Колаген

Дискусија во 'Лице' започната од EvaB, 21 јуни 2014.

  1. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Женски
    Овој од iHerb, шипингот ми го даде 250ден, што не е многу, за разлика од други работи што сум сакала да нарачувам. Па ме интересираше тебе колку те фаќа кога нарачуваш. Овде кај нас изборот на колаген е многу мал.

    А ако нарачам 2, ме фаќа 100ден шипинг, и за цела нарачка околу 5000ден, за 1кг колаген. Што може да му дојде и поевтино од некој наш рандом бренд овде што го продаваат и за кој не можеш ни рецензии да видиш.
     
    Последна измена: 6 мај 2025
  2. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Машки
    Купиј го и не се мисли. Брендот и квалитетот одличен. Не се сеќавам колку јас плаќав, беше пред повеќе од година. Потоа се фрустрирав што попустите толку често не се погодуваат. Тековно користам некој друг купен од тука, поскап севкупно.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    3.314
    Пол:
    Женски
    Вежбам долги години, сега почнав и повеќе да стојам на работа и се повеќе ме болат колената, поготово десното. Дали имате да ми препорачате некој колаген што би ми помогнал? Разгуглав набрзинка ама има многу, не знам кој ми треба.
     
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.900
    Допаѓања:
    12.024
    Пол:
    Женски
    Ели здраво.
    Какви сензации имаше поконкретно ако може да опишеш?

    Јас го пијам од Димас од говедскиот.
    Мене периодов ме зачешува кожата и не можам да престанам. Ама јас и алергија пролетна имам, па и порано знаеше да ме чеша вака па како црвени брунчиња се нафрлам некој ефект од чешањето па ќе спласне потоа.

    А за потеклото, аман, мислите дека се лажовни? Зошто мислев дека се од В. Британија?
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    124.679
    Чешање, боцкање . Докторката ме искара за колагенот и престанав да го пијам искрено ме фати страв :)