@eatpraylove90 над 25 степени се топи. А за мачкање јас го мачкам синко, му се исчисти лицето од кокосовото, имав пишано му беше црвено и грубо. Дури стигнав да купам некој крем ни помогна маслото.
Здраво драга, пробај и види како ќе реагира, доколку се смири слободно продолжи да го мачкаш. Не се грижи што е цврсто, маслото се топи на повисоки температури и кај мене е во цврста состојба на собна температура. Поздрав и кажи какви ефекти има. Веќе одговориле
јас кокосово имам од Кулау, се мачкав кога бев бремена по препорака од една другарка и немам ниту една стрија,и си го користам ко млеко за тело. сега пред недела дена синчето имаше црвенило кај препоните, го мачкав со кокосово без употреба на друга крема и му помина за 3-4 дена
Јас го користам кокосовото масло наместо крем за лице убаво ми го умекнува, кожата не ми изгледа сува, а дури мислам дека и за некои флеки помага
Го читав постот на Био девојка и имам една мала забелешка- кокосово масло употребувам веќе неколку месеци,најчесто како маака за коса, но понекогаш и на лице. Никогаш не сум ја навлажнувала косата пред да го ставам маслото, а резултатот уште од првото нанесување е ист- мека, хидрирана и здрава коса. Никогаш косата не ми била сува поради тоа што не била влажна, баш напротив, мојата коса е сува,но откако го користам маслото косата ми е прекрасна
Го обожааавааам Го користам сабаље мало лажиче со кафе или вода, во слатки колачи и сл, место серумски капки за коса, за лице, за акни, за херпес, за изгореница, за миење и белеење на забите па нема за што не сум го користела, не знам што би правела без него
Органското какосово масло од Зегин си го купив во тегличка и сакам да прашам како да го чувам, може во фрижидер, да се зачува во цврста сосотјба? И уште нешто, на новороденче смее да му се мачка телото?
Ако си направила третман на цела коса со кокосово масло, секако дека со шампон се мие после косата. Инаку како серум за врвови не се плакне нормално и се остава на косата. Поздрав.
Исто така и вазелинот можете да го користите за многу работи. Се користи за суви раце и лице, некои тврдат дека трепките растат подолги и поцврсти од вазелинот, може да се користи како сјај за усни, може да биде и отстранувач на шминка. Исто така нанесувањето на вазелин пред прскање со парфем прави парфемот да трае подолго. https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/564x/f2/da/c1/f2dac12a3a468dd3de177f0634224e7e.jpg
И јас сакам да почнам да го користам кокосовото, па што мислите за ова од биокосмос? има акција гледам 180мл 190 ден. Или да препорачате некое подобро? Фала
Моето е Organic coconut oil - Кулау Филипини, ваљда е добро и е околу 300 денари (200мл) . И јас почнав вчера со употреба на лице и коса. Да видиме како ќе биде со резултати