво, додека сите не се појават, бидејќи ужива во тоа да ги собира луѓето. Никој нема да ужива повеќе од Стрелец во глетката од 15 луѓе како се глупираат на снегот.

    ЈАРЕЦ
    Чудно е како може типичен зимски знак како Јарец, воопшто да не ужива во било што, кое има врска со зимата. Ќе ја толерира, но нема да ужива во зимската магија. Во овие моменти попрво се замислува себеси на некој топол остров и на големо го планира летувањето.

    ВОДОЛИЈА
    Водолијата ќе падне во екстаза штом здогледа снег, и ќе го испланира цел викенд, но од тие планови ништо нема да се случи, затоа што Водолијата е едноставно таква. Ќе се запали, но многу брзо и поминува волјата и сепак ќе остане пред ТВ и нејзините омилени серии.

    РИБИ
    Рибата ќе ужива во глетката, но нема да излегува надвор ако не мора. Ќе се намести покрај прозорецот и со часови ќе ги набљудува снегулките, но во исто време ќе ужива во топлото, и ни најмалку нема да посака да се навлажни надвор.
     
    На GordanaL, rici.aaaaa, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Нема врска ова :D
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Се пронаоѓам во ова, ама деифинитивно, значи НАЈДЕФИНИТИВНО раковите не се уживатели во снегот, снежните прошетки и купиштата снег. Барем не некој како мене. ]:)
    А не дај Боже некој да ми центрира снежна топка - ќе гори во пеколот уште истиот момент кога ќе го помисли тоа, мухахаха. :D Се шалам, ама за мавањето со топки и падни-стани патеките со купишта снежна покривка - НЕ! :devil:
    А фамилијарните собиранки, празничните атмосфери енд соу он - не можам да дочекам. ^_^
     
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Колку нема врска за Јарциве ..
    НАјвише уживаме у зима деф.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јарец, да знаат да ме фатат периоди кога ме нервира снегот...ама тоа се само неколку дена во целата зима. Или кога треба да се наоблечам со 30 парчиња на мене е тогаш се нервирам и сакам да е лето. Ама дека не уживам и не ја сакам зимата е не е точно.
     
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски

    СКОРПИЈА
    Скорпијата обожава се` што е поврзано со зимата и зимските спортови. Има изразен спортски дух и желба за победување, затоа многу добро владее со зимските спортови. Обожава лизгање и скијање, и едвај ќе дочека за да се докаже!

    Мразам студ, така да и зимата не ми е омилена... го сакам белилово надвор, ама не сакам клизачи и кашави улици
     
  7. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    РАК
    Како некој што ужива во фамилијарното опкружување и познат како емотивец, го обожава овој период од годината! Нова година, Божиќ, слава, правење Снешко - сето ова е она во што Ракот ќе ужива и ќе го направи по среќен и исполнет.

    Баш така, се ми е погодено :lol:
     
  8. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Прв пат нешто да не ми се погоди во врска со науката :^) Јесте дека го сакам снегот и уживам во него ама за скијање дефинитивно не .Јас и скијањето како магаре и козметички салон :lol: Два различни поима.
     
  9. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    ВАГА
    Вагата е спремна да го дочека првиот снег: обувки, зимски гуми, топла капа, се е тука. Секогаш добро организирана и ова ќе го дочека спремна, а потоа веднаш тргнува во правец према природата. Прошетка, чист воздух, и по тоа убаво вино, за нив нема поголема радост.
    Oсвен што не пијам вино ( и не уживам во него ми смрди ) , другото е точно :)
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    ВАГА
    Вагата е спремна да го дочека првиот снег: обувки, зимски гуми, топла капа, се е тука. Секогаш добро организирана и ова ќе го дочека спремна, а потоа веднаш тргнува во правец према природата. Прошетка, чист воздух, и по тоа убаво вино, за нив нема поголема радост.


    Годинава снегов пријатно ме изненади ,споредено со минативе зими.
    И се е точно ,освен виното - од сесрце го мразам!
     
  11. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    НЕ Е ТОЧНО,НИШТО!
     
  12. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    БЛИЗНАЦИ
    Близнакот е прилагодлив, зашто подеднакво ужива и во сончање, но и го мавање со топки. Нема прв да иницира романтична прошетка и уживање во снежната магија, но секако радо ќе во прифати повикот и ќе ви се придружи.

    :) Точно е.Ама сега ми се чини дека зимата повеќе од летото ја сакам.
     
  13. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    100% ТОЧНО
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Знам и сакам да уживам во зимската магија, но повеќе би сакала да седам дома, отколку да уживам во снегот. Има моменти кога го сакам снегот, но се навистина ретки.
     
  15. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Конечно мојата најомилена зима и тоа фала богу снежна. :inlove: Ова напишаното е пола пола точно али дефинитивно паѓам во екстаза штом има снег, расположење џоа 7 на лото сум добила. :rofl:
     
  16. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    ДЕВИЦА
    Девиците се прилично сериозни и нема да се возбудат околу снегот. Кај децата може и да помине, но уживањето во зимската магија кај возрасните, за нив е банално. Само ќе чекаат да помине зимската лапавица, за да можат да им се вратат на своите омилени удобни патики.


    Ама ич не е точно :) со душа го чекам снегот и му се радувам како мало детенце исто како син ми :D а може да се каже дека некогаш сум и бетар од него :lol:
     
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Барем за мене е навистина точно.Иако не го сакам многу ладното време,снегот го сакам премногу.Кога врне снег,со часови би шетала по улиците.Сакам кога одам и снегот под мене крцка.Убавини. :inlove: :rofl: :rofl:





    И за рибиве е точно. :lol:
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Делумно точно :)
    Зимурлива сум, така што тоа не ми дозволува да уживам во снегот. Ама ако сум на планина, знам како мало дете да растрчувам низ двор со маливе, или да правам снешко.
     
  19. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Зависи до расположение.Секогаш сакам кога сум опкружена со луѓе кои ги сакам и почитувам и кои се позитивни.Празниците ги сакам ама многу гужви не сакам. Само поблиски луѓе кога сме.
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    за мене не е бас погодено :)