Доколку производот е со убава декларација ќе има ефект врз кожата. Од производите со убава декларација би ги издвоила следниве Овој е со пептиди и фитопланктон кој го стимулира колегенот во кожата (за повозрасна кожа е не знам колку години имаш ама од 40 па нагоре би рекла)
Му текнало на некој да тропне по нешто и одма е така. Секако дека колагенот дава видливи ефекти на кожата. И тој што се пие и тој што се нанесува на кожа во вид на серум или крема. Сведок сум оти мајка ми пиеше до скоро колаген во прашкаста форма(поради операција на колено) и имаше ептен видливи резултати и на лицето. Кожата и заблеска, за нејзини години изгледаше екстра во лицето, брчките и се пополнија и кожата и беше по мазна од кога било. Сега кога прави пауза пак се забележува мала разлика не е исто како во периодот кога активно го пие. Јас скоро почнав со ретинол, понатаму планирам колаген да користам. Сепак едно знам: Ако не се наспиваш и не пиеш доволно вода ни ретинол ни колаген ни било што нема да ти има ефект.
Зошто е рано? Колагенот постепено се губи после 25тата година. Искрено јас во колагенот за топикална употреба не верувам, на гугл повеќе се зборува за колагенот за орално земање кој има повеќе факти дека делува.
Друго е кога се пие за други намени и затоа се дава во рана возраст па покрај тоа да делува и на кожата. А за креми кои содржат колаген зависи од самиот тип на кожа најдобро е на 35+ кога веќе има видливи знаци на стареење па да можеш да забележиш некоја разлика. Ова ја така мислам и не значи дека е така.
Превенција е најдоброто нешто. Па така, подобро да се спречи одколку да се лечи. На 35 години кога веќе имаш видливи знаци на стареење, тешко дека ќе можеш да направиш нешто со брчките а да би имало трајно решение освен ботокс и филер секако.
Ниедно истражување не докажало дека колагенот нанесен топикално стимулира производство на колаген од самата кожа, бидејќи има голема молекула и не се апсорбира во кожата. Дерматолозите се сложуваат дека кремите и серумите се само маркетинг и може само да придонесат некојаси хидратација ништо друго.
@buba4e89 па и не баш, ама сметам дека следната година ќе биде добро да почнам да воведувам производи со колаген во рутината. 27 имам сега.
Драга научно е докажано дека колагенот за пиење нема ефект врз убавината на кожата барем како што би имал нанеен топично. Во кремите со оглед на тоа што делува директно врз кожата дејството е поголемо (ова секако завии од составот на кремата, количината на состојката итн. индивидуално е од производ до производ). Скоро сите производи за пиење на база на колаген во својот состав содржат и други состојки како витамини од групата Б, минерали итн и токму тие делуваат позитивно врз кожата и ја подобруваат убавината повеќе отколку самиот колаген. Јас сум сигурна дека и оној што мајка тиго земала имал и други состојки освен само колагенот. Не знам за другите, ама говорам за себе, ја никогаш не кажувам работи дека така сум се разбудила, доколку истите не ги поткрепам со истражувања и секако со факти. А за ретинолот да не правам муабет колку не и прави добро на кожата, особено на возрасна кожа. Ретинолот во козметиката се јавил како решение во случај на акни и во одредени случаеви и помага, меѓутоа модата дека за стареење треба производи на база на ретинол е навистина многу погрешна. Ова ме доведе до мисла да направам две видеа во кои во едното ќе говорам за колаген и дали и како може да е стимулира, а во другото за ретинол и ретиноиди... Навистина има доста дезинформации низ мрежите... Може слободно
Како тогаш ретинолот помага во подобрување на структурата на кожата т.е ја прави кожата по мазна? Според тебе што е тоа што помага за анти-ејџ ако не се ретинолот и колагенот? Зошто научни истражувања и тестирања од страна на академски научници тврдат дека ретинолот е тој што ја најмногу ја подобрува текстурата на кожата? Ете јас користам биоретинол и сум задоволна, има ефект. И од ретинолот и од нијацинамид и хијалуронска киселина, гликолна киселина, млечна киселина итн..
@Biodevojka Баш и мене ме интересира во врска со ретинолот, да направиш видео зошто може да биде штетен за кожата и сл. Јас го користсм овој маслен серум со бакучиол на Evolve и ме интересира што мислиш за составот, да продолжам да го користам или не.
Здраво драга, ретинолот прави еден вид на екфолијација на кожата (секако помал од киселините) и моемнтално два убав изглед бидејќи новите клетки доаѓаат до израз и кожата делува покомпактна. Со текот на годините функционалната резерва на нашата кожа се намалува (способноста на кожата да се одбрани од одредена агресија или штета на самата кожа). Секојпат кога јас ќе направам штета на кожата користејки кератолитички состојки како на пример ретинолот способноста на мојата кожа (доколку сум повозрасна) да одговори на оваа штета односно на некој начин да ја поправи штетата е помала. Исто така нашата кожа има одреден број на клеточни промени (земете на пример една книга со одреден борј на страници) доколку ние правиме пилинзи, користиме состојки со кератолитично дејство итн. овие страници ќе ги завртме многу порано отколку кога кожата тоа сама би го правела по природен пат. Значи моменално кожата ќе ја видиме помазна и поубава за тоа нема збор, ама многу порано отколку со текот на времето кожата ќе опадне и ќе се опушти...Драга за ова има навистина многу да се говори. Моментално не можев да правам видеа поради фактот што моментално имав проблеми со грлото и неможев да говорам, меѓутоа сега сум подобро и дефинитивно ќе направам видео. Знам дека е тешко да се поверува, особено кога сите трендови и меркетинзи говорат за вредноста на ретинолот, меѓутоа запомнете дека јас ниту продавам козметика, ниту пак сакам некоја фирма да профитира на здравјето на вашата кожа. Да знаете само колку фирми имам одбиено кога ми нудат пакети на производи со ретинол само да ги ставам на стори на инстаграм...Јас ги кажувам работите како што се, па секако потоа оставам на вас дали ќе верувате или не. И кога би правела свои производи за продажба (тоа ми е животна желба еден ден да имам своја козметичка линија) во ниеден од нив нема да ставам ретиноли. Дајте ми уште ден два да се опорава и ќе направам видеа како за ретинолот, така и за колагенот ветувам. Драга 5 пати ја разгледав формулата додека да сфатам дека BAKUCHIOL е всушност ретинол во случајов. За разлика од чистиот ретинол овој е една варијанта кој според неколку истражувања кои ги прочитав има помало негативно дејство од оригиналот. Со оглед на тоа што не ја познавам добро состојкава потребно е убаво да се информирам од истражувањата и пред сѐ да видам за каква состојка станува збор пред да ти одговорам било што, Како и да е ќе ти пишам. Позз
Не се согласувам дека ретинолот првично го подобрува изгледот на кожата, а долгорочно го влошува. Прво, ретиноидите (различни форми на витамин А) не прават ексфолијација на кожата, особено не како киселините. Напротив, позитивно влијаат за здебелување на кожата преку поттикнување на производството на клетки и баш она што се намалува со тек на време - колагенот, со што се зајакнува структурата на кожата и го дава тој затегнат младешки изглед. Но, за видливи резултати неопходна е долга редовна употреба (месеци). Негативниот side effect од ретиноидите е тоа што го истенчува најгорниот слој на кожата, т.н. stratum corneum, кој се состои од мртви клетки и служи за да спречува/намалува надворешни негативни влијанија врз подлабоките, „живите, активните“ слоеви на кожата. Поради истенчувањето на овој слој, може да се јават иритации, затоа што кожата сега е „понезаштитена“, но дали ќе се случи тоа и до кој степен е многу индивидуално. Сепак, со тек на време, се создава отпорност и се намалуваат/исчезнуваат негативните ефекти. Вреди да се каже дека постојат луѓе кои никогаш нема да можат да толерираат ретиноиди (сите или конкретни типови) и нема да развијат отпорност кон негативните ефекти, додека некои воопшто нема да имаат несакани ефекти. По некое време се јавува стагнација и може да изгледа како ретинолот да престанал да делува, но тоа не е точно. Треба да се сетиме дека сепак стареењето е незапирлив процес, односно може да го ублажиме, но не постои нешто што ќе го сопре. Тоа значи дека конкретно тој производ, таа формулација, со таа концентрација толку може да го „подобри“ природниот капацитет на кожата да создава нови клетки и колаген. Потоа може да се пробуваат други производи (различни производи со различен тип на ретиноид, па дури и ист тип и иста концентрација може да имаат различна ефикасност), но дури и тоа нели има граница, не може вечно да ја зголемуваме концентрацијата на ретиноидите. Максимален ефект има најчистата форма на витаминот А - третиноинот, кој поради својата моќност, а со тоа и потенцијал за иритација се издава на рецепта која ја дава дерматолог. Естерите пак, имаат најмал ефект, односно сега-засега се смета дека скоро и да немаат видлив ефект како ретинолот или retinaldehyde, повеќе се сметаат како антиоксиданси. Повеќето креми во dm што сум ги видела што се anti-age или демек со ретинол всушност имаат естер, најчесто retinyl palmitate. Поверојатно е да најдете нешто поефикасно со ретинол в аптека или кај продавниците со азиска козметика. Значи, по некое време ќе изгледа дека ретиноидот не делува, но она што треба да се запомни е дека доколку не се користел воопшто, односно доколку не сме ја стимулирале кожата со помош на ретиноидот да создава клетки и колаген, кожата ќе изгледала постаро отколку со негова употреба (затоа што нели, самата помалку создава клетки и колаген ). Тука се работи за психички момент, каде што треба постојано да се потсетуваш дека иако не гледаш подобрувања како што си гледал на почетокот од употребата на ретиноидот, сепак ретиноидот „работи“ за тебе најмногу колку што е возможно (повторно, во тој конкретен производ и во таа конкретна концентрација). Ова е причината зошто луѓето што прекинуваат со употреба на ретиноид после сметаат дека им се влошила кожата, кога реалноста е дека откако сме ѝ го тргнале стимулансот (ретиноидот), неа ѝ останува да се потпира на природниот капацитет за создавање клетки и колаген, кој е помал без бустот на ретиноидот и само ќе се намалува со тек на времето. Се разбира, и со употребата на ретиноидот ќе продолжи да се намалува затоа што како што кажавме, стареењето не може да се сопре, но тоа ќе биде побавно. Со прости зборови, ако карикирам бројки, според она како јас ја сфаќам проблематиката, затоа што не сум ни дерматолог/биолог, ни хемичар, би било нешто вака: Да речеме дека на 20 години правиш 1600 клетки дневно и имаш 1000 (некоја количина, не знам како се мери) колаген. На 30 години правиш 1400 клетки дневно и имаш 900 колаген. На 40 години правиш 1200 клетки дневно и имаш 800 колаген. И сега да речеме дека користиме некој ретиноид, еве нека е 2% ретинол: На 20 години правиш 1700 клетки и имаш 1100 колаген. На 30 години правиш 1500 клетки и имаш 1000 колаген. На 40 години правиш 1300 клетки и имаш 900 колаген. Значи со тек на годините, дури и да користам ретиноид јас пак ќе го намалувам производството на клетки и колаген, меѓутоа тоа сепак би било поголемо отколку ако не користам ретиноид. Објаснувањето за функцијата на ретиноидите и нивното генерално позитивно влијание не го измислувам јас (иако како што кажав, примерот го искарикирав според мое сфаќање од тоа што сум слушала со тек на годините од дерматолози и козметички хемичари со според мене објективен став кон козметиката), туку следам многу канали на youtube и акаунти на инстаграм од дерматолози и козметички хемичари со цел да слушнам повеќе мислења и или да го разберам консензусот на одредена тема или барем да добијам нијансираност во аргументите. Сепак, за мене приказната за интересот за козметика почна со lab muffin beauty science, па затоа најлесно ми е да се сетам на неа како извор (а и да не копам низ инстаграм кои сѐ ги следам и да барам на нивниот feed постови за ретиноиди ), па затоа споделувам и видео од неа: Спојлер Добри извори се и drdray, dermangelo, ranellamd, doctorly, themelaninchemist, capricorneum skin и многу други. Докторите некогаш знаат да направат лапсуси кога се работи за формулации, некогаш безбедност на некои состојки, ув зрачење и сл (затоа што не е нивна експертиза), па затоа е добро да се слушаат и мислења од разни козметички хемичари. Што се однесува до колагенот, јас како што знам топикално служи само за да ја хидрира кожата, не стимулира производство или надополнува колаген, додека за орално внесување мислам дека сѐ уште нема цврсти информации, т.е. консензус за ефектите на целото тело, а за кожата мислам дека генералното мислење е или дека нема некој посебен ефект или не вреди да даваш толку пари за нешто што не е со сигурност утврдено дека функционира, кога имаш други подокажани опции (како ретиноидите итн).