1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кокино

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од starbucks, 17 јули 2011.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Кокино е мегалитска опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, односно 35 km оддалеченост од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“, а името го добила по најблиското село Кокино. Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 год.од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово,. Таа е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време. Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето. Камените маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците - на 21 март и на 21 септември - изгрева точно на Исток и заоѓа точно на Запад. Потоа постепено има отклонување до 45 степени. Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика.

    Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на стените се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето. Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=STkpsk45c58

    Што мислите вие за ова? Сте биле ли во Кокино и какви се вашите впечатоци и мислења за оваа опсерваторија?
     
    На Cosmic Girl, kikikikirika и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Vaga03

    Vaga03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    никогаш не сум била..ни па знам што се дешава таму?...хмм
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Кокино ни е национално богатство ,само штета е што никој не вложува труд и средства за да се откријат многуте неоткриени факти за него .

    Голема желба ми е да го посетам ,ме интересира уште откако дознав за него !
     
  4. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    ...имам одено,пред 2-3 години и некако ништо посебно не се заинтересирав тогаш што,како :fubar: СЕга да сум,ќе потпрашам сигурно,ама тогаш....ц.ц.ц деца. |(
     
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    EEEJJJ mnoogu ми е мака што вакви коментари за Кокино сте оставиле. И јас така бев иста ама еве што ми се случи. Пред неколку месеци на патување запознав еден млад Англичанец и кога му реков од кај сум се сепна. Ми вика на телевизија гледал емисија за Кокино и толку многу го заинтересирало тоа што се договорил со луѓе од Англија да дојдат да го видат. И така си направиле една екскурзија. Човекот воодушевено ми раскажуваше за Кокино и ми покажуваше слики мислејќи дека јас сум била таму а јас само знаев Кокино оти е опсерваторија и толку :headbang: :headbang: Вели дека одвај чека да се разоткрие повеќе за сметањето на времето и пак да се врати да го посети. Значи младичот е Англичанец што ја шетал буквално цела Европа и кажува ’’Каков Стоунхеџ, Кокино е 100 пати повредна опсерваторија’’.

    И се чукнав јас одма по глава. :headbang: :headbang: :headbang:
    Си викам ’’ Еј Кикиритче Кикиритче, како не тие срам плаќаш пари за да одиш во странство по одмори а едно Кокино што било ко Стоунхеџ да не одиш да го видиш’’ . Како се вратив во Македонија одма отидов таму и стварно треба уште да се истражува ама и да се среди. Странски туристи идат пи**а му мајчина нека се направи малце нешто, не така тоа да нема од каде сокче да си купиш.
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Во кокино имам отидено баш околу 12 часот навечер беше многу онака ,,скери,, , немавме што да правиме навечер од град со друштво па ни штракна ајде кокино ќе идеме и ок ние сите толку ни фали ајде. Местото навечер е престрашно земајки во предвид дека има шумски ѕверки, но гледката е прекрасна просто како да си на небо и мислиш ако кренеш рака ќе дофатиш некоја звезда. Нешто неописливо прекрасно. Е сега нели штета што бевме навечер и неможевме убаво да прошетаме и разгледаме убаво ниту па да се распрашаме што како и каде :tmi:
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Сум била и прекрасно е. Пробав да закачам слики мои ама ми вели многу се големи :(
    Инаку за среќа имаше таму еден човек, како водич кој ни објасни се по ред. Незнам дали е цело време таму, дали тоа му е работа или ние имавме среќа, ама да не беше човекот немаше така да се воодушевам од местото. Не вркаше, ни покажуваше од кои места на кои карпи треба да биде местоположбата на сонецето, каде седеле набљудувачите, како идела процедурата. Стварно неверојатно. Ни даде и едни ко скриптички со слики и текст објаснети работи
    Значи кога ќе идете прво добро информирајте се или бидете сигурни дека ќе има некој да ви објасни. Ако немате појма и таму нема никој тогаш нема да видите ништо повеќе од куп карпи
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Прекрасно е...Бевме така друштво собрани и отидовме таму, нема зборови со кој може да се опише тоа....Стварно е прекрасно :)
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не го имам посетено, а сакам. Оваа година, тие што не дојдоа Турција на екскурзија, ги носеа Кокино и не беа нешто задоволни. Не знам што очекуваа дека има...веројатно луна парк и шопинг центар. Па вистина, правеа некои скиснати фаци, аман Боже, како на колење да биле.
    Јас пак многу сакам да отидам до таму, знам какво е значењето за Македонија на таа опсерваторија и затоа сакам да ја посетам. И прва прилика патот под нозе и правац Кокино одам. :)
     
  10. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Абре како во Кокино пола не сте биле?! :o Кокино навистина ни е национално богатство и да го форсираа толку, како на пример Охридското Езеро - ќе биде главна македонска атракција. Се имам качено до горе скорз и тоа е филингот! Какви камени фотељи има да ти е мерак да седнеш. :D За луѓе кои се занимаваат со сангејзинг е прекрасно.
    Место кое вреди да се посети! :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ја бев пред некој период и тоа баш пред зајдисонце. Преубав поглед. Не дека е нешто средено, слаби се со информациони табли, патот едвај го најдовме, ама сепак вредеше. Треба уште да се инвестира таму.
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ајде доаѓај на гости во Ку-во и ќе те водам :)

    Абе убаво е да се види не да не ама ако нема водич кој ќе ти покаже што и како од кој камен претставува и кое е значењето, ќе гледаш само камења и ништо нема да ти биде јасно.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не сум била никогаш во Кокино, но би сакала да отидам.Имам фотографии што ми ги дадоа, а сликнати се некаде приквечер и се гледа како паѓаат ѕвезди, преубави ми се :) Мене ме интересираат вакви места, посебно поради историјатот :D , некако се обвиткани со некоја мистерија,посебни се, а и преубави.Вакви места треба да бидат заштитени.Мислам дека е предрагоцено тоа што ги има, бидејки оставаат траги од минатото, па човек може да си има некаква перцепција за минатото и сегашноста во исто време.Убави места има нашата Македонија, само треба да знаеме да ги зачуваме, бидејки таквите места се богатство за една земја.
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Бев Кокино пред една година мислам.Како победници на еден натпревар и ајде Кокино ќе не носат.
    Е ајде,тоа.
    Ама пазете сега ситуација.Си ги поддржувам јас рекламите од Владава,за истражи ја Македонија.Мојата мила ем драга професорица,не знаеше каде е Кокино и што е. :lol: :rofl:
    Ај остајте тоа. Јас да ви кажам девојки дека си поминав преубаво,многу убаво местенце е.
    А јас си ги обожавам ваквите местенца,а посебно историјатот. Кога ќе се искачиш најгоре се чустуваш како да си блиску до небото.А за карпите да не правиме муабет,кое волшебство се.
    Малку ми беше терет,дур се искачиве догоре бидејќи беше многуу жешко,ама ич не зажалив.Се испајќаше одењето. :lol:
    Кокино е местенце кое непроценливо богатство за нашава земја.
    Од мое искуство девојки ви кажувам,ако некогаш ве води патот кон Куманово,обавезно да си го посетите Кокино,затоа што има што да видите и нема да зажалите ;)


    А и уште нешто,многу сакам да видам изгрејсонце или зајдисонце од ова место. :lol:
     
  16. lostfeniks

    lostfeniks Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Е деца деца и јас ги терав учителките на моите деца да научат па да им објаснат .Хахаха а колку научија не знам.Ама јас како чистачка им држев предавање за оваа тема.
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Одамна се мислев дали да одам. Незнам дали е добар патот до таму и дали ќе се исплати одењето. Дали има нешто интересно да се види?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.252
    Патот не е нешто лош. Пред година дена бев и дупки по патот немаше. Проблем е што нема ниту кафе таму каде да се напиеш или нешто да си купиш. Само тоа што дала мајка природа.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ova kako od reklama na mrt :)
    Jas dosega ne sum zapoznala stranec koj bil voodusheven od zemjava, taka da, ne znam kaj gi naogjate. Zaprashani, davaat po nekoj dobar komentar od kultura, veruvam deka go gledaat kako iskustvo plus... ama daleku od fascinirani.
     
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Интересно местенце, посебно доживување е да се отиде на зајдисонце, има за пешачење бааги, ама ништо страшно. Вреди да се посети. Фали инвестиција, уредување, штета што ништо не се презема на тој план. Атракција е за туристи, а да нема каде да се купи/испие пијачка, стварно е срамота. Кога бевме со друштво, имаше таму еден постар човек, кој ни објасни се’, но сепак треба местово да се организира на многу повисоко ниво.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.