Колачиња за Св. Валентин

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 1 февруари 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    1.514
    Сакам на дечко ми за валентин сама да му направам колачиња во вид на срценца... да ги ставам во убава кутија и да му ги подарам.. некој вкусен и лесен рецепт??? :)
     
  2. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    72
    Медени колачиња :mrgreen:

    3 јајца,
    300 гр. шекер
    3 лажици мед
    1 пециво
    1 ванила
    6големи лажици вода
    1 лажичка сода бикарбона
    150 гр зејтин
    по можност ако сакате и 2 лажици маргарин кристал.
    Значи се матат јајцата со шеќерот, се додава медот водата зејтинот,
    пецивото, ванилата,водата и сето ова се мати потоа со миксер.
    Потоа додавате брашно и тоа го матите со миксер.
    За оваа доза ви е потребно некаде околу 800гр. брашно.
    Потоа го месите тестото и бидејќи тестото се лепи малце од медот,
    сукате кора , но пред да ја сукате забрашнете малце повеќе.
    И нормално земтете модли во вид на срце.
    Намчкајте тепсија со маркарин или пак на хартија за печење.
    Си ги печете колачињата не повеќе од 7-8 минути на загрена рерна.
    Потоа спојувате по две со марамлад или пак еурокрем и ги брцнувате во стопено чоколадо.
    И трк до некоја локална цвеќара купете си книжна кутија во вид на срце и Вуала :mrgreen:
     
  3. anjuskaa

    anjuskaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    медени колачиња се супер предлог само што јас би додала и една две кесички цимет во нив.им дава поубав вкус... мммммммм
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    1.514
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    1.514
    Ги пробав, и убави се... ама само додека се топли се меки, после се камен :)
     
  6. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    111
    Да не ги згреши бе Маичке..И јас имам правено вакви колачиња и многу се убави..Како штрудла медела се по вкус и се многу поубави откако ќе отстојат еден ден...
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    1.514
    Не знам бе, правев споре горенапишаното , само сода бикарбона не стаив :D па или е до тоа, или мн сум ги печела :lol: ама ти викам убави ми беа додека беа топли ама сеа мн ми се тврди :(
     
  8. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    72
    Маичке нешто гарант си утнала, бидејќи колачињава се многу убави,
    а посебно следниот ден....Повторувањето е мајка на знаењето :mrgreen:
    Поздравче :D
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    1.514
    Епа ништо, има време до валентин да го научам рецептот , па ке пробам пак викендов :)
     
  10. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    111
    Еј,Маичка!А што е со кутијата? Сама ќе ја изработуваш или ќе си купиш готова од некоја цвеќара :?:
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    1.514
    Ке купам, има многу убави кутии во SEWA, во форма на срце( ги има во многу олемини, од најмала до наголема) и во различни бои, мн се убави има и со светки и секакви... и одозгора една убава машничка... само уште колачињата да ми се погодат ке биде супер, ама се ми се чини дека и нив ке ги купам :lol:
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На Maeeeee и eleni23 им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Мафин со розево срценце :l:
    [​IMG]
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marija7

    marija7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Mоже и ова да послужи за таа пригода, доста интересно , а и
    лесно за правање -треба да се проба

    текстот е на српски (се надевам дека ќе нема проблем)

    Čokoladna šoljica sa kremom ili šlagom – sve uradimo sami! I pojedemo…

    Crna čokolada i krem obogaćen vanilom – to su svi sastojci za praznićnu poslasticu, čak vam nisu potrebne ni posudice za posluživanje jer ćete ih sami napraviti. Od čokolade! Zatim, kada budete olizali i pojeli prvu garnituru, napravite još jednu i napunite je kremom od bele čokolade. To će biti za goste ;).

    [​IMG]

    Za čokoladne posudice
    potrebno je:

    • tabla čokolade,
    • mali baloni,
    • papir za pečenje,
    • šerpa i posuda,
    • kašika.

    [​IMG]
    U šerpu nalijemo dva prsta vode i stavimo je da se graje. Preko šerpe stavimo posudu i u njoj izlomimo tablu čokolade. Balončiće naduvamo i zavežemo.

    [​IMG]

    Važno: istopljenu čokoladu ohladimo što je više moguće, kako nam baloni ne bi popucali. Zatim kašikom nanosimo čokoladu na spoljašni deo balona.

    Namazane balone na kraju postavimo na papir za pečenje. Deo čokolade će skliznuti na dno i tako će se formirati postolje.

    [​IMG]

    Kada se čokolada stvrdne, balončiće probušimo iglom bliže čvoru, kako bi vazduh polako iscureo. U suprotnom, ako baloni puknu odjednom, pritisak bi polomio čokoladu.

    [​IMG]

    Posudice pažljivo odlepimo od papira na kojem, od ostatka čokolade, napravimo zvezdice za dekoraciju. Umutimo slatku pavlaku i dodamo joj zbog mirisa vanilin šećer, a po ukusu možemo dodati i šećer u prahu. Čokoladne posudice napunimo umućenim kremom i ukrasimo ih čokoladnim zvezdicama.

    [​IMG]

    Jednostavno, zar ne? Možemo da napravimo i krem od bele čokolade!

    Potrebno je:

    • 90 g bele čokolade,
    • 150 g slatke pavlake,
    • 30 g butera,
    • 30 g šećera,
    • 60 g šećera u prahu,
    • 3 jaja,
    • 3 kašike viskija.

    [​IMG]

    Stavimo šerpu sa vodom da se greje. Preko šerpe stavimo posudu, tako da ne dodiruje vrelu vodu, i u njoj izlomimo belu čokoladu. Dodamo buter. Stopljenu čokoladu i buter promešamo i ohladimo na sobnoj temperaturi.

    Razbijemo jaja i odvojimo žumance od belanca. U posudi penasto umutimo žumanca sa šećerom, dodamo im viski i umućenu slatku pavlaku, sve to lepo promešamo. Ovoj smesi zatim dodamo stopljenu i ohlađenu čokoladu. Umutimo sneg od belanaca, dodamo šećer u prahu i nastavimo da mutimo dok sneg ne postane čvrst i sjajan. Nežno ga pomešamo sa čokoladnom smesom.

    Gotovim kremom punimo čokoladne činijice. Poslasticu stavimo na hladnom mestu nekoliko sati. Pre serviranja dekorišemo čokoladnim zvezdicama.

    Na kraju serviramo naš jednostavan desert, kada pojedemo ukusan krem slobodno se možemo baciti i na posudice - pa… prijatno slavlje! ;)
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.927
    Пол:
    Женски
    Чоко срциња

    - 200 грама мелени бисквити
    - 2 кесички ванилин шеќер
    - 4 лажици какао
    - 1 лимон
    - 130 грама маргарин
    - 3 лажици мед
    - 300 грама мелени ореви
    - 50 милилитри рум
    - 8 супени лажици шеќер во прав

    Подготовка

    Во еден сад се ставаат сите состојки, се ренда кората од лимонот и се додава и чоколадото што претходно ќе го растопите. Сите состојки се мешаат заедно, а кога смесата ќе се соедини, се извлекува кора со средна дебелина. Од неа со калап се вадат форми во облик на срце и се прелеваат со топено чоколадо. Се оставаат да се стврднат малку.
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    3 шолји брашно
    ¾ ч.л. прашок за пециво
    ¼ ч.л. сол
    1 шолја путер или маргарин (да не е солен)
    1 шолја шеќер
    1 ч.л. црвена прехранбена боја
    1 јајце (изматено)
    1 с.л. млеко
    шеќер во прав
    100g бело чоколадо
    Подготовка

    Оставете го путерот малку да омекне на собна температура.

    Промешајте ги во сад брашното, прашокот за пециво и солта. Оставете ги настрана. Во друг длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Мешајте со миксер додека смесата не добие светла боја. Додајте ја црвената прехранбена боја, изматеното јајце и млекото мешајќи. Потоа ставете го миксерот на помала брзина и постепено додавајте од смесата со брашното додека мешате. Ќе знаете дека смесата е готова кога ќе почне да се одделува од ѕидовите на садот. Поделете го тестото на половина, завиткајте ги двата дела во мрсна хартија и ставете ги да отстојат во фрижидер 2 часа.

    Напрскајте ја работната површина и сукалото со шеќер во прав. Извадете го едниот дел од тестото и сукајте го додека не достигне дебелина од 6-7mm. Често придвижувајте го тестото и не дозволувајте да ви се залепи (ако е потребно, дополнително напрскајте со шеќер во прав). Треба да бидете брзи, затоа што тестото не смее да се стопли (затоа го поделивте на два дела).

    Од тестото исечете парчиња со помош на калап во форма на срце (треба да добиете околу 35 колачиња). Поставете ги колачињата на плех обложен со мрсна хартија за печење и ставете ги во претходно загреана рерна на 200°C. Оставете да се печат додека не почнат малку да потемнуваат, но не дозволувајте да почнат да стануваат кафеави (потребни се околу 7-9 минути). Извадете ги и оставете да се изладат.

    Сега доаѓа интересниот дел. Стопете го чоколадото на пареа (или на тивок оган постојано мешајќи) и оставете го малку да се излади. Ставете еден дел од чоколадото во готварски шприц со многу мал отвор (ако немате, земете мала кујнска најлонска кеса и со ножица сечете многу мал дел од едниот агол – 1 до 2mm). Со нежен притисок нанесувајте од чоколадото врз колачињата. Можете да избирате помеѓу декорација во вид на напречни линии или декорација во вид на точки со различна големина (како на сликите). Ако имате наплив на креативност, испробајте и некоја своја идеја. Можете да користите и комбинација од бело и темно чоколадо.
     
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Валентинини медењаци за Валентајн
    1. Медот и путерот стопете ги, тргнете нека малку олади.

    2. Јајцата со прав шеќерот, зачинот, сода бикарбоната и водата сматете ги со миксер, додадете го медот и путерот, измешајте, додадете брашното. Измесете го тестото, ставете го најлон кеса или завиткајте во стреч фолија, оставете во фрижидер да одстои до наредниот ден.
    (Ова тесто може да се спрема и 2-3 дена порано)
    - Доколку сакате да тестото ви биде кафено, тогаш додадете плус уште 2 лажици вода и 20 гр. какао

    3. Наредниот ден извадете го тестото и на лесно (малку) побрашнета работна површина измесете го тестото, да не остане брашно по него, ставете го меѓу два листа хартија за печење и расукајте го во дебелина од 3-5 мм. Со модла вадете ги формите. Ставете да се печат на 200 степени 10 минути, никако повеќе да не ви изгорат.

    СМЕСА ЗА ШАРАЊЕ
    1. Шеќерот во прав два пати го пресејте со ситно сито.
    2. Со миксер матете ги белките околу 30-40 сек. по што полека ќе го додавате шеќерот и оцетот. Кога ќе ја добиете саканата и потребна густина, во најлон кеса ставете една лажица, нека биде во ќошот од кесата, со игла пробушете, понатаму шарајте и вашата фантазија одсликајте ја на медењаците....

    ГЛАЗУРА ЗА ПРЕЛЕВАЊЕ
    1. На пареа матете ги белките, додајте го шеќерниот сируп и матете. Кога е доволно густо тргнете, прелејте ги медењаците и оставете на рештка да се сушат во млака рерна.

    Совет
    - Тестото е доста тврдо, јас го сукам со сукало во кое може да ставам топла вода, сосема одлично се сука, поради што иако не сум пробала, предпоставувам дека доколку ви преставува тешкотија за сукање, предходно малку загрејте го во микровална.
    - Густината на смесата за шарање лесно ќе ја проверите дали е доволна доколку со чачкалица брцнете во смесата, нашарајте на раката и ако не се разлева или скрши..глазурата е добра.
    - Шеќерниот сируп е напишан во голема количина, можете да ја спремите во преполовени дози или да остатокот го соберете во тегличка или флаша мала, се користи за натопување на разни колачи, сорбет, боли, за сладоледи, овошни салати и сл. , а можете да ги ароматизирани додавајки му ликер по ваш избор.


    CIMG0206-copy-800x640.jpg
    Чоколадно срце
    Подготовките бараат многу трпение, но резултатот ќе ви остави голем впечаток.
    Испржете ги лешниците во плех додека добро не позлатат.
    Во тенџере на пареа стопете го шеќерот,без мешање, со ротирање.
    На карамелот ги додаваме лешниците и мешаме брзо.
    Потоа ставете ги на силиконска подлога и разделете ги со чепкалка. (побрзо)
    Ќе добиете преубави карамелизирани лешници.
    Откако ќе изладат со кујнски нож исецкајте.( Во зависност колкави сакате)
    Здробете ги наполитанките, додајте ги лешниците, стопете ја млечната чоколада и мешајте да добиете компактна смеса.
    Стопете ја темната и во комбинација на другите состојки се меша добро.
    Помеѓу два листа хартија се прелива смесата, се сука дебелина 5мм. Ќе се зацврсти на собна температура. (околу 2 часа)
    Во тенџере го вариме шеќерот со водата, да добиеме шеќерен сируп.
    Жолчките ги матиме со миксер додека не станат меки и светли.
    Им се додава шеќерниот сируп и се мати додека смесата целосно не олади.
    Измешајте го путерот со жолчите да добиете крем.
    Растопете ја чоколадата и додајте ја во смесата.
    За вториот чоколаден крем потребно е од белките и шеќерот да добиеме цврст снег.
    Ги додаваме трите вида брашно.
    Се топи чоколадата и се остава малу да се излади.
    Се додава на смесата од брашното и белките.
    Во плехна хартијата обелешете ја големината на срцето и со помош на прскалка се формираат срциња.
    Се печат на 180степени 10 мин.
    Печени, покријте ги да не се исушат.
    Со калап за срце, од чоколадната плочка ги ваѓаме и претставуваат основа за нашиот десерт.
    Оставете ги 30мин во фрижидер да се изладат.
    Декорација
    Ставаме чоколадна плочка во форма на срце, ставаме од чоколадниот крем па од печените срциња па пак од чоколадниот крем, па чоколадна плочка.
    Декорирајте со сезонско овошје.

    CAM01190-f2bb43-800x600.jpg