Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кокосово масло - 100 примени

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dakota, 30 декември 2013.

  1. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka, edno prasanje... Dali mozam da ja mackam na liceto kerka mi so kokosovo maslo , koja ima 11 god.? A gledam veke na celoto ima i od onie pubertetskite bubulicki ?
     
  2. delevingne

    delevingne Популарен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.018
    kolku pari e kokosovo maslo ?
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.710
    Пол:
    Женски
    Она што јас го купувам е од биокосмос и беше околу 300 ден.Ама е поголема тегла.Ладно цедено да пишува,не рафинирано.

    Јас сега ставив на коса(прв пат) ке го чувам пола час и ке измијам.Баш да видам има ли ефект.
     
    На delevingne му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, керка ти е многу мала, а бубличките се нормални во тој период и настануваат како последица на хормоните. Меѓутоа тоа не значи дека така треба да ја оставиме нели. Јас не сум експерт по дерматологија, ама че ти кажам што мислам, а ти секако исконсултирај се и со специјалист, кој секако е многу поквалификуван од мене. Според мене, најважно нешто е правилното миење. Немој никако сапуни кои ја сушат кожата или гелови против бубуљици или агресивни тоници, затоа што најчесто сите производи кои имаат за цел да ја обезмастат кожата предизвикуваат токму спротивен ефект. Според мене најдобро ќе биде некое млеко за чистење на лице кое е многу благо (ако сакаш ќе ти предложам неколку опции) и тоа да го користи наутро и навечер за да ја оддржува чиста кожата. И евентуално после некоја убаво избалансирана крема за хидратација. Кокосово масло е ок иако некои го сметаат за комедогено (јас го користев долго време и кај мене даде одлични резултати воопшто не беше комедогено), меѓутоа една од работите кои луѓето ја забораваат е една од најглавните карактеристики на ова масло е што е антибактериско, (ги убива бактериите). Исто така како спас против акни е и маслото од јојоба. Постојат и убави креми за помлада кожа, на пример некоја хидратантна која нема многу да ја отежнува кожата а сепак ќе и ја даде потребната влага и ќе ја нормализира (секако без силикони и нафтени деривати). богати и со етерични масла на пример чајно дрво кое е спас за акни. Еве дај ми неколку дена ќе ги разгледам сите креми од органските брендови кај нас (само кажи ми од кој град си за да знам што да гледам) и ќе ти кажам која крема според мене е ок за млада кожа. Те молам едно нешто, никако ама никако немојте да ги стискате или пак на козметичар третмани, затоа што може да се влоши состојбата и да се зарази здравиот дел од кожата. Друго нешто никако пудра за да се сокријат, керка ти е многу млада, ама знам дека сега децата се понапредни и уште од таа возраст се шминкаат и ставаат пудри, ама верувај ми проблемот треба да се излечи а не да се камуфлира. Се надевам ти помогнав а доколку сакаш предлог за некој благ производ, ти стојам на располагање да разгледам што би можело да одговара. Поздрав и кажи ми што си одлучила. Доколку сакаш да пробаш со кокосовото масло, нанеси многу мала количина (неколку капки) на исчистена и малку навлажнета кожа наутро, а навечер исчисти ја кожата но не ставај ништо, остави ја кожата да дише.
    п.с. ми даде идеа за нова статија...:)
     
    На cresa-jagoda, anel и joy1 им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    76.845
    Пол:
    Женски
    И јас си земав кокосово масло од Зегин и баш денес ќе го пробам на коса пошто ми е сува на врвовите од фарбање а и гледам дека е добро за флеки од акни пошто имма проблем со лицето некое време па ќе ви кажам резултати :)
     
  6. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Јас го користам за се, прво го нанесував на косата за да и го вратам сјајот и многу убаво ми делуваше. Сега ко користам за белење на заби, секое сабајле на четката (имам специјална многу мека четка) нанесувам кокосово масло и си ги тријам забите, колку можам не ја плакнам устата, негде од 3-5 минути и после си ги мијам со обична паста. И има многу ефект :)
     
    На cresa-jagoda, Espadrila, Alanna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Покрај другото, јас го користам и за сончање.
    Ова што го земав последно од Зегин пишува дека има фактор 3ка и си се мачкам одкако веќе кожата ми е потемнета и кога не е толку јако сонцето.
    Исто многу добро ми влијае кога ќе се намачкам и после сончање.
    :)
     
    На cresa-jagoda, crazylady и simoncelicius им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    И јас го користам за се веќе една година, една тегла веќе потрошив од bio life, сега го купив тоа од зегин, органски се и двете. Го чувам во фриждер и се мачкам навечер, а во зима го користев во дебел слој на стапалата и ставав памучни чорапи. Многу добро делува на лузни и црвенила, испробано од повеќе луѓе што сум го препорачала. А за јадење, моја роднина пие цедено кафе секое утро со лажица кокосово и тврди дека ослабела, а воедно и метаболизмот и е забрзан. Во секој случај одличен производ, мило ми е што се повеќе луѓе го користат.
     
    На cresa-jagoda, kallias, Miss.N и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    76.845
    Пол:
    Женски
    Јас вчера ставив на косата,стоеше еден саат ја измив.Косата ми е многу мека и сјајна,никогаш не ми била ваква :) Почнав и на лицето да ставам па ќе видам дали ќе има резултати.
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.710
    Пол:
    Женски
    Зошто само мене не ми успеа ова со косата и кокосовото?
    Каде грешам?Косата ужасно масна ми стана а ја плакнев темелно.
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Шампонирај повеќе пати, понекогаш колку и да е темелно миењето, знае да остане масло во косата. Затоа јас шампонирам 3 пати, понекогаш и 4 пати, ако сум нанела масло долж целата коса.
     
    На cresa-jagoda, ivi1987 и joy1 им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.710
    Пол:
    Женски
    Ке пробам денеска повторно :)
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Каде е најправилно да се чува кокосовото масло?
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    На амбалажата на моето пишува да се чува на собна температура, арно ама кај мене во соба е 25+ и цело ми е растопено. :lol: Така и повеќе ми одговара за употреба.
     
    На cresa-jagoda и Daydream им се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Баш и заради ова прашав. :D И кај мене така пишува, и јас го чувам кај мене во соба, ама и моето е цело стопено, како зејтин е станато. Па не знаев дали е правилно ова. Ама па и немам каде да го чувам, освен во фрижидер да го ставам, ама па така многу ладно ќе му биде. :D
    Добро, значи не сум единствена, ништо не му е, ќе си остане во соба. :)
     
    На cresa-jagoda и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    66
    Го мачкаш целото лице или ставаш само над акните?
    Ставаш само на коренот или врз целата коса? :)

    Сакав да ве прашам дали некоја од вас го става на веѓите за погусти да станат?
    Читав на интернет дека доколку ставаш кокосово масло на веѓите се правеле погусти и мислам дека потемни. Што мислите за тоа?
    Сеуште размислувам дали да пробам или да не експериментирам многу.. ^_^
    Претпоставувам нема лоши последици...
     
  17. sanya.n

    sanya.n Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    kokosovoto maslo e mnogu zdravi i moze sekoj da go primenuva i deca.ke vi kazam sto jas pravam so nego na sabajle od koga ke gi izmijam zabite ja plaknam ustata so kokosovo maslo i edna lazica goltam.kokosovoto maslo ima antibakterisko dejsvto i ja cisti temelno ustata i e mn zdravo za degestivniot sistem.na kosata nanesuvam pred da ja mijam .i go nanesuvam kako losion na teloto mnogu e zdravo i protiv pojava na strii posebno vo tekot na bremenosta koga rasti stomakot.
     
    На LadyC и b.u.tt.e.r.F.L.Y им се допаѓа ова.
  18. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    66
    А што мислиш за ова што се користи за згуснување на веѓите? :)
     
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    @BojanaLegija јас имам слушнато дека за раст на веѓи и трепки е добро рицинусовото масло. Порано имав турено во исчистено шишенце од маскара и секоја вечер ставав, мислам има ефект ама одамна беше.

    Еве најдов и од @Biodevojka се надевам нема да ми замери.
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_9.html?m=1
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    66
    Добро, а каде можам да го најдам?
    Фала ти за линкот :)