@GrimTheReaper Фала ти. Нормална кожа имам би рекла, крема секако користам. Знам дека брчките од колагенот нема да ми ги снема, ама некако никаква промена не забележав, дури и продлабочување на веќе постоечките брчки. Не велам дека тоа е од колагенот, но ете може на мене баш тој не ми одговара и делува, а мислам дека 2 месеци е доволен период за да покаже некои резултати. Може и некој поскап да пробам, може поокеј ќе биде со комбинација на колаген+ХА од Ревокс кремата за визуелно да изгледаат поизмазнети.
i jas isto pojam kolagen ,a korista i krem so kolagen i hilarion vo nego i ne gledam nes specijalno vaka da ima od nego korist ,megutoa nikoj ne mi gi dava godinite koi gi imam me pravat po 10-12godini pomlada ili sestra na sinnmi ,megutoa sepak mislam deka se e do genetika,a i ne e loso odrzavanje vaka so pienje na suplementi i nega na kozata definitivno najzadovolna sum od Nivea jas,koristev i Loreal i Este Lauder megutoa na mene najmnogu mi odgovara Nivea,inaku imam cista koza i suva
Колаген присутен во креми е маркетиншки трик. Мислам имам пишувано за тоа. Има голема молекула и кожата не го апсорбира, што всушност немаш и некоја полезност од таа крема. Има други состојки кои се далеку посоодветни за брчки отколку колаген. Говорам конкретно за кремите. Јас би ти рекла извесен период да експериментираш со креми. Секоја не одговара на твоето лице. Она што мене ми е одговара, тебе може да не. Има на интернет кои состојки да ги бараш да бидат содржани во кремите, а да се за подмладување.
Го користиш ? Ако да, дали има ефект ? Јас нарачав таблети Marine Collagen Type I Некако таблетите ми се попрактични и дозата знам која е.
Да ти кажам иако ина вкус манго портокал , мене многу грозно ми мириса. Не можам да го поднесам пиејќи се зезнав, теебаше во вид на апчиња да го порачам (истото го имаше само во капсули) не сум продолжила да го пијам баш кога ќе го испијам ќе ти кажам за ефект
Здраво, постаро ти е мислењево ама гледам имаш искуство со колаген хаха. Имам проблем со коленото ми крцка и ме боли, на лекар се е океј ми рекоа па викам да пробам со колаген. Кој ти се покажал најдобар до сега, во каква форма е најдобро да го внесам? Имам 24 години инаку, не знам дали има врска ама негде прочитав дека не треба пред 30 години да се консумира.. фала
Јас ко почнав да пијам колаген циклусот ми траеше 2 недели и го прекинав мислев дека е од него...Дали имаше ти некој проблем?
Дрга колагенот кој се пие, односно внесен внатрешно нема никакво дејтво врз кожата...не ни стигнува до кожата поради желудечните киселини . За ефект врз кожата се нанесува локално а не внтрешно...
Јас пиев колаген 5 месеци и лицето ми беше многу меко,најмногу на лице осетив но и општо цела кожа ми беше многу понежна на допир Сега не сум Мк и незнам овде кој колаген да го земам Јас имав многу убаво искуство со колаген за пиење Ми беше препишан од дерматолог