Јас се мачкав и прво имав подобрување, ама само што ке ми потпоминеше некоја акна, ми се појавуваше друга, значи зборам за страшни поткожни болни огромни акни. Се мачкав и на новата, и се така во круг. Таман се подзалечила една, се појавила друга. Сфатив дека од прекумерно користење на маслото ми се појавуваат страшни поткожни акни. Од кога престанав да го користам, престанаа и да ми се појавуваат. После некое време истото го направив и со кантарионово масло(мислев со него има ефект). Прво ќе ми се залечеа, па нови огромни. Значи претерување со било какво масло не е на арно. Си ја научив лекцијата и сега без масла сум скроз ок.
Секоја година или секоја сезона си има своја „чудотворна храна“ што има лековити својства, лечи од се, дури и од рак, помага за се, слабее, билда мускули итн. Едно време тоа беше сојата, па потоа алое верата, па поскоро спирулината, лененото семе, па и ова кокосовово масло. И обично ваквите работи почнуваат со една пропаганда кај доктор Оз или некоја интернет статија која новинарите ја напумпале за да добие на читаност. Овој моментум го користат компаниите и ќе почнат да произведуваат од магичната храна во најразлични видови и форми со дополнителна реклама. Штета што нема закон за лажење или напумпување на информациите. И луѓето ќе ја користат и као плацебо ефект ќе велат дека се осеќаат поенергично, повитално, некоја ќе се пофали дека ослабела (покрај кокосовото масло веројатно слабо јадела, а вежбала напорно).. ама секое чудо за 3 дена, луѓето по некое време ќе сфатат дека нема магија во тоа и ќе престанат да го купуваат. И тогаш ќе се појави некоја нова чудотворна храна и ова се повторува. Не велам дека повеќето од овие храни се штетни. Таквите обично не успеваат, затоа што инспекција ги лови. Туку едноставно се здрави како останатата здрава храна. На пример кокосовото масло не е ништо поздраво од ладно цеденото маслиново масло, во секој поглед. Еве за тие што знаат англиски: http://www.webmd.com/diet/features/coconut-oil-and-health webmd.com е висококредитиран сајт за медицина каде што пишуваат доктори, фармацевти и сл. Не може да се спореди со некој блог на некоја тинејџерка таму што пишала за кокосовото масло. Еве уште една добра статија каде што се разобличени митовите за кокосовото масло. https://www.sciencebasedmedicine.org/coconut-oil/
Тврдото е и ладно цедено масло, ако е течно тогаш е рафинирано и не е чисто кокосово масло туку има и хемија што е полошо. Секогаш е најдобро да купуваш ладно цедено масло, нерафинирано. И тоа не е секогаш тврдо, на температура над 20 степени преминува во течна состојба.
@Biodevojka, веќе подолг период користам безбојни гел-маскари за дефинирање на трепките, бидејќи не сакам да се шминкам. Дали е безбедно да ги заменам со кокосово масло, за секојдневна долготрајна употреба, затоа што барајќи си одговор на прашањево најдов некои рецепти за згуснување со кокосово масло (и други состојки, како алое вера гел и рицинусово масло), во кои пишува да се употребува еден месец најмногу?
Здраво драга секако дека можеш. најверојатно таму пишува дека најмнпгу месец дена поради алое вера гелот кој иако е конзервиран можеби и нема да издржи повеќе од месец дена во комбинација со другите состојки (во смисла производот може да се расипе а сепак го ставаш на очите). Само од тој аспект. Инаку може слободно да го користиш поприродно од него нема. Јас на пример навечер користам домашно масло за згуснување на трепки однодно микс од рицинусово, јојоба и маслиново и го користам секоја вечер и тоа веќе година дена (штом се потроши пак го правам) Поздрав.
Јас најдов у Зегин за хелти фуд што е продавницата за 799ден 1кг тегла кокосово, од април уште ми трае а за се нешто го користам. Убавина е!
Си ставив на косата, и на лице наместо ноќна крема, така маслосана ќе си бидам цела вечер. *Трпи бабо за убавина
Маслото го користев за хидратација на тело, меѓутоа наредниот ден кожата ми е како ништо да не сум ставила. Го користев и на лице во зима, но почнаа болни поткожни акни да ми се прават. Сега го користам само за отстранување шминка на очи и маскара. За јадење многу ретко го користам, па така да за мене има далеку од 100 намени
Поскапо е, ама стварно е трајно, трае тегличката долго време. Јас го користам за маска на коса, за лице, во маски и наместо крем, за масирање на непца, а во рецепти за храна слабо бидејќи не ми е исплатливо за тоа. Воедно за сите кожни проблеми, го имам препорачувано на многумина.
Jas za oil pulling demek kako sprecuvalo karies ili isceznuval kariesot nz sto se ne citav ...samo mi gi izbeli zabite toa uste prvata nedela ama sto se odnesuva do kariesot ne pomogna
@Biodevojka edno prasanje do tebe Dali moze ladno cedeno kokosovo maslo sto e nameneto kako dodatok vo ishranata da se koristi i za kosa i koza? Vo stranstvo ziveam i sekade kade sto barav e vo vid na kapki za kosa ili ladno cedeno vo tegla no na nego pisuva deka e nameneto samo za ishrana.
Здраво драга, секако дека може. И јас она кое го користам дома е за внатрешна употреба. Како што вели и самата тема, еден производ 100 примени. Поздрав.
Си купив денес од Био Планет, сакав да го користам и за јадење, ама го пробав и во тврда и течна состојба и не ми се свиѓа некако вкусот. Фатив да го дувам со фен за да го стопам, и не приметив како за 10 секунди пола тегла ми се стопи. Го нашлакав на цело лице, и на веѓите и на трепките, и на рацете си ставив, ама не се впива пустово, еве ме светам во лицето ко лампион, изгледа сто кила сум ставила. Првенствено, го купив за да си ги згуснам/пораснам веѓите и трепките и за подочниците/линиите под очите, па ќе видиме како ќе делува, ако не го баталам во меѓувреме. Инаку, усните од суви и испукани за секунда ми ги направи меки и мазни.
Не претерувај со количината на ицето и ставај го на благо навлажнето лице.Пиши резултати и ипресии. Поздрав. п.с. за јадење најдобро е маслото на кулау во Зегин, му нема рамно по вкус.