Го користам најмногу за мачкање на тело, и тоа само него го мачкам на стомакот, а сум веќе 6-7 месец од бременоста, немам стрии, ми ја хидрира кожата бидејќи од растегнување на кожата некогаш ме многу чеша и ми е сува, ова баш ми е погодено. Се надевам до крај ќе биде добро.
Јас го купив пред некој ден презадоввлна сум го користам буквално за се за коса за лице за тело, го мачкам за јадење со нутела.. ново откритие ми е ова
Преубаво мириса Кокосовото масло ги избелува исто и дамките на лицето од бубулици, тоа го приметив и кај мене.
Преубаво ми е лицето, нежно, го обожавам кокосовото масло, иначе јас највекје го земав за избледување на стриите на задникот па ке ви пишаам и за тоаа дали ке има резултати.
Здраво, јас сум огромен љубител на кокосово масло и го користам за скоро се! Во чај, во салати, а со оглед на тоа што одлично поднесува високи температути може со него и да се пржи. Лично пишував како јас најчесто го употребувам па доколку ве интересира последнете ја статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/k.html Поздрав п.с. јас го купувам од биона (односно биокосмос е сега) ама го има и во аптеки и во поголемите супермаркети во одделот за здрава храна и макробиотика.
Не се секирај, јас имам комбинирана кожа и екстра ми одговара. Доколку користиш мала количина (ептен малку) на благо навлажнета кожа од тоникот наместо дневна крема. Пробај, нема што да изгубиш доколку не ти се допаѓа или не ти одговара (неможе се да одговара на сите нели) не гом користи, ама сигурна сум дека ќе ти биде ок. Навечер доколку имаш масна кожа користи гел од алое вера, кој е на водена база и одлично ја негува кожата без да ја масти. Поздрав
Претпоставувам дека се работи за познатото bulletproof coffee. Доста често, зимава, вака си го пиев кафето (како замена за појадок) и превкусно е. При блендирањето се оформува преубав, нежен пенест слој....Мислам дека во некоја од темите имав ставено и слика. Многу нутриционисти побрзаа да ги негираат бенефитите од овој пијалок, јас не сум нутриционист и не заземам став "за" или "против", но еве го моето искуство. Точно зимава, од сосема други причини, правев систематски преглед кој вклучуваше и комплетна крвна слика. Докторката рече дека никогаш не видела такви резултати: добриот холестерол беше над горната референтна граница, а лошиот близу до долната референтна. Нејзиниот коментар: Очигледно многу внимаваш на исхраната.
Полека со кокосово масло на мрсна кожа.Комедогено е и може да ги затне порите и да ти создаде поткожни акни.Инаку за тело и за коса е екстра.Јас само за тоа и го користам, досега не сум готвела со него.На листата кое масло колку е комедогено е означено со 4 од 5. За мрсна кожа е добро да се мачка масло од јојоба, ама каде ли да се најде...Пробај со маслиново да се мачкаш на мене ми помага.
Јас имам комбинирана кожа, мрсна Т зона а образите многу ми се суви и го ствам кокосовото масло и супер ми делува
Здраво јас имам комбинирана кожа и подолго време се мачкав со кокосово како замена за крема и одлично ми одговараше. Кожата комплетно го впиваше без никаков проблем или пак нечистотии. За масна кожа точно е дека одговара јојоба, меѓутоа може и арган и лешник. Јојобата и лешникот помагаат и во чистењето на акните и ја стабилизираат масната кожа. Арганот без разлика што е масло за посува кожа, јас го користам веќе со години и кај мене дава одлични резултати иако повторувам имам комбинирана кожа. Според мене се е индивидуално и секој треба да експериментира додека да го најде она што најмногу му одговара. Еве ви една статија каде говорев баш за маслата за лице и нивното дејство http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_46.html Нјважно нешто според мене е умерено да се користат. Може да користиме и најдобро масло за кожа ако се претера секако дека ќе даде спротивен ефект. Масло од јојоба чистои органско може да најдеш во Биокулт во гтц на 2 спрат и во Капитол. Арган има чист 100% во Биокосмос од органско потекло. Поздрав
Почнав да го користам од пред некој ден и сум пре пре задоволна. Го користам и за кожа и за коса. Резултатите се неверојатни! Едноствно морате да го прбате! Вчера си направив пилинг на лице со кокосово и сода бикарбона, а денес на телото со шеќер. Резултатот беше: WOW! никогаш кожата не ми била помазна и помека! Дури мислам дека и црнките ми ги чисти! Исто, денес и на косата си ставив саат-два пред да ја измијам, и откако ја измив, исушив излегов на кафе и другарките ме прашуваат што ми се случило со косата, што сум ставила за да има таков сјај. Ја допираат и неможат да си поверуваат колку е мека. Рекоа утре сите ќе си купат кокосово масло. Јас тоа што го купив е од аптеката еурофарм, на био лајв, 300 ден, 200 милилитри.
Денес и јас зедов кокосово масло за прв пат ќе го користам пред се за имунитетот по една лажичка насабалје и една навечер.. Ама гледам буквално за се се користи така да ќе пробам и јас па ќе ви кажам резултати ) Иначе јас зедов кокосово масло 100% чисто и ладно цедено..
Со оглед на тоа што кокосовото масло дава енергија не ти препорачувам да го конзумираш навечер, само наутро и во текот на денот. Може да го додадеш во салати или половина лажичка во чај особено ако имаш болно грло или кашлица или пак за имунитет, енергија или пак пред физичка активност. Инаку супер си направила што си земала кокоово масло гарант ќе бидеш задоволна, а ќе го користиш за милион работи. Поздрав
Слободно може во исхрана и пијалоци да се користи, во одредени мали количини е здраво, а нема да ви наштети на вкусот. Јас лично, највеќе за коса го користам. Нанесувам и држам саат па и два некогаш, реклама за шампон не ми е рамна за косата после миење Невеојатен сјај од прво нанесување и одлична мекост. Прочитав како го користите и како пилинг и варијанти за на лице, ми се свиѓаат, ќе ги пробам