Ќе ја намокриш малку косата, ќе земеш од маслото во раце и ќе ти се стопи самото. Стави каде што сакаш. После завиткај ја косата со крпа и стопли ја со фен. Држи го колку сакаш, после измиј ја косата нормално. Не мораш ни регенератор да ставаш. Јас така правам. Поголем ефект има ако се нанесе на малку навлажнета коса, отколку на сосем сува коса. @Biodevojka има погоре објаснето зошто.
Воопшто не ми одговара кокосовото на лице.. почнаа многу црнки да ми излегуваат од него. Не сум задоволна.
Во однос на дискусијата од претходната страна. И мене новото масло ми е од Kulau и е најдобро од сите што сум ги пробала. Life не ми се допаѓа, тоа од Bio Planete беше добро, но ова е некако ептен мазно и кремасто и најубава структура има. Најдобро се осеќа тоа кога се гребе од маслото, а вообичаено и така го употебувам, па низ раце го растопувам и азмачкувам каде треба. Мислам дека само во Зегин го има, јас моето го купив околу 280 денари.(200мл). Со оглед на тоа што доста долго ми трае ако не го користам за јадење не ми се штеди 20-30 денари кога дефинитивно приеметувам разлика помеѓу ова и другите. Инаку има и поголемо пакување што е поекономично, тоа ќе си го земам како додаток во исхрана да го користам. Вкусот ми е супер, некогаш и самостојно си го топам во уста кога ме боли грло.
Можно е, секоја кожа различно реагира на состојките и маслата и не е исто за сите. Можно е кај тебе да има обратен ефект. Користи го внатрешно за тоа кај сите е одлично. Стави го во чај, кафе, колачиња. Значи дефинитивно следен пат го купувам ова масло за да видам какво е. Уште имам од био лајф ама еве штом го потрошам (а кај мене оди како локум ) земам од ова другово.
И да го пробаш @Biodevojka баш супер ако ти се погоди и тебе. Разликата помеѓу Kulau И BioPlanete не е драстична, но после секојдневно користење на едново кога наеднаш преминав на ова осетив некоја поизразена кремавост, одма сфатив дека е поубаво. Штом ти оди како алва земи си ја поголемата тегличка, поисплатлива ти е. Инаку ги има и во Зегин аптеките и во Зегин новата продавница за здрава храна.
Колку време го користеше кокосовото масло пред да ја направиш крвната слика и се виделе добри резултати? Прашувам затоа што и јас имам покачен холестерол и планирам да почнам со употреба на ова масло па да знам после колку време од негово користење има позитивни резултати? Поздрав
Еве еден предлог за кафе, јас го пијам секој ден многу е вкусно. Инаку, маслово го користам и за коса, еднаш неделно или на две недели , косата ми ја прави многу мека и сјајна.
Потрошив една тегличка Bio Planete а сега купив Bio Life. Има разлика во структурата и тоа голема. Life има подобра структура, кремасто е и меко, полесно е за вадење и размачкување, ама затоа не мириса на кокос, туку мирисот е така специфичен, тежок и не толку пријатен. Од Еурофарм го купив 224 денари. Ова од Planete мириса прекрасно, ама затоа стуктурата не ме фасцинира- тврдо е, масно е и потешко се впива во кожата. Од Биокулт го купив 288 денари. Го корисам како крема за лице и сум ептен задоволна. Доволно е еднаш дневно, јас практикувам да го измијам лицето пред спиење и тогаш нанесувам сосема мала количина од маслото. Не ми се појавија митисери или комедони, дури можам да кажам дека лицето ми е почисто од претходно. Одлично е и како лосион за тело. Како маска за коса го користам исто пред спиење, на влажна коса, на врвовите нанесувам од маслото и оставам да дејствува во текот на ноќта.
Za prv pat upotreba koja marka od organskoto kokosovo maslo e podobro varijanta?Imam namera da go upotrebam I za konzumacija i za nadvoresna upotreba.Od kade e podobro da se kupi Zegin ili Eurofarm?
Јас купив на био планет, за во кашички на деца, 8 месеци, ама сега читам дека е корисно и за мене... убаво мириса на кокос, ама е многу мрсно, не се растопува во кашичките туку испливува како бели точки, е сега незнам како јас да го користам и за што? За на коса се нанесува пред да се измие, или? Имам сува коса... и рецептот погоре за слабеенје се прави со ова масло нели? малку сум збунета затоа што прв пат го купив и се уште не му ја знам намената...
Кокосово купив за две намени. Првата:да го мачкам на лице, нешто како ноќна крема да ми дојде, пошто читав дека е многу корисно за кожа итн., но после одредено време, лицево почна да ми се нафрла и прекинав. Втората: два пати неделно, по 20 мин., го држам во уста, ги вади токсините од устата, убаво е за забите и непцата.
Драга Џована заборавив да ти пишам. Го пробав маслото кулау и навистина е одлично. Ми се допаѓа и мене многу. Поздрав.
Si kupiv kokosovo maslo od zegin vo teglicka kulau,dosega nemam koristeno dali moze nekoj ubavo da mi objasni kako da go koristam za kosa i lice?
Здраво драга, за лице може директно од тегличка како замена за крем за лице. Со лажичка земи ептен мала количина и нанеси ја на малку навлажнета кожа (на пример од тоник или испрскај ја со термална вода) и нанеси го маслото. За коса како третман нанеси обилна количина на благо навлажнета коса на темето и по должината, стави кеса а врз неа пешкир и држи така најмалку саат време. Одлично е. Може и како серум за врвови на измиена мокра коса пред да ја исушиш стави ептен мала количина само на врвовите. Инаку конзумирај го и внатрешно секојдневно ептен е здраво и убаво. На пример една лажичка во чај или кафе. Поздрав
Samo uste nesto zaboraviv da te prasam,otkako ke se otvori teglickata kako ja cuvas vo frizider ili na sobna temperatura?
Нема потреба да се чува во фрижидер. Јас ја чувам на собна температура и во зима и во лето. Поздрав. Еве во продолжение ти оставам една статија на 10 најчесто поставувани прашања за кокосовото масло кои ми ги поставуваа мене. Поздрав. Прашање бр. 1 Имам читано дека кокосовото масло е како путер или маст, но јас го купив и е течно како масло. Дали се расипало? Не, кокосовото масло при високи температури е во течна форма како и сите останати масла, додека на ниски температури (во зима) се стврднува и наликува на маст. Прашање бр. 2 Кога е многу жешко во лето, дали е подобро кокосовото масло да го чувам во фрижидер? Ова потполно зависи од вас самите. Доколку го користите во козметички цели на пример како крема за лице и тело, во тој случај е покомотно да го држите во фрижидер, но само поради практичност. Што се однесува до квалитетот или составот на маслото, со оглед на тоа што кокосовото масло одлично поднесува високи температури, може слободно да го чувате и на собна температура. Прашање бр. 3 Во моето кокосово масло има мала бледа трага на површината на маслото. Дали тоа значи дека се расипало? Не, тоа е нормален дел од самото масло, доколку вашето кокосово масло е екстра девично ладно цедено. Може да претставува и делови кои потешко се стопиле кога маслото преминало во течна состојба. Прашање бр. 4 Како да препознаам кое кокосово масло е квалитетно ладно цедено? Обично на самото масло пишува ладно цедено, меѓутоа како главен показател нека ви биде декларацијата на која мора да има напишано само една состојка и тоа Cocos Nucifera Oil. Во никој случај не ги земајте мешавините со други масла или течен парафин со оглед на тоа што не добивате чисто кокосово масло. Прашање бр. 5 Кога кокосовото масло е во тврда состојба, како да го земам од тегличката? Со помош на една чиста лажичка земете ја онаа количина од маслото која ви е потребна. Внимавајте да не го земате со мокри раце затоа што доколку во него навлезе вода може да предизвика до расипување на маслото. Прашање бр. 6 Слушнав дека кокосовото масло е одлично да се конзумира и по внатрешен пат. Како да го конзумирам? Наједноставно може да додадете една лажичка кокосово масло во шоља чај или кафе или пак во колачи. Со оглед на тоа што ова масло дава енергија, не е препорачливо да се конзумира навечер за да не ви го поремети сонот. Прашање бр. 7 Слушнав дека кокосовото масло е одлично за нега на лицето. Како треба да го нанесувам? Кокосовото масло е одлично за нега на лицето како во летниот така и во зимскиот период, кога на кожата и е потребна дополнителна нега и влажност. Едноставно се зема мала количина од маслото и се нанесува на благо навлажнето лице наместо крема. Може да го нанесете и на суво лице, меѓутоа на благо навлажнета кожа полесно се впива во кожата. Прашање бр. 8 Дали ова масло е комедогено? Многу често го слушам ова прашање,и претставува дилема на многу девојки. Мое лично мислење ѐ дека е индивидуално и зависи од секоја кожа посебно. Кај мене лично кокосовото масло даде одлични резултати и не само што за време на зимскиот период ја заштити мојата кожа, туку и ја исчисти и воопшто не беше комедогено. Според мене тајната е во количината. Доколку нанесувате голема количина, било кое масло може да се покаже како комедогено. Следете ги советите во претходното прашање за нанесување на кокосовото масло на лице. Прашање бр. 9 Дали е подобро да го нанесам на влажна или сува коса? Доколку го користите како третман за коса (маска за коса), на благо навлажнета коса нанесете ја потребната количина (во зависност од должината и густината на вашата коса), ставете една ќеса и врз неа пешкир. Зимно време загрејте две мин. со фен, додека летно време нема потреба. Вака подготвениот третман држете го најмалку час време а најмногу преку ноќ. Косата треба да биде благо навлажнета затоа што кокосовото масло (како и било кое друго масло) доколку се нанесе на сува коса се врзува со маслата природно присутни во косата и со измивањето ги носи со себе. Ефектот ќе биде сува коса. Водата претставува еден вид на бариера која му дозволува на маслото да го негува влакното од надворешноста, меѓутоа го спречува да навлезе длабоко во внатрешноста на самото влакно . Доколку го користите како серум за заштита на врвовите, многу мала количина (две три капки) нанесете ја само на врвовите на сува или влажна коса пред фенирањето. Прашање бр.10 Дали е вистина дека кокосовото масло може да се користи и како отстранувач на шминка? Да, ова масло е еден од најекономичните отстранувачи на шминка кој одлично ја вади дури и водоотпорната шминка, а притоа е деликатно за очите. Ставете мала количина од маслото на едно памукче кое претходно го навлажнивте со малку вода, доближете го до оној дел од каде сакате да ја отстраните шминката (на пример окото), оставете да маслото неколку секунди го навлажни самото око, и потоа со многу нежни движења отстранете ја шминката.
@Biodevojka Zdravo! Sin mi e 5mes i mu se pojavi crvenilo na dolniot del od obravcinjata i bradata. Pretpostavuvam deka mu e od toa sto se ligavi mnogu pa stalno toj del mu e vlazen. Dali mozam da go namackam so kokosovo maslo i dali mozam nasabalje i navecer? Isto me intetesira zosto moeto e vo tvrda sostojba, a go cuvam na sobna T (24°) vo fioka?