Дечки, пиел ли некој течен колаген? Конкретно на PharmaVital од Зегин? И Jointace таблети со глукозамин? Треба да ги пијам подолг период, а не се евтини, прашувам дали има ефект воопшто.
Јас пијам течен колаген, но не наведениот туку Омнифлекс - Yasenkа. Содржи колаген, глукозамин, хондроитин, хијалуронска, витамин Ц и манган. Имав операција на менискус пред 1 година, претходно конзумирав друг, сега веќе 2-3 месеци го користам овој и не планирам да го сменам. Кога го дознавме овој јас почнав него да го користам, а супер им е и skiage колагенот со 5000mg колаген, го користи сестра ми и има доста позитивно искуство со него. Јас го користам Омнифлекс заради другите состојки кои ги има, а мене ми се потребни.
Јас пијам CH- АLPHA -Gelita ,течен биоактивен хидролизиран колагенски пептид три месеци, ефектот уште првата недела беше огромен ,имав болки во колено ,зглобовите,мускулите , овој е оргинален германски производ...јас сум презадоволна
Здраво девојки сакам да купам колаген но не се разбирам дали е штетен дали би имало несакани дејства.. сакам да купам од оваа фирма и дали имате инфо дали е добар колагенот многу косата ми паѓа и лицето ми е со црнки акни па читав дека колаген многу помага .. Ваше мислење?
Овој лично го немам користено, претпоставувам од сликата дека се работи за крема. Колагенот во кремите најчесто е само комерција. Самата молекула е голема за да навлезе во кожата. Поголем бенефит ќе видиш со ампули, т.е течен колаген. Најефтина форма е говедскиот желатин, го има секаде, особено во продавниците за здрава исхрана. Исто така, има течен колаген и во ДМ, на Витон е најисплатлив, но има помала количина на колаген. Најдобар е на Doppleherz, но доста поскап, поефтино се наоѓа во соседните земји. Инаку, колагенот сам по себе не е штетен, затоа што телото сам го создава. Само мора пауза да се прави за да не го навикнеш организмот. Јас кога користев колаген, лицето ми беше кристално чисто, буквално ништо не користев за акни. Кога престанав да користам, пред циклус знае да излезе некоја, но сега лицето го регулирам со креми. Сепак, сметам дека колагенот доста помага. Самата кожа добива свежина.
https://de.womensbest.com/products/true-beauty?variant=32391281475655 не е крем прашак е се раствора во вода
Не знам, го немам користено. Ама тие во течна форма, да. Ако сакаш пробај го. Штета не може да имаш. Обично избегнувам продукти all in one. Целам само кон конкретна состојка. Читам и биотин дека има во него, што е исто така добро за кожа, нокти, коса. Но, читав разни рецензии, обично најголем бенефит од биотинот виделе на ноктите, биле поцврсти и побрзо растеле. Јас чекам уште некој месец пауза, па пак ќе си почнам. Мислам и зависи колку години имаш, ако си 20тина години, имаш и други алтернативи, не мора веднаш со колаген да почнуваш. Реално сеуште ти се создава во поголеми количини. Како старееш се помалку.
Искуство со овој колаген? Или да почнам говедскиот да си го пијам? И ако можи да ми кажите како треба да се користи?
Каде го купуваше Омнифлекс колагенот? И дали си задоволна,и јас имав операција на менискус па сега сум во потрага по колаген.
Мајка ми ги пиеше ампулите што содржат колаген, таа ги пиеше конкретно за коските. Овие се пиеја минимум 3 паковање па се правеше пауза и освен за коските, кожата на лицето и се подобри. Некако како да и доби сјај повеќе еластична и стана. Таа нема некои изразени длабоки брчки ама баш тоа го коментиравме дека има разлика во кожата, кај неа јас најмногу приметив на лицето.
Денес порачав колаген во прав кој се раствора во вода, конкретно овој Иако користам доста работи за кожа, коса мислам дека не е само од надвор нешто да се третира, туку и од внатре што е поважно. Има одлични коментари за него, па ќе го испробам и ќе пишам и мое мислење.
Од страната gymbeam.gr го порачав, јас во Грција живеам. Цената му е 13 евра, по 8 гр 1-2 на ден се пие.
Жене, ајде малку помош. Колаген кој може тука во Маќедоња да се најде (нема скоро никаде да патувам). По можност што почист, во прав, за пиење. Правев некои испитувања и се покажа дека колагенот ми е на прилилно ниско ниво што резултира со катаклизмично сува кожа и истенчување на косата. Кога купувам, на што да внимавам? Каков треба да биде составот? Чист колаген или и нешто друго?
Јас што го порачав тој погоре на сликата е баш за кожа, коса , нокти, прво содржи колаген од рибно потекло па хијалуронска киселина, ретинол, цинк, селен, витамин ц , сите витамини од групата б. Јас имам читано по интернет дека има два типа колаген , говедски и рибен, говедскиот повеќе помага кај проблеми со коските, артритис и сл , а другиов на кожата. Јас во Грција живеам и од тука го порачав, дали оваа марка ја има и во Мк не знам , нека каже некој друг
Епа еве, со гугл се служам за да видам што може да се најде тука. https://marketkonekt.com/makedonija/hrana-i-pijalaci/instantna/kolagen-dimas-300g/66k.htm Овој е рибен колаген https://www.torba.mk/ribin-kolagen-vitamin-c И овој од Зегин https://zegin.biz/mk/nutrisslim-khidroliziran-kolagen-vo-prav-140-g Гледам да биде чист, во смисла да нема фруктоза или засладувачи или бои и вкусови, пошто имам осетлив стомак на такви додатоци. Не знам дали е паметно обичен говедски желатин од Биокосмос да земам, тој што се јаде, па да видам да истражам и да се апгрејднам со овие поскапиве. Веројатно ќе има корист.
Јас сум во потрага по колаген, за коса, кожа.. Ги видов предлозите кои ги имате пишано. @Abel дали почна да користиш некои од овие, ми треба препорака?
Леле не бидејќи матичниот ми држеше предавања, ми рече месо и џигер да јадам и да си купам желатин да си растварам ако веќе толку сакам да арчам пари. И јас купив обичен желатин на Биокосмос мислам дека е, па ќе пробам. И на коса ставам маска, па за месец-два или ќе се пофалам или ќе се пожалам.
@GrimTheReaper Те тагнувам тебе зошто знам дека те имам читано по темиве дека имаш пиено доста различни колагени. Јас го купив Jamieson и го пијам веќе два месеци, но искрено никакви промени не гледам, дури лицето суво ми е, безживотно, одредени брчки и ми се продолжија и продлабочија. Да не конзумираш некој друг колаген што докажано ти помогнал? Се мислам оние како ампули од Др. Витон ми се чини беа од ДМ да ги земам, или еве предложи некоја алтернатива што е добра според тебе. Фала ти ептен.
Види, искрено ќе ти кажам. Самиот колаген помага, но не е еликсир на младоста, во смисла дека одеднаш брчките ќе ги снема, лицето веднаш ќе се исчисти, ќе те препороди. Брчките штом еднаш излегле, не ги снемува во целост. Може само да го намали нивниот интензитет или пак да превенира појава на нови до одреден степен. Стареењето е неминовен процес. Целта е да го забавиме истиот колку можеме повеќе, но не и да го спречиме. Јас го користев и тој на Витон, океј беше. Но, најпрвин лицето го исчистив со серуми и креми, сменив исхрана и веќе на добиено ,,ново" лице, го одржував само со колаген. Немав воопшто потреба од креми. Претпоставувам ти е суво од други фактори. Зависи каква кожа имаш, плус е ладно, треба дополнителна хидратација и помасна на лице. Не е од колагенот, дефинитивно. Ти продолжи да го конзумираш, не штети, нормално е присутен во организмот. Но, со оглед дека е есен и иде зима, мора да користиш креми. На суво лице, брчките и повеќе се познаваат. Што значи, може кој сакаш да го пробаш, соодветно на временските услови и типот на кожата да користиш и крема.