Јас се излажав да го земам овој, ради цената Ми стои неколку месеци така неотворен, ми е страв да го пијам некако не најдов баш многу рецензии за него и пиши дека може алергиска реакција да се добие и ми е прпа. Досега не сум користела никогаш, а пред многу години имав вода во колено и оттогаш ми крцка коленото на качување по скали и чучнување. Некој да сподели повеќе ако знае околу нус ефектите
Не го пијам, никој не ми одговори овде и ми беше сумливо да го почнам. Плус мирисаше многу на алкохол или нешто слично
Јас го почнав, неколку души прашав и сите пијат некој вид на крај реков да видам едно паковање, ако ми одговара ок, ако не ќе растворам говедски желатин.
Во што е разликата меѓу колаген за коски и колаген за кожа? Кога барав во аптека ме прашаа за што поточно ми треба, а мислев исто е.
Не знам што би требало да го прави најдобар, Матрикс на Арбореал би ти го препорачала доколку сакаш квалитетен колаген.
https://arboreal.mk/product/collagen-bovine-matrix-of-natural-origin/ Овој така? Гледам на нивната страна има морски и говедски за овој не најдов каков е?
Да не ви ја расипувам забавата, ама нема научно потврдени студии дека земање колаген од животни ги подобрува нашите кожа, мускули, зглобови итн. Затоа не трошете пари на такви суплементи. Нашето тело не може да го користи животинскиот колаген, бидејќи нашиот колаген е различен од животинскиот. Различен е по молекуларен состав, по распоредот на амино киселините во протеинскиот состав. Затоа нашето тело мора прво да го дигестира и разложи животинскиот колаген на основните амино киселини, а потоа од тие амино киселини да си создаде свој човечки колаген. Но за такво нешто на нашето тело не му е потребно колаген суплемент. Можете и обично месо, јајца, млеко, грав, грашак итн да си јадете и телото ќе си ги обезбеди амино киселините од таму и од нив ќе си создаде човечки колаген. Мој совет: Јадете разноврсна здрава храна, пијте редовно течности, спортувајте, спијте по 8 часа минимум и ќе изгледате свежо и витално. Позз
Пааа, не знам како да ти го опишам хаха Ајде ќе пробам нешто најприближно да доловам, не знам дали некогаш си јадела или барем си пробала пача (пивтија)? Мене ме потсетува малце на тој некој чуден ( грд) вкус, ама не до тој степен дефинитивно. Пак е индивидуално во поглед на тоа, еве другарка исто го користи и нема мака