Ferrero Rocher бомбици Состојки: -100 гр. наполитанки од лешник -150 гр. лешници -200 гр. Nutella -150 гр. чоколада за готвење -4-5 лажици масло Подготовка: Лешниците се потпекуваат и се сецкаат.Наполитанките се кршат на покрупни делчиња,се додаваат лешниците и накрај се додава Nutella . Се меси и е остава во фрижидер (околу 45 мин.) за убаво да се стегне смесата.Потоа се прават бомбици со намастени раце и секоја бомбица со чепкалка се мака во чоколадната глазура. Чоколадна глазура: -150гр темна чоколада се топат со 4-5 лажици масло на најниска температура. Јас ги пробав и беа многу вкусни исто како оригиналот
ШНЕНОКЛИ-многу вкусен десерт Состојки: -5 јајца -1л.млеко -6 с.л шеќер -2 с.л брашно -1 пудинг од ванила -3 кесички ванилин шеќер Подготовка: 45 мин.Едноставно 1.Да се одделат белки од жолтки.Од вкупната количина млеко да се одвои 1 шоља млеко.Во тенџере со дупло дно се става остатокот од млеко на тивок оган.За тоа време белките се матат со миксер за да се добие цврста пена. 2.Во топло млеко се става исклучиво само по 1 с.л од матените белки и по минута-две со продупчена лажица се вади и се става во стаклен сад.Не ставајте повеќе од 2 с.л од изматените белки истовремено бидејќи белките ќе нарастат 3.Кога сите нокли од белките ќе се зготват,изматете ги жолтките со шеќерот и со шеќерот од ванила.Посебно растопете пудинг од ванила со млеко,додадете брашно па помешајте со изматените јајца. 4.Смесата од брашно и јајца сипете ја во млеко каде што претходно сте ги подготвувале ноклите и гответе се додека филот не се згусне.Топлиот фил рамномерно прелијте го преку ноклите. Послужување: Десертот се служи млак или ладен.По желба можете да ставите јагоди-декоративно,да ги прелиете шненоклите со чоколадо за сладолед и слично. 1.Недекорирани шненокли 2.Декорирани шненокли Се надевам дека десертот ќе ви се допадне. Поздрав !
Девојки дајте ми рецепт ми треба за прелив за врз бајадера. Значи ја правам ептен убава ама тоа одозгора тенкиот слој не ми се свиѓа по мојот рецепт, па му ставав место тоа чоколаден прелив ама така кога ја сечам после ми испаѓа онака неубаво на изглед.
Ќе растопиш чоколадо за готвење со малку масло и ќе ја прелиеш бајадерата. Исто, може да направиш прелив од млеко, какао, шеќер и путер, само не ми текнува во кој сооднос беше. Јас ставам чоколадо за готвење на Краш со малку масло, супер излегува.
Dragi moi vo prilog vi isprakam edna torta koja lesno i brzo se pravi no i preubava e . Za ova ke vi bidat potrebni : Za pandispan : 4 jajca 50 g brasno 100 grana seker, i 50 grama gustin. za filot vi se potrebni 300g meleni napolitanki , 150g bademi i 150 g orevi ( meleni) , 500g slatka pavlaka 250ml mleko 4 lazici voda, i 1 paketce (10g) zelatin. So mikser gi matime jajcata go dodavame sekerot gustinot brasnoto i matime dodeka smesata ne se soednini.-go stavame vo tavce i pecime 30 min na 200 stepeni . Filot go prigotvuvame taka sto vo mal sad go stavame zelatinot so 4 lazici voda i mesame so lazica a potoa vo tenzere dodavame 250 ml mleko i zelatinot koj veke narasnal go dodavame sekerot (150g) i mesame se dodeka ne zovrie mlekoto , otkako ke zovrie go trgame i go stavame da se ladi. So mikser ja matime slatkata pavlaka i vo nea gi dodavame melenite orevi bademi i napolitankii mesame za smesata da se soedini.. Otkako mlekoto so zelatinot ke se izlagi go dodavame vo slatkata pavlaka i mesame. Vaka prigotveniot fil go stavame vrz testoto i go stavame vo ladilnik za da stegne . [mod-kirilica:vg5lyt9l][/mod-kirilica:vg5lyt9l]
http://www.homemadesimple.com/en-us/foo ... roons.aspx не сум ги правела но редовно им запишувам рецепти по нет
направивввввв ии преееубава беше, само мн блага, али океј е се изеде како и да е битно ги изненадив моите, прв пат у живот нешто вакво да напраам
Женски дали знаете рецепт да ми напишете како се прават Сини Минис (Cini Minis), колачиња печени со цимет и шеќер ?
Јас многу ги сакам оние колачинјата што се викаат "Чоколадна лава".Едноставно ги обожавам многу се лесни за правенје и вкусни.Ви предлагам да ги пробате ги има тука во рецептите на фемина проверете
ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ 250 гр мелено чоколадо 125 гр мелени бадеми 100 гр суво грозје 250 гр шеќер 5 лажици врела вода глазура: 100 гр шеќер 2 лажици топла вода 1 ќесичка ванилин шеќер -сите состојќи добро се мешаат и смесата се става во четвртесто тавче. кога ќе се олади се сече на коцки и се прелива со глазура направена од шеќерот изматен со топлата вода и ванилата. МЕДЕНИ КОЦКИ -50 гр мед 3 јајца 200 гр овесни снегулки 100 гр суви сливи 250 гр шеќер во прав 50 гр бадеми 50 гр маргарин 150 гр шеќер 100 гр урми 100 гр суво грозје 3 лажички сок од лимон -се загреваат медот и маргаринот. пенасто се матат јајцата и шеќерот. постепено се додаваат медот и маргаринот. кога е сето тоа добро измешано,постепено се додаваат овесните снегулки и брашното. во тестото се ставаат урмите и сувото грозје. на крајот се додаваат сечканите бадеми. во подмачкан плех,се става тестото и се пече во рерна на 200 степени околу 25 минути. во меѓувреме се мати шеќерот во прав и сокот од лимон,па се прелива преку колачот како глазура. кога ќе се олади колачот се сече на коцки. ПОСНИ КОМПИРЧИЊА 250 гр шеќер 250 гр бадеми 1 стапче ванила 2 поголеми компири 1 шолја какао -шеќерот се вари со малку вода. за време на варењето се вади пената,како кога се вари слатко. двата поголеми компира се печат во рерна, се лупат и се пасираат. се додава свареноит шеќер. потоа се додаваат мелените бадеми,какаото растворено со малку вода и ситно истолченото стапче ванила. се добро се меша. од смесата се прават компирчиња.секое парче се посипува од сите страни со кокосово брашно помешано со шеќер во прав. во нив се забодуваат ситно исечени,обарени и излупени бадеми. се ставаат во подметачи од хартија и се послужуваат.
ЧОКОБАДЕМИ Бадеми Чоколадо Малку маргарин или зејтин 2 лаж. (на 150гр.бадеми се става 100гр.чоколадо) Бадемите се сечкаат на долги тенки ленти, во еден сад на оган се растопува чоколадото и се става малку маргарин или зејтин откако ќе се растопи се трга од оганот и се додаваат бадемите се прават топчиња и се ставаат во замрзнувач да се зацврстат.
Корнфлекс Колачи 1 маргарин 100 грама шеќер 8 лажици мед 250 грама корнфлекс 100 грама сецкани ореви 2 кесички ванилен шеќер 100 грама сусам Во длабок сад се растопува маргаринот и шеќерот. Постепено се додава медот. Сето ова да се соедини. Се трга садот од оган и се додава корнфлексот, сецкани ореви, 2те ванили и сусамот. Сето тоа се меша да се соедини. На крај смесата се става во хартиени кошнички.
Девојки може ли некој рецепт кој не вклучува кикирики , ореви, лешници итн.. сакам да го изненадам дечкото со некој обични колачи "homemade" нешто поедноставно плизз фала однапред!