Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кокосово масло - 100 примени

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dakota, 30 декември 2013.

  1. paloma111

    paloma111 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Jas go koristam ponekogas za kosata pred mienje,ama neznaev deka treba na vlazna kosa da se stava jas na suva go staviv
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ади јас си го мачкам каде што имам акни, ама немам видено некое подобрување. Подобро земи си гел за против мозолчиња со клиндамицин. За кокосовото масло да делува на мозолчињата треба подолго време бидејќи е природен производ, а ние девојките немаме многу време за чекање :D
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    ^^
    @pupi.girl Тие клиндамицин и таквите ми чуда воопшто не ми помогат никакво подобрување немам, а сите ги имам пробано..
    Не вервам во такви нешта.
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, направив збир од најчесто поставуваните прашања и дилеми во врска со кокосовото масло. Ако нашто сум заборавила слободно прашајте. Поздрав и добар работен ден на сите.

    10 најчесто поставувани прашања за кокосовото масло

    [​IMG]
    .Здраво на сите,

    идејата за оваа статија ја добив откако во изминатиов период добив навистина илјадници прашања во врска со кокосовото масло и неговата употреба, како во козметички цели, така и во исхраната. Се решив да ги соберам сите најчесто поставувани прашања, да одговорам на нив и јавно да ги објавам за да ја разрешам дилемата кај многу девојки поврзана со квалитетите и употребата на ова масло. Ајде да започнеме.

    Прашање бр. 1

    Имам читано дека кокосовото масло е како путер или маст, но јас го купив и е течно како масло. Дали се расипало?

    Не, кокосовото масло при високи температури е во течна форма како и сите останати масла, додека на ниски температури (во зима) се стврднува и наликува на маст.

    Прашање бр. 2

    Кога е многу жешко во лето, дали е подобро кокосовото масло да го чувам во фрижидер?

    Ова потполно зависи од вас самите. Доколку го користите во козметички цели на пример како крема за лице и тело, во тој случај е покомотно да го држите во фрижидер, но само поради практичност. Што се однесува до квалитетот или составот на маслото, со оглед на тоа што кокосовото масло одлично поднесува високи температури, може слободно да го чувате и на собна температура.

    [​IMG]

    Прашање бр. 3

    Во моето кокосово масло има мала бледа трага на површината на маслото. Дали тоа значи дека се расипало?

    Не, тоа е нормален дел од самото масло, доколку вашето кокосово масло е екстра девично ладно цедено. Може да претставува и делови кои потешко се стопиле кога маслото преминало во течна состојба.

    Прашање бр. 4

    Како да препознаам кое кокосово масло е квалитетно ладно цедено?

    Обично на самото масло пишува ладно цедено, меѓутоа како главен показател нека ви биде декларацијата на која мора да има напишано само една состојка и тоа Cocos Nucifera Oil. Во никој случај не ги земајте мешавините со други масла или течен парафин со оглед на тоа што не добивате чисто кокосово масло.

    [​IMG]

    Прашање бр. 5

    Кога кокосовото масло е во тврда состојба, како да го земам од тегличката?

    Со помош на една чиста лажичка земете ја онаа количина од маслото која ви е потребна. Внимавајте да не го земате со мокри раце затоа што доколку во него навлезе вода може да предизвика до расипување на маслото.

    Прашање бр. 6

    Слушнав дека кокосовото масло е одлично да се конзумира и по внатрешен пат. Како да го конзумирам?

    Наједноставно може да додадете една лажичка кокосово масло во шоља чај или кафе или пак во колачи. Со оглед на тоа што ова масло дава енергија, не е препорачливо да се конзумира навечер за да не ви го поремети сонот.

    [​IMG]

    Прашање бр. 7

    Слушнав дека кокосовото масло е одлично за нега на лицето. Како треба да го нанесувам?

    Кокосовото масло е одлично за нега на лицето како во летниот така и во зимскиот период, кога на кожата и е потребна дополнителна нега и влажност. Едноставно се зема мала количина од маслото и се нанесува на благо навлажнето лице наместо крема. Може да го нанесете и на суво лице, меѓутоа на благо навлажнета кожа полесно се впива во кожата.

    Прашање бр. 8

    Дали ова масло е комедогено?

    Многу често го слушам ова прашање,и претставува дилема на многу девојки. Мое лично мислење ѐ дека е индивидуално и зависи од секоја кожа посебно. Кај мене лично кокосовото масло даде одлични резултати и не само што за време на зимскиот период ја заштити мојата кожа, туку и ја исчисти и воопшто не беше комедогено. Според мене тајната е во количината. Доколку нанесувате голема количина, било кое масло може да се покаже како комедогено. Следете ги советите во претходното прашање за нанесување на кокосовото масло на лице.

    [​IMG]
    Прашање бр. 9

    Дали е подобро да го нанесам на влажна или сува коса?

    Доколку го користите како третман за коса (маска за коса), на благо навлажнета коса нанесете ја потребната количина (во зависност од должината и густината на вашата коса), ставете една ќеса и врз неа пешкир. Зимно време загрејте две мин. со фен, додека летно време нема потреба. Вака подготвениот третман држете го најмалку час време а најмногу преку ноќ. Косата треба да биде благо навлажнета затоа што кокосовото масло (како и било кое друго масло) доколку се нанесе на сува коса се врзува со маслата природно присутни во косата и со измивањето ги носи со себе. Ефектот ќе биде сува коса. Водата претставува еден вид на бариера која му дозволува на маслото да го негува влакното од надворешноста, меѓутоа го спречува да навлезе длабоко во внатрешноста на самото влакно . Доколку го користите како серум за заштита на врвовите, многу мала количина (две три капки) нанесете ја само на врвовите на сува или влажна коса пред фенирањето.

    Прашање бр.10

    Дали е вистина дека кокосовото масло може да се користи и како отстранувач на шминка?

    Да, ова масло е еден од најекономичните отстранувачи на шминка кој одлично ја вади дури и водоотпорната шминка, а притоа е деликатно за очите. Ставете мала количина од маслото на едно памукче кое претходно го навлажнивте со малку вода, доближете го до оној дел од каде сакате да ја отстраните шминката (на пример окото), оставете да маслото неколку секунди го навлажни самото око, и потоа со многу нежни движења отстранете ја шминката.

    [​IMG]


    Ете ова беа 10-те најчесто поставувани прашања во врска со кокосовот масло и неговата употреба. Доколку имате уште некое прашање на кое не сум одговорила, слободно оставете коментар под текстот.

    Поздрав

    Вики
     
    На cresa-jagoda, Dzevelekova, Freyja и 13 други им се допаѓа ова.
  5. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Кога го купив кокосовото масло беше во течна состојба, сега после пола недела ми се стврдна има нешто врска температурата ?
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво, на високи температури е во течна состојба а сега кога температурата опаѓа се стврднува ама квалитетот е ист не се менува. Може слободно да го користиш. Поздрав.
     
    На One.Moment му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мислам дека некоја од феминките имаше спомнато претходно во некоја од темите, но еве и јас да кажам во случај да немате видено- маслото [​IMG] е најевтино во аптеките на Еурофарм.
    Го купив 249 денари, а во Зегин е 50 денари поскапо.
    :handshake:
     
    На Waka-waka, Nausicaa и Biodevojka им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Кога правите смути слободно ставете едно лажиче кокосово.
    Секако на некои витамини потребно им е уље за да се растворат, а и дава нежна пријатна нота на целокупниот вкус.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, irenna и 6 други им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Немам досега пробано иако имам потрошено неколку теглички од маслово, стално некој скептицизам ме фаќаше за крајниот вкус и го користев само за надворешна употреба.
    Сега баш и на тегличката имаше еден рецепт за нескафе, да се направи на вообичаен начин и да се додаде и лажичка масло, па некако како да се убедив да пробам.
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    И јас го купувам истово од Еурофарм. Прво многу го користев она на Биокосмос, ама откога го открив ова, еве веќе трета тегличка како земам. Точно е дека во Еурофарм е најевтино, го имам гледано и на други места како што велиш ти поскапо. Поздрав

    јас редовно го конзумирам во чај секој ден, немаш појма колку е вкусно. Користи го слободно и внатрешно, организмот и те како ќе ти заблагодари. Поздрав уште еднаш.
     
    На cresa-jagoda и sesilija им се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Е сега ако ептен цепидлачиме за цените:D:tmi:, во моментот во Тинекс има акција и мислам дека ова
    [​IMG]
    е 244 денари, меѓутоа во Еурофарм стално си се продава по таа цена, не е акциска, а 50 денари не се мала разлика.

    Јас не купувам толку често од Еурофарм, во Зегин ми се допаѓа нивното списание, многу е обемно и секој производ си има цена- човек може да си разгледа тоа што му одговара и потоа да оди само да си го купи тоа што му фатило око.
    И Еурофарм имаат списание, меѓутоа речиси и да нема цени внатре, немам прегледност и тоа некако ме одвлекува да ги посетувам, што е штета, бидејќи имаат доста производи што ги има само кај нив, а се доста фалени.

    Во Зегин веќе неколку месеци има едно ново,[​IMG] наводно било подобро од ова што го постирав.
    Исто е 200мл, цената 298 денари, меѓутоа го немам пробано за да направам споредба.
     
    На cresa-jagoda и crazylady им се допаѓа ова.
  12. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Јас го користам кокосовото масло од зегин и сум доста задоволна,е вака повеќе се исплаќа да се купи поголемото пакување одколку оваа од 200мл.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    19.658
    Пол:
    Женски
    @sesilija Ич да не се двоумиш да пробаш нескафе со лажиче кокосово масло. Jaс насабаjле обавезно така пиjам кафе. Поинаков вкус му дава маслото на кафето а и преубаво мириса. Ама jас па ептен сакам кокос и ми е убаво. Иако признавам првиот пат кога ставив бев скептик, ама позитивно ме изненади
     
    На cresa-jagoda, Espadrila, Biodevojka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    И јас редовно конзумирам лате со кокосово, како рутина си воведов, и вкусот е пријатен.
     
    На cresa-jagoda, Espadrila, Biodevojka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Која цена и колку мл. е поголемото? Го загледав, ми изгледаше како да е 300мл, меѓутоа не заприметив цена, а се брзав и затоа не прашав.

    @CrazyOne ма знам дека штом еднаш пробам нема да застанам:lol:, има во сѐ да го истестирам, само додека да се наканам е работата.
    И јас сакам работи со кокос, па верувам дека нема да е толку лошо.

    Сума сумарум, кој досега не набавил масло, а не му смета мирисот на кокос- слободно нека си набави. Маслото е преубаво, навистина вреди да се има дома.
     
    На cresa-jagoda, joy1, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    @sesilija околу 600денари беше ама 500мл
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Крајниот резултат - плажа и коктел, само фали алкохол. :D Супер е стварно во смуди.

    Сеси, не можам да ги видам сликите во другото мислење. Ако мислиш на она масло Кулау, многу е подобро од ова Био Лајф.
     
    На cresa-jagoda, crazylady, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Да, да, на него мислев. Не знам зошто не ти ги прикажува сликите...

    Во што ја гледаш разликата? Подобар ефект добиваш на кожата или косата, или пак во вкусот?
    Вака од читање гледам дека е органско и ладно цедено, тоа не го гледам на декларацијата на Биолајф. Кај Био лајф пишува: 100% природно и чисто, нехидрогенизирано, нерафинирано, небелено, без вештачки бои и ароми, со природен талог.
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Сега ја гледам сликата, тоа е. Вкусот му е подобар, некако посвеж. После него го купив тоа на Биолајф и мааалку чудно ми мириса споредено со Кулау, потешко ми е така со лажица да го јадам. За козметички потреби и тоа ми е одлично, па го употребувам ко млеко за тело, ама за јадење и смуди пак ќе си купам Кулау.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Јас немам проблем да го консумирам така во сирова состојба.Изгребувам една лажичка и во уста.Вкусот е како да јадеш Баунти ама без шеќер.Ми помага за грлово многу.