Еве, јас да пишам после речиси две недели од користење на кокосово како сум задоволна. Намалив и на количината, па полесно ми се упиваше, го оставав и со часови да ми седи, ама искрено ништо посебно. Иако ми ја прави устата мека и нежна, пребрзо се упива и за 10-15 минути пак ми станува сува и рапава. Е сега, мислам дека лицето ми е доста помеко и понежно и кога немам ставено, и како да ми е израмнет тенот, имам некој поздрав сјај, а за подочњаците што знам.. Не гледам некој напредок. Мислам дека кај трепките забележав најголема промена, некако ми се помеки и позгуснати. Забележав и дека може минимално да ги избели забите, често го држев маслото некоја минута во уста, и некако побели ми се чинат. Ќе продолжам да го користам, зошто како и да е нема штета, може да има само плус, па ќе видиме.
Јас го комбинирам со капсули активен јаглен и четкам два до три пати во неделата. Пробај и така, има ефект со редовно користење.
Прашање за оние што го користат кокосовото масло за коса, ја мачката целата должина на косата од коренот до врвовите и така преспивате или само половина коса со врвовите без коренот? На мрсна или тазе миена коса нанесувате? И претпоставувам плакнете со шанпон? Што придобивки има косата од тоа? Просветлете ме....
На цела коса ставам, само гледам да не го фатам скалпот. Косата ја навлажнувам малку, не мокра туку како со мокар чешел да ја чешлам и го мачкам маслото. Стојам час-два така и ја мијам како и обично. Не ставам ни маска ни регенератор после. Убаво се расчешлува, мека е и сјајна.
Ти благодарам многу! Јас го купив како демек за тело,ама премногу специфичен мирис ми има,не ми се допаѓа,па сега гледам да го искористам за друга намена
го ставам на коренов на косава и го оставам да ми седи на коса едно 30 мин и после ги мачкам само врвчињата кај со ми се спремни бајаги време за шишање. ја мијам со шампон малку маска колку да не е без ич. косава не ми е сега ни за шишање ни за нишо по задоволна никогаш не сум била од мојава коса. го ставам и на кожа, како крем за лице кај шо ќе ми текне се мачкам и се не ограничувам да е еднаш или двапати во денот, а во јадење некако сум плашлива ради вкусот да пробам
@ванилала Јас го купувам 335 ден, мислам дека тука некаде е цената секаде. Оф, дали Еурофарм или зегин некаде гледав ама каде не знам.
Не сум забар, ама кариесот се знае како единствено може да се отстрани. Со тоа никогаш не би експериментирала. Маслото е ефикасно кога се користи за избелување на забите, јас го мешам со активен јаглен и ми се допаѓа ефектот кој го даваат состојките.
@Mishela го слушнав ова од другарка и мене искрено ми беше скептично, прогуглав и најдов некоја поврзаност не верувам дека е 100% ефикасно ама може би имало некоја корист од него, затоа сакав стручно мислење.
Вие што го користите кокосовото масло за вадење шминка од очите, дали лесно успевате да ја извадите маскарата со него?? Мене некако не ми оди баш лесно, ставам на туфер од маслото ама цела ќе се испомрсам од него дур ја извадам
Дали некој го користел против кандида? Читам дека се препорачува како најдобра храна за против кандида. Искрено никогаш не сум го користела и не ми е баш јасно. Да изедам една лажица кокосово масло така може или мора да е подготвено со некоја храна?
Не ми е проблем мрсењето, колку што ми се проблем влакненцата од тупферите кои ми се закачуваа само со кокосово масло. Така нерва ме фаќаше, па баталив со друго си вадам шминка