Здраво!Сака да ја изненадам мајка ми,сака да и направа неки колаци знаете ли некои во форма на срце.Ако знаете ве молам да ми го напишете рецептот и слика да ми пратите.
можеш да направиш чоколадни бомбици тие се брзи а и мене лично многу ми се убави, побарај во темата бомбици ако ги нема таму пиши ми ке ти ја дадам рецептата
^^ Еве го рецептот што го имам пишано неколку страни поназад,многу испаѓаат убави и вкусни се...Малце излегуваат ама се Ги сликав денес,откако ги направив.. Само денес зедов уште една чоколада ја растопив и ги направив пола со кокос пола со чоколадо
Сусам колачи 50 грама Чоколадо 100 грама Сусам 50 грама Локум *Во подлабок сад го ставаме локумот исечен, исеченото чоколадо, и сусамот претходно пропржен во тава. Смесата ја замесуваме со рака.
Вкусен солен колач од јогурт Потребни состојки: - 4 јајца - 4 дл јогурт - Брашно - 1 лажица пециво - 1 дл масло - 250 гр сецкана шунка - 250 гр рендан кашкавал - 3-4 сецкани кисели краставички - 150 гр маслинки - Зачини Подготовка: Изматете ги јајцата, јогуртот, па додајте го брашното – по потреба за да добиете густа смеса, пецивото и продолжете да матите додека не добиете убава смеса. Ставете го и маслото и мешајте додека не се изедначи со останатата смеса. Потоа додадете ги исецканиот кашкавал, кисели краставички, маслинки и шунка. Зачинете и ставете малку оригано. Смесата сипете ја во плех, во кој претходно ставивте хартија за печење. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 45 минути.
колачи со сало 3 јајца 1/4 сало (не топено) 250 г шеќер 1 пециво 1 ванила брачно по потреба месите тесто да биде меко колку ресичката на увото и развлекувате кора во дебелина на прстот потоа сечете со калачиња во различни фиури, ги редите на плех и печете на тивок оган, не треба да добијат жолта боја туку да бидат бели и рофки , одозора редите мелен шеќер
Домашни Ferrero Rocher Потребно : - 100 г. лешник наполитанки - 200 г. Нутела - 150 г. сецкани лешници - 100 г. темно чоколадо ( за глазура ) - малку масло ( за глазура ) Наполитанките се кршат во еден сад, се додаваат сецканите ( дробени ) лешници и Нутелата и се прави хомогена смеса, која иде во фрижидер да се стегне некои саат - два . После од истата се формираат топчиња , кои пожелно е повторно да ги ставите во фрижидер додека ја правите глазурата. Чоколадото се топи на пареа со неколку капки масло , да му даде сјај , и откако ќе биде готово, со чепкалица ( според мене најубаво ) се потопуваат претходно направените топчиња и ги редите во корпички или пак дирекно на некој послужовник Не знам дали некој ги има постирано порано, ама преубави се, пред се лесни и брзи за правење
Девојки едно прашање... ќе правам од овие чајни колачи па сакам одозгора да бидат крцкави со шеќер сега не знам дали вака да направам: откако ќе ги извадам формите на плех да го наросам секое колаче со шеќер и дали да биде со обичен или пак со шеќер во прав? Одговор ако може побрзо Thanksss
Oбичен шеќер не во прав ама откако ќе ги испечеш да ги наросиш, зашто вака ќе ти се стопи шеќерот ако ги печеш со шеќер
^ Вечер ќе ги правам па ќе направам така, ќе ставам шеќер отпосле. До душа секако е рецептот со шеќер во прав се наросуваат (како ванилиците) но овојпат веднаш штом ги вадам од рерна ќе ги поросам со шеќер. Фала Славица
Слатки срца Потребни состојки малку Сол 50 грама Путер 1 кесичка/ки Прашак за печиво 150 милилитри Млеко малку Кора од лимон 2 лажица/ци Масло 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер 250 грама Брашно 1 Јајца/це 60 грама Шеќер Путерот се сецка во брашното во кое веќе е ставен прашакот за пециво. Се додаваат јајцето, ванилниот шеќер, шеќерот, солта, сецканата кора од лимон и млекото. Се меси мазно тестото, се развлекува во кора и се сечат колачиња во облик на срце. Се печат во подмачкано тавче. Спојлер извор www.kulinar.mk
Шампита Пандишпан:Се матат 6 жолчки со 6 лажици шеќер. Во изматените жолчки и шеќер додаваме 2 лажици зејтин, 6 лажици брашно и 1 лажица прашок за пециво и мешаме со голема лажица, се додека се соедини смесата и печиме дваесеттина минути на 180 степени. Фил:Се матат 6 белки. Потоа се става во друг сад 500г шеќер со малку вода колку да се натопи само шеќерот да се растопи, и готово е кога ќе се направи целото меурчиња. Растопениот шеќер полека додавајте го во изматените белки и матите со миксерот се додека не почувствувате дека лопатките тешко се движат и оставаат длабоки трагови. Филот нанесете го на пандишпанот, оладете го и сечeте.
јас правам едни со таан алва и кикиритки ама ставам и урми незнам дали мислиш на овие ама како и да е еве го рецептот... њ 250 g Кикиритки (Толчени печени кикиритки) 250 g Таан алва 250 g Урми (Сецкани урми) 3 T Шеќер 2 T Вода 1 pk Кокос (Се става колку што е потребно) 50 g Ореви (По желба) ж Кикиритките, алвата и урмите се замесуваат со шербетот (претходно подготвен од шеќерот и водата). Така добиената смеса се валка во кокос, ореви и сл зависи кој како си сака
Англиски колачиња Потребно: - 250 г маргарин - 170 г шеќер - 100 г чоколадо сецкано на коцкички - 100 г мелени ореви (може и лешници) - 450 г брашно - 100 г суво грозје (или некое друго суво овошје) - 2 јајца - 1 пециво Подготовка:Сите состојки се замесуваат. Потоа тестото се плеска и се рассукува. На крај, со модли се сечат фигури и се печат. Едноставни а превкусни
Праски Состојки- -3 јајца -3 шољи шеќер во прав -3 шољи масло -1 прашок за пециво -брашно по потреба -1 шоља вода -1/4 маргарин -1 чоколада за готвење Подготовка Убаво се бијат 3 јајца со 3 шољи шеќер во прав, се додаваат 3 шољи масло, прашак за пециво и брашното по потреба (да не се лепи тестото). Се меси убаво и се прават мали топчиња колку орев и се печат на загреана рерна на 200 степени. Откако ќе се испечат се длабат со нож и трошките се тргаат на страна за филот. За филот трошките со една шоља вода и пола шоља шеќер се оставаат да зовријат на оган заедно со 1/4 маргаринм и 1 чоколадо. се полнат половинките и се лепат по 2. За украсување се прави блага вода и се турива некој екстракт и се мачкаат праските и се посипуваат со шеќер.
еве ке се цитирам самата го пронајдов рецептот па да го поделам овде 1 кг лупени кикиритки (сецкани или толчени со сукало) 500гр бела таан алва 1 маргарин 800гр ккиритки се меат со алвара и потоа се додава и маргаринот и се заедно се замесува да се спои се формираат мали топчиња кои се валкаат во сецканите кикиритки и се ставаат во корпички испагаат многу околу 70 бомбици па можете да направите половина доза преубави се и за 15 минути се прават
Еве еден колач кој го направи мама пред некој ден и многу ме бендиса, и го пишував на другарка па да го споделам и со вас. „Колач со јаболко без јајце“ 16 лажици врела вода 17 лажици шеќер 16 лажици брашно 4 лажици гриз 2 дл(мојата чаша аква) масло 1 пециво 1 ванила 1 јаболко рендано *Се става цимет по желба. Сите состојки се мешаат во еден сад. Се пече во загреана рерна на 220степени,а потоа се намалува на 200степени. Одозгора се става прав шеќер.