Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кокосово масло - 100 примени

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dakota, 30 декември 2013.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Во врска со кокосово масло како замена на крем за околу очи или за вадење шминка од очи - не препорачувам. Имам пречувствителни очи и мислев подобро е природно, но ми се создаде нешто ко мрежичка на окото и цел ден гледав матно, без разлика колку ги миев. Инаку како крем - околу очи го ставав, не премногу блиску до очите, но сепак имав некое тешко чувство што ми пречеше.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Ова масло го имам пробано и убаво ми беше. Важно е дека е ладно цедено па доколку е на промоција искористи ја и земи го не е воопшто скапо. Поздрав

    Ги пробав скоро сите кокосови масла кај нас (со исклучок на она на Дм), меѓутоа по препорака на една феминка мислам дека беше @Giovanna (ако згрешив не ме карај Џована) го земав она на кулау и морам да речам дека се вљубив во вкусот (јас го конзумирам секој ден по една лажичка и ова има незаменлив вкус). За коса и тело сите кокосови масла се убави доколку се ладно цедени, ама за јадење ова најмногу ми се допадна. Поздрав.

    Здраво драга, иако секое масло не може да одговара на секој од нас, може да ти дадам само неколку совети за полесно и подобр нанесување. Од она што го прочитав мислам дека ти го нанесуваш маслото од кокос чисто како отстранувач на шминка и мал дел ти влегува во окото. За полесно да ја извадиш шминката намокри го малку памуклето па потоа нанеси кокосово масло и не го отворај окото додека ја васиш шминката. За околу очи користи го во комбинација со некоја водена состојка на пример навлажни ја кожата околу очи со малку водичка па нанеси многи мала количина кокосово масло или нанеси го во комбинација со елое вера гел. Пробај па кажи ми. Поздрав.
     
    Последна измена: 20 април 2016
    На cresa-jagoda, Legadema, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    @Biodevojka никако карање :D Инаку и јас мислам дека ти го препорачав, зошто знам дека пишував неколку пати за тоа масло на темава. И мило ми е што ти се погодило ^_^ Со цената е слично како и и сите други на пазаров, а подобро ми е од сите што сум ги пробала. И на вкус и на конзистенција, а од некои дури и на мирис е подобро. Зборувам секако исклучиво за ладно цедени масла.

    Во однос на дискусијата погоре за некои други примени на маслово, не практикувам да го користам за вадење шминка, не сакам маслени отстранувачи. Но на пример навечер редовно го користам во тенок слој врз лице, тука секако вклучувајќи ги и очите...и можам да кажам дека ништо не ми го прави помеко и посвежо лицето кога ќе станам наутро. Секако, кожата е деликатна работа и верувам дека не му одговара на секого, но вреди да се проба.

    Во секој случај кокосовото масло има толку многу примени што во никој случај не би останало неискористено и не би ги потрошиле залудно парите. Јас сум искрено препородена откако го открив, за се нешто ми се наоѓа.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Едно време беше маслиново, сода бикарбона, алое вера, уште некој производ измеѓу веројатно, сега во семоќните производи кои лечат триста болести, здрави за во кујна, плус за лице, тело и коса...кокосово. Да направи човек една чистка во купатило од козметички производи за лице и тело, креми за изгореници, посекотини, стрии, габични инфекции, хемороиди, мигрена, првут, херпес, кандида, чир, камења во бубрези...и само ова да си го чува.
    Are you f***ing kidding me?
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Bridget Маслата уствари многу помагаат, само прво психата на луѓето е ако купиле нешто што докторот им рекол или купиле скап козметички производ, тоа повеќе ќе им помогне, а и истовремено резултатите од маслата бараат подолг период, а сите сакаат уште утре решен проблем :D А многу нормално, дека маслата не се за се и сешто и за секоја област :)
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    @Summerlover
    Ако имам проблем со изгореници на пример, посекотини, херпес и слично, не ми треба мене време и време за да помине, оти со време тие сами ќе си поминат. Нормално дека при проблем сите бараме што побрзо и поефикасно решение, и такви постојат. Во аптека. Мачкаш и за ден, два или три поминува. Не сум пробала со кокосово, тврди некој дека на ваков начин е ефикасно за сите работи набројани? А набројани се машала многу. Да се само неколку да поверувам, вака ми е too good to be true. Или она што ти велиш треба време и време, ок, може да се користи како поздрав начин на исхрана и веројатно си ги врши намените за кои се пишува, ама не така ефикасно како што делува при рекламирање.
    На пример, отстојана мешавина од кантарион и ракија, е вистина ефикасно средство за изгореници, и не би го менувала за ниту една крема која можеш во аптека да ја најдеш (од тие што ги имам пробано), не велам дека не верувам во масла, тревки, билки. Но за конкретен ефект веројатно треба да знаеш како да ги помешаш. Ако е така едноставно, ќе се продаваа како лекови, нели?
    Сакам да кажам уствари дека сум свесна оти е производ кој веројатно има бенефит за здравје и нега, како и многу други, како и овошјето и зеленчукот на пример и ред други здрави намирници, само ми смета таа инстант популарност што еден производ ја добива благодарение на преувеличувањето на "моќите" кои ги има.
     
    Последна измена: 23 април 2016
    На Eli23 и Summerlover им се допаѓа ова.
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Bridget Далеку од тоа дека не си во право, но ете секој избира различен начин на негување, третман и решавање на проблемот. А што се однесува до аптеките и нивните лековите, нивната првобитна суштина е профит, а не лек, и да, има доста функционални работи, но повеќето се само да го платиш.
     
    На PaLaVa, Daydream и Bridget им се допаѓа ова.
  8. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Малку oф топик ќе отидам од темава,но сакам да се надоврзам на муабетот на @Bridget .
    Ние како народ толку лесно потпаѓаме под реклама.Беше прво алое,па магнезиум,чиа семе,сега кокосово масло,па диво оригано.
    Имам пријатели кои работат во аптеки и велат дека во последно време се троши дивото оригано.Се прочуло дека лечи кашлица,за одзатнување на нос и имало ред други бенефити.Но никој не знае дека е толку голем алерген кој може да направи други компликации.
    Јас лично не експериментирам со новитети,скептик сум голем,иако не ги негирам позитивните влијанија кои некои од нив ги имаат врз организмот.

    На темава,купив кокосово масло кое стои,не го користам за ништо,па и мирис смени.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Искрено и јас истото го помислив кога започна целата фама околу кокосовото масло, ама после тоа скоро се што пробав се покажа делотворно. За лицето кажав погоре како го користам, на коса некогаш ставам и стварно ја омекнува, ама да бидам искрена не сум најредовна со тоа,немам време да се шлакам баш. Ми помогнало со кандида, против болки во грлото кога не можев да голтам и ниту едни пастили против болки, ниту жалфија и солена вода не ми помагаа. За било каква сувост и иритација ми помага. Го јадам чат-пат, убаво ми е на вкус.
    Е сега за чистење и полирање мебел на крај памет не ми дошло да го шлакам, искрено и не планирам ни да пробам. За шминка вадење не го бива, за стилизирање коса не ми се допаѓа каков ефект дава и сл.

    Не е прескапо, може да се проба па да се каже од лично искуство. Мене искрено ми е скоро секојдневие користењето на маслово. И на сето користење многу споро се троши освен ако не се користи паралелно и за јадење.

    @Bridget јасно е дека некогаш се преувеличува со маркетинг, ама па еве конкретно маслиновото, алоето и содата не се воопшто лоши производи и доста се наоѓаат за разни примени. Ни јас не верувам дека еден производ може чуда да направи, ама факт е дека има некои народни изуми, тревки и плодови кои се лесно достапни во природата што се буквално богатство...ете на пример кантарион, невен, шипинки, нане и тн.
    Традиционална медицина е многупати добредојдена, ама некогаш чарето е пет пари само треба да го знаеш.
     
    На PaLaVa, ell, Eli23 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    За готвење какво е... има ли посебен шмек, мирис? :wasntme: Оти.. маслиново е многу фенси, пример, ама..јас во ништо не го ставам освен смесата за пилинг на тело. Грдо ми е и тежок ми е мирисот...вкусно само ми изгледа(ше) на тв. :D
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Јас еднаш го ставив во куглов колач, мене ми се допадна, ама па можеби и не беше некоја огромна количина па да даде толку интензивен мирис. Од друга страна па јас би се удавила и во маслиново на пример, а еве тебе не ти е по мерак...така што не сум репер :D Со овошје и благи комбинации е најлесно за комбинирање, солена варијанта би дошло како некоја понесекојдневна верзија...според мене.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    @Giovanna на тоа и помислив - колачи и сл. нели демек кокосово,па..човек очекува нешто такво:D баунти вкус и мирис ќе има:tmi: :rofl:
     
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Ќе има ќе има, ако изрендаш и пола кокос :D Или што би се рекло...adjust your expectations :lol:
    Стави го слободно во колачи, кекси и сл. не му се плаши : )))))))
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. @macence@

    @macence@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Kaj moze da go najdam na kulau kokosovoto maslo?
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Во Зегин го продаваат. Јас го земам од продавницата за здрава храна на Зегин. Поздрав
     
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Vekje ti odgovorila Biodevojka....i jas go kupuvam od Zegin ne znam na drugi mesta dali go ima. Mislam deka od skoro moze i vo dm da se najde, no ne sum sigurna.
     
  17. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Тоа во Зегин е ладно цедено?
     
  18. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    Јас го користам кокосовото масло од Кулау. Кога го купив не можев да му се изнадивам на мирисот, но по некое време се заситив и ми стана ептен тежок. Еднаш ставив на лице и мислам дека цел ден ме болеше глава и ми беше лошо од мирисот.
    Обично ставам навечер под очите и околу устата како превенција од брчки, имам 20 години и уште ми е рано да ставам специјални креми. Се мачкам и на местата каде што имам стрии. Понекогаш ставам и на стапалата, врз обичната крема за стапала и облекувам чорапи и утрото стапалата ми се нежни и меки.
    Исто така правам и пилиг со кафе, нешто како DIY варијанта на Body Blendz пилингот од кафе. Во тегличка ставам талог од турко кафе, шеќер, цимет, морска сол и кокосово масло и ја смесата оставам барем еден ден да отстои за убаво да се соедини. Кожата ми мириса на кафе и ми е ептен нежна, а од мирисот не можам да заспијам и цел ден сум полна со енергија :D
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    13177642_10205318686641605_8841981917257292835_n.jpg
    Јас земав тегла од 1к.
    Од ваше искуство дали може да падне притисок од него,пошто земав 2 лажички:)
    Ноќеска ме разбуди страшна болка во задниот дел на главата (тилот) и ушите ќе ми пукнеа.Притисокот ми беше 90 со 68 а срцето 80:(
    Почнав да го земам ова масло за холестеролот да ми се намали:)
    Ако некој има некакво искуство,нека каже нешто
    На лицето ставам,и сум задоволна:)
    Мирисот многу ми се свиѓа,пошто кокосот го обожавам:D
     
    Последна измена: 11 мај 2016
    На Beauchamp и buttercup5 им се допаѓа ова.
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, дали маслото го зема навечер?
    Со оглед на тоа што ова масло дава енергија не се препорачува конзумирање навечер затоа што наместо да те релаксира дава енергија и може да се разбудиш. Поздрав.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.